Маж живеел две години со најболната медицинска состојба- симптомите се застрашувачки - Канал 5

Маж живеел две години со најболната медицинска состојба- симптомите се застрашувачки

Болката била толку интензивна што ја опишал како некој „да му става шрафцигер во лицето“. Во најлошиот од нападите, Гервин Тамелти мислел дека „не сака повеќе да живее“.

Маж живеел две години со најболната медицинска состојба- симптомите се застрашувачки

52-годишникот вели дека неговите деца се навикнале на тоа одеднаш да станува од масата среде оброк, бидејќи еден залак храна може да предизвика неподнослива агонија.

Често дијагностициран како забоболка

Тамелти страдал од тригеминална невралгија, состојба што Здружението за тригеминална невралгија во Велика Британија ја опишува како „најболната состојба позната на модерната медицина“.

Се јавува кога тригеминалниот нерв, кој пренесува чувства на болка и допир од лицето, забите и устата до мозокот, е компресиран или „стиснат“ од крвен сад во черепот.

Состојбата често се погрешно дијагностицира како забоболка, а нападите можат да бидат предизвикани дури и од најбезопасните стимули - допирање на лицето, миење, џвакање, миење заби, па дури и лесен ветрец.

Здравствени проблеми му го „одзедоа“ животот

Според Британскиот Национален институт за здравство, околу осум од 100.000 луѓе годишно страдаат од тригеминална невралгија.

„Имав остри болки во вилицата, како електрични шокови“, опиша Тамелти, кој живее во Понтардулас, во близина на Свонси во Велс.

Се соочил со здравствени проблеми во 2017 година, кои набрзо му го „одзедоа“ животот. Во текот на следните две години, болката беше секојдневна, а очајот се зголемуваше, објавува Би-Би-Си.

„Само сакав да исчезнам. Единственото нешто што ме спречуваше беше помислата на моето семејство и како тоа ќе влијае врз нив. Но, не видов крај на страдањето. Тоа беше период на очај“, рече тој.

Нападите на болка траеја од неколку секунди до две минути, додека во потешки случаи симптомите се случуваат стотици пати на ден!

Неврохируршка интервенција

Откако дури и едноставен оброк му предизвикал неподнослива болка, Тамелти бил подложен на неврохируршка интервенција во 2019 година.

Постапката се изведува под општа анестезија и вклучува отворање на черепот и отстранување на мало парче коска за да се намали притисокот врз нервот што ја предизвикува болката.

Операцијата носи ризици - вклучувајќи вкочанетост на лицето, губење на слухот, мозочен удар, па дури и смрт, што се јавува кај околу еден од 1000 случаи.

Сепак, тоа е методот што обезбедува најдолготрајно олеснување. Студиите покажуваат дека болката се враќа кај околу 30 проценти од пациентите во рок од 10 до 20 години по операцијата.

Психолошките ефекти не исчезнаа веднаш

Во случајот на Тамелти, сè помина добро и тој се опорави извонредно добро.

Операцијата ја отстрани физичката болка, но психолошките ефекти не исчезнаа веднаш. Во 2022 година, црните мисли, кои првично ги криеше од другите, повторно се појавија.

„За среќа, имав пријатели со кои можев да разговарам. Никогаш порано не зборував за тоа. Се отворив“, рече тој.

Пресвртот се случил за време на собирање со поранешни колеги од морнарицата, кога за прв пат отворено проговорил за своите чувства. Како што вели, тоа му го променило животот.

Секое утро прави „нешто тешко“

Оттогаш, се посветил на здрав начин на живот, физичка активност и поминување време во природа. Го завршил Лондонскиот маратон и планинарел во Мароко, но најголемата промена што ја направил е во неговата дневна рутина.

Секое утро прави „нешто тешко“, најчесто правејќи ледени бањи на терасата.

„Потребна е дисциплина и рутина, но ме подготвува да се соочам со денот и животот“, заклучува Тамелти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО

Министерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО (Група држави против корупцијата) при Советот на Европа, кој од 2 до 6 ноември 2026 година престојува во земјава.

Министерството за правда е домаќин на експертскиот тим на ГРЕКО

Посетата се реализира во рамки на шестиот евалуациски круг на ГРЕКО, кој е посветен на спречувањето на корупцијата и промовирањето на интегритетот на локално ниво.

