Маж загина кога топ ненадејно испука на велигденска прослава во Хрватска - Канал 5

Маж загина кога топ ненадејно испука на велигденска прослава во Хрватска

Во попладневните часови на Велигденски понеделник, во Двор Велики Табор, во областа на општина Десиниќ, се случи сериозна несреќа во која еден човек загина за време на традиционалното пукање со топ.

Маж загина кога топ ненадејно испука на велигденска прослава во Хрватска

Според информациите потврдени од читателите за Zagorje.com, сцените на местото на настанот беа исклучително шокантни.

Сведоци наведуваат дека топот не реагирал ниту пукал во неколку наврати. После тоа, бил испукан, но при следното полнење, дошло до ненадејна детонација.

Во тој момент, според очевидци, се случила фатална несреќа во која загинал човекот кој го управувал топот, објавува Večernji list.

„Ужасна сцена. Не можам ни да ви ја опишам. Ужас. Топот го растргна човекот на парчиња“, изјавил еден од сведоците за Zagorje.com.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти

Денес започна полагањето на државната матура за учебната 2025/2026 година.

Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти

Вкупно 14.587 матуранти се пријавени за полагање на испитите со кои го заокружуваат средното образование и стекнуваат услов за продолжување на високообразовните установи или за вклучување на пазарот на трудот.

Полагањето се спроведува во училиштата каде што се обезбедени сите законски и организациски услови, а дел од учениците, по барање на училиштата, полагаат во амфитеатрите на најблиските факултети.

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар, Даниела Михајловска го посетија Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде полагаат учениците од СУГС „Васил Антевски – Дрен“.

Во изјава за медиумите, министерката Јаневска на сите матуранти им посака успех во полагањето и истакна дека годинава матурата се реализира според нов концепт кој овозможува поправеден пристап кон оценувањето на учениците.

„За првпат државната матура се спроведува според новата Концепција која предвидува државна, стручна и уметничка матура. На овој начин учениците ќе бидат тестирани според наставните содржини што реално ги изучувале во текот на средното образование, што претставува значаен исчекор кон поголема правичност и еднакви можности за сите матуранти“, изјави Јаневска.

Информираше дека типот на матура може да се избере и во зависност од тоа дали и каде би сакал матурантот да продолжи да се надградува. Како што рече, високообразовните установи уште кон крајот на минатата година известија со каква матура еден ученик може да се запише на нивните студиски програми.

Матурантите денес го полагаат првиот од двата екстерни испити – странски јазик, математика или историја, во зависност од избраниот тип на матура. Вториот екстерен испит, по мајчин јазик, ќе се реализира на 11 и 12 јуни.

„Очекувам процесот да помине во најдобар ред и во фер атмосфера. Заедно со училиштата, тестаторите и набљудувачите работевме на создавање услови за регуларно спроведување на испитите. Ги повикувам учениците да се потпрат на сопственото знаење, бидејќи секој обид за препишување носи сериозни последици и може да го одложи стекнувањето на дипломата за цела година“, нагласи министерката.

Директорката на Државниот испитен центар, Михајловска информираше дека од вкупниот број пријавени матуранти, 12.184 се пријавиле да полагаат државна матура, 2.276 ученици за државна стручна матура и 127 се пријавени за државна уметничка матура.

„Организацијата на државната матура според новата Концепција, бара поголем ангажман, но Државниот испитен центар во координација со министерството и училиштата успешно ќе одговори на предизвикот, во чиј фокус се интересите на учениците“ изјави Михајловска.

За непречено и регуларно спроведување на матурата ангажирани се околу 2.500 тестатори и 200 набљудувачи. Резултатите ќе бидат објавени најдоцна еден месец по полагањето на вториот екстерен испит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Формула 1 останува во Лас Вегас сигурно до 2037 година

Формула 1 објави дека Големата награда на Лас Вегас ќе биде дел од Светското првенство најмалку уште 11 години, бидејќи е потпишан нов договор со важност до 2037 година.

Формула 1 останува во Лас Вегас сигурно до 2037 година

„Воодушевени сме што Формула 1 ќе продолжи во Лас Вегас уште многу години. Отсекогаш верувавме дека Лас Вегас ќе биде камен-темелник на нашето присуство во САД и ова продолжување нè поврзува со овој важен пазар на долг рок“, рече претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, пренесува официјалната веб-страница на Формула 1. ж

Лас Вегас ја освои трката во 2023 година, а досега се одржаа три, Макс Верстапен победи на две, а Џорџ Расел на една. За да се обезбеди успехот на проектот, Формула 1 инвестираше околу 500 милиони долари во купување земјиште во центарот на Лас Вегас, каде што беа изградени нов комплекс во боксот и падок.

Според податоците на Формула 1, Гран При на Лас Вегас генерираше вкупен економски ефект од 3,2 милијарди долари од 2023 година, додека само изданието во 2025 година му донесе на градот околу 43 милиони долари даночни приходи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Додека ВМРО-ДПМНЕ носи дипломатски победи за Македонија, СДС навива за уставни измени и редефинирање на македонската историја

Кај Венко Филипче и СДС е евидентна нервозата, затоа што Македонија конечно има позитивни резултати на меѓународен план.

Манасиевски: Додека ВМРО-ДПМНЕ носи дипломатски победи за Македонија, СДС навива за уставни измени и редефинирање на македонската историја

Нервозни се затоа што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека може да се води европска политика без понижување, без тргување со идентитетот и без прифаќање диктати на штета на македонските национални интереси.

Во само една недела Македонија доби силни потврди за правилната насока во којашто се движи државата.

Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, испрати јасна порака дека Македонија има опиплив напредок во исполнување на Реформската агенда. Македонија за првпат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за периодот 2027-2029 година. Ова е сериозен дипломатски успех што претставува доверба, препознаен капацитет како и меѓународна потврда за државата. Паралелно со ова, нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент испраќа важна порака дека Македонија останува јасно препознаена како европска држава која е посветена на реформите, регионалната стабилност и партнерството со ЕУ и НАТО. Да не го заборавиме и завршувањето на пост-мониторингот со Советот на Европа, со што Македонија ги исполнува сите демократски капацитети.

Почитувани граѓани,

Разликата е повеќе од јасна. Македонија денес е држава која гради партнерства, добива доверба и испорачува резултати. Тоа е разликата помеѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ, едните се прифаќаа, другите работат, едните би ја редефинирале македонската историја, а другите ја позиционираат Македонија како почитувана европска држава.

Затоа Филипче и СДС се нервозни и затоа им пречи секој успех. Им пречи што Македонија конечно оди напред.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер