Седум фитнес придобивки од прескокнувањето јаже: Изгледа како детска игра, а е далеку од тоа - Канал 5

Седум фитнес придобивки од прескокнувањето јаже: Изгледа како детска игра, а е далеку од тоа

Скокањето со јаже порано се сметаше за забава за девојчиња од училишна возраст, но постои добра причина - или подобро кажано, неколку добри причини што јажето е омилено средство и кај оние што тренираат бокс.

Седум фитнес придобивки од прескокнувањето јаже: Изгледа како детска игра, а е далеку од тоа

Скокањето со јаже е одлична опција за секој што сака да го подобри својот режим на вежбање. Но, на самиот почеток, неопходно е да се напомене дека лекарите советуваат да внимавате доколку имате ортопедски проблеми со стапалата, глуждовите, грбот или колената. Исто така, ако последните три месеци сте