ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст
1ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст
СветМаж се сплетка со јаже и падна од запален балон- пред смртта направи херојски потег (ВИДЕО)Застрашувачко видео го долови трагичниот момент кога еден човек падна и загина откако висеше на јаже од балон на топол воздух што гори.Трагедијата се случила во неделата на Првиот фестивал на балони во градот Закатекас, Мексико, потврди на социјалните мрежи Родриго Рејес Мугерза, генерален секретар на Закатекас. Застрашувачко видео прикажува балон на топол воздух како лета со долната страна во пламен. Од балонот се крева чад, додека едно лице може да се види како виси на јаже високо во воздухот. Мугерза изјави дека еден учесник „го загубил животот по несреќен инцидент“ додека бил во балонот, објави Дејли меил. „Надлежните служби веднаш пристигнаа на местото на настанот за да му пружат помош и поддршка на повредениот“, изјави Мугерза, додавајќи дека истрагата е во тек. Човекот починал од повредите, а локалниот медиум „Ривиера Маја њуз“ го идентификувал како 40-годишен маж по име Лусио Н. Според извештаите, тој бил во балон со уште две лица кога избувнал пожарот, додека тие сè уште биле на земја. Лусио наводно им помогнал на другите патници да избегаат, но се заплеткал во јажето додека балонот почнал да се крева. Тој бил кренат во воздух, обесен на јаже, а потоа паднал. Шокантното видео стана вирално на социјалните мрежи, а многумина изразија ужас откако го видоа човекот како паѓа и умира. Ве предупредуваме дека видеото е вознемирувачко! „Овој човек е херој. Токму затоа не се занимавам со балони на топол воздух“, гласеше еден коментар. „Срцекршачко. Неговиот последен чин беше храбар и несебичен. Нека почива во мир“, напиша друг корисник. „Каква трагична и херојска приказна. Последниот чин на несебичност на Луси, обидувајќи се да ги спаси другите додека се соочуваше со сопствената смрт, зборува многу за силата на човечкиот дух. Почивај во мир. Неговата храброст нема да биде заборавена“, додаде трет. „Дејли меил“ контактираше со канцеларијата на државниот обвинител на Закатекас за дополнителни информации за случајот, но до моментот на објавување не добиле одговор. Иако балоните со топол воздух можат да бидат опасни, несреќите ретко се фатални. Студијата на Gitnux наведува дека стапката на смртност е помала од 0,01% по лет. Податоците од Gitnux тврдат дека балоните на топол воздух се побезбедни од другите форми на воздушен сообраќај, со приближно 1-2 несреќи на 100.000 летови.Тагови: јаже балон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
ЖивотХакерски напад врз ЦИА и Американската разузнавачка служба, се сомнева на кинеско потеклоЦИА и канцеларијата на Директорот на националното разузнавање на САД биле цел на хакерски напад во кој биле засегнати некласифицирани информации,пренесува Си Ен Ен. Нападот погодил систем што агенциите го користат за анализа на разузнавачки информации од отворени извори.Првичните индикации упатуваат дека нападот можеби потекнува од Кина, но не е утврдено дали е вмешана кинеската влада. Американските власти потврдија дека класифицираните информации и критичните системи не биле засегнати.Засега не е познато кога се случил нападот, ниту дали безбедносниот проблем е целосно решен. Инцидентот не е поврзан со неодамнешниот хакерски напад врз националната база на податоци на ФБИ. Ова се случува во период на низа сајбер-инциденти и технички прекини во американските институции.Минатата недела повеќе денови била во прекин и високо доверливата комуникациска мрежа на националната агенција за безбедност .Тагови: хакери ЦИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот растЗа капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари, односно околу 663 милиони евра, со што се создава финансиска основа за реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на условите за живот и работа на граѓаните.Значаен дел од планираните средства се насочени кон изградба и модернизација на патната инфраструктура. Преку Јавното претпријатие за државни патишта, се планирани дополнителни 18 милијарди денари инвестиции, од кои над 12 милијарди денари се наменети за изградба на автопатските делници Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани и Прилеп – Битола, во рамки на стратешките коридори 8 и 10д. Паралелно, ќе продолжи реализацијата и на автопатските делници Кичево – Охрид, Кичево – Букојчани и Скопје – Блаце, кои се од особено значење за подобрување на регионалната поврзаност, зголемување на безбедноста во сообраќајот и олеснување на транспортот на стоки и услуги. Дополнителен приоритет во Буџетот за 2027 година е развојот на железничката инфраструктура, за што се предвидени 6,2 милијарди денари, што е раст од скоро 54% во однос на претходната година со што ќе продолжи изградбата на железничката делница Бељаковце – Крива Паланка, а планирани се и активности за делницата Крива Паланка – границата со Бугарија. Покрај транспортната инфраструктура, значајни средства се насочуваат и кон подобрување на комуналната инфраструктура и заштитата на животната средина, при што продолжуваат активностите за реализација на пречистителните станици во Скопје, Тетово и Битола, а планирани се и проекти во Велес, Штип и Виница. Поддршката на економскиот развој останува еден од клучните приоритети, при што за владината програма „Економски развој“ во 2027 година се предвидени 9,7 милијарди денари, што е зголемување од 30,5% во споредба со 2026 година кои ќе бидат насочени кон поттикнување на инвестициската активност, привлекување нови инвеститори и создавање подобри услови за раст и развој на домашните компании. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со одговорно управување со јавните финансии, зајакнување на економската стабилност и создавање поволна клима за нови инвестиции, развој на домашното стопанство и отворање нови работни места. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО - ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има - Обвинителството да постапуваЗа влезот на Алта банка во Македонија, пералницата за пари на Вучиќ, мора да има и кривична и политичка одговорност.СДСМ поднесе интерпелација за работата на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Бараме Собранието, како орган којшто го избира, да утврди политичка одговорност за постапката со која на Алта банка Белград ѝ беше дадена согласност за стекнување квалификувано учество во тогашната Стопанска банка Битола. Знаеме кој ѝ ја отвори вратата на Алта банка во Македонија, тоа се Мицкоски и Трајко Славески. Имаме јавно признание од Славески дека се консултирал со Мицкоски. Што разговарале Мицкоски и Славески за Алта банка? За Давор Мацура? Со која надлежност Мицкоски давал насоки а Славески ги слушал? СДСМ поднесе и кривични пријави за скандалот со Алта банка. Веќе 10 дена го повикуваме Јавното обвинителство да се вклучи, да отвори истрага и да има и кривична одговорност. Не може во Србија да има истрага, стечај, приведен сопственик, да се истражуваат 380 милиони евра а кај нас да нема ништо. Непостапувањето значи соучешништво, затоа што се создава простор да се уништат докази, сметки, транасакции. Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво од страна на Давор Мацура, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло? Време е за вистина, време е за правда, време е за одговорност за Алта банка. Скопје, 25.11.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter