Маж со мачета влегол во пекара во Германија- муштериите до смрт го претепале - Канал 5

Маж со мачета влегол во пекара во Германија- муштериите до смрт го претепале

Маж (38) со мачета во рака влегол во пекара во Германија, а набргу потоа бил претепан до смрт од петмина мажи.

Маж со мачета влегол во пекара во Германија- муштериите до смрт го претепале

Злосторството се случило во берлинскиот кварт Рајникендорф, каде загинал 38-годишен маж, а полицијата уапсила неколку осомничени. Сведоците велат дека жртвата била вклучена во насилен конфликт пред неговата смрт, објави Берлинер Цајтунг.

Утрово околу осум часот, случајни минувачи нашле маж на тротоарот на Вализер Штрасе без знаци на живот. Брзата помош и полицијата брзо интервенирале, но сите обиди за реанимација биле неуспешни. Според очевидци, непосредно пред инцидентот се слушнала гласна расправија, а некои виделе повеќе луѓе како ја напаѓаат жртвата.

Полицијата: Конфликтите сѐ повеќе се решаваат со екстремно насилство

Според полициски извори, жртвата наводно со мачета влегла во блиската пекара, што довело до ескалација на конфликтот. Подоцна, група мажи ја претепале жртвата со безбол палки, по што тој починал.

„Петмина мажи на возраст од 24, 37, 39, 50 и 57 години биле во непосредна близина и привремено се уапсени“, соопшти полицијата.

Инспекторите веруваат дека жртвата била бездомник. Во текот на утрото местото на злосторството било целосно блокирано, а форензичарите внимателно ги собраа доказите. Формиран е специјален истражен тим кој детално ќе ги истражува сите околности на убиството.

Полициските синдикати изразија загриженост поради сѐ почестите инциденти на насилство во Берлин.

„Ова е уште еден трагичен пример за тоа како конфликтите често се решаваат со екстремно насилство. Се надеваме на брзо и целосно решение за овој случај“, рече портпаролот на полицијата. Засега не се познати дополнителни детали за мотивот и идентитетот на жртвата.

Камавинга и Алаба нема да играат против Барселона во финалето на Копа дел Реј

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, објави дека играчот од средниот ред Едуардо Камавинга и дефанзивецот Давид Алаба нема да играат во финалето на Купот на Кралот против Барселона.

Камавинга и Алаба нема да играат против Барселона во финалето на Копа дел Реј

-Камавинга и Давид Алаба имаат мускулни повреди. Никој не очекува и двајцата да бидат подготвени за натпреварот против Барселона, објави тренерот на „Кралскиот клуб“ Карло Анчелоти.

Тој исто така истакна дека дефанзивецот Ферланд Менди нема да може да му помогне на тимот од Мадрид.

Финалето на Копа дел Реј 2025 година помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одржи во сабота на 26 април.

Песков: Оставката на Зеленски не е меѓу барањата на Русија

Оставката на украинскиот претседател Володимир Зеленски не е меѓу барањата на Русија, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во интервју за францускиот магазин „ Поан“.

Песков: Оставката на Зеленски не е меѓу барањата на Русија

„Но, дури и ако договорот (мировен) со Зеленски беше потпишан денеска, подоцна во Украина може да се појават луѓе кои би можеле да го оспорат, доведувајќи го во прашање неговиот легитимитет“, рече Песков, кој верува дека сите документи потпишани од Зеленски може да бидат непризнаени поради проблеми со неговиот легитимитет.

Според Песков, сомнежите „се поврзани со воената ситуација и некои членови од украинскиот Устав“, пренесуваат руските медиуми.

Тој тврди дека Зеленски „не ги контролира сите формации на вооружените сили на Украина“.

„Зеленски, а тоа е добро познато, не ги контролира сите негови дивизии“, рече тој и додаде дека „некои националистички баталјони не му се покоруваат и тоа е голем проблем“.

Песков додаде дека Зеленски ги вовлекол Европа и САД во војна против Русија и го претставува Киев како центар на се што е „антируско“ на Земјата.

„Зеленски беше избран за претседател благодарение на неговото ветување дека ќе стави крај на граѓанската војна. Дали го направи тоа? Не. Украина не тргна по овој пат. Напротив, тие решија да ги вовлечат Европа и Америка во војната и да се претстават како центар на сè што е „антируско“ на оваа Земја“, рече Песков во интервјуто за „Поан“.

Хјустон израмни во серијата со Голден Стејт

Хјустон ноќеска го победи го победи Голден Стејт со 109:94 во вториот натпревар од првото коло на НБА плејофот.

Хјустон израмни во серијата со Голден Стејт

Најефикасен кошаркар на натпреварот беше Џејлен Грин, кој постигна 38 поени и тој е најзаслужен за триумфот на домашниот тим.

Третиот натпревар од серијата ќе се одигра на теренот на Голден Стејт на 27 април.

Резултатот во серијата прв до четири победи сега е 1:1.

На другите две средби одиграни ноќта среда кон четврток постигнати се овие резултати:

Бостон селтикс – Орландо меџик 109:100 (2:0 во серијата)

Кливленд кавалирс – Мајами хит 121:112 (2:0 во серијата).

притисни ентер