Во рамки на евалуацискиот процес, експертскиот тим ќе оствари средби со претставници на надлежните институции и други релевантни чинители, со цел оценување на постојните антикорупциски механизми, идентификување на предизвиците и утврдување на можностите за нивно унапредување.

Министерството за правда ја истакнува важноста на соработката со ГРЕКО и Советот на Европа во насока на зајакнување на институционалниот интегритет, транспарентноста, отчетноста и владеењето на правото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција

По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово е целосно реновиран и повторно ставен во функција за потребите на македонската полиција.

Тошковски: По повеќе од 15 години запуштеност и негрижа, базенот во Полициската академија во Идризово повторно е во функција

Објектот, кој повеќе од деценија и пол беше надвор од употреба, со инвестиција од околу 5,7 милиони денари е обновен и оспособен за неполни три месеци.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посети Полициската академија во Идризово, каде што имаше можност да се увери во функционалноста на обновениот базен, во кој веќе се вршеше проверка на пливачките способности на кандидатите за прием во Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

Повеќе од 15 години овој значаен објект стоеше запуштен, а генерации полициски службеници беа лишени од можноста да го користат за обука и професионално усовршување. Денес, наместо запуштен и нефункционален објект, Полициската академија располага со целосно реновиран базен, повторно ставен во служба на полициската обука и подготовката на припадниците на Министерството за внатрешни работи.

„Објект што повеќе од 15 години стоел запуштен, го вративме во функција за неполни три месеци. Тоа е разликата меѓу негрижата и конкретните резултати. Со инвестиција од околу 5,7 милиони денари обезбедивме услови овој базен повторно да им служи на полициските службеници, за нивна обука, усовршување и одржување на физичката подготвеност“, истакна министерот Тошковски.

Обновениот базен ќе се користи за обука на идните полицајци, специјализирани тренинзи на полициските единици, спасувачки вежби и одржување на физичката подготвеност на полициските службеници. Со неговото повторно ставање во функција се создаваат дополнителни услови за унапредување на професионалните способности и подготвеноста на македонската полиција.

Базенот има и посебно место во македонската филмска историја. Токму во овој објект во 1977 година се снимале сцени од култниот македонски филм „Исправи се, Делфина“, инспириран од големиот спортски подвиг на Атина Бојаџи.

Повторното ставање во функција на базенот е дел од пошироките инвестиции во модернизацијата на македонската полиција. Во изминатиот период значително е обновен комплексот на Полициската академија во Идризово, повторно е вратено Средното полициско училиште, набавени се нови полициски возила, а наскоро се очекува и пристигнувањето на новите, целосно ребрендирани и висококвалитетни полициски униформи.

„Продолжуваме да вложуваме во знаењето, подготвеноста и професионалниот развој на полициските службеници, затоа што вложувањето во нив е вложување во посилна полиција и побезбедна Македонија“, порача министерот Тошковски.

Министерството за внатрешни работи продолжува со конкретни инвестиции во полициската инфраструктура, опремувањето и подобрувањето на условите за обука и работа, со цел натамошно јакнење на капацитетите на македонската полиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Алта банка купи и осигурување - дали се загрозени и полисите на граѓаните?

Алта банка преку нејзиниот сопственик Давор Мацура го купи осигурителното друштво ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра.

СДСМ: Алта банка купи и осигурување - дали се загрозени и полисите на граѓаните?

По купувањето го смени името во Алта Осигурување АД Скопје, а Мацура стана единствен сопственик со 100% од акциите со право на глас.

Се отвора прашањето дали се загрозени и осигурителните полиси на граѓаните?

Дали се загрозени покривања на штети од сообраќајни незгоди, автомобилско осигурување, возила, имот, куќи, станови?

Дали се загрозени исплатите на приватни осигурувања, патничко и здравствено осигурување, повреди при работа?

Дали се загрозени осигурувањата на деловни и индустриски објекти, машини и залихи?

Зошто се молчи за овие прашања?

Агенцијата за супервизија на осигурување дали презема нешто?

Дали по банкарскиот, ќе се разниша и осигурителниот сектор?

Мицкоски и Славевски дозволија влез на криминален капитал во Македонија и за нив мора да има истрага и кривична одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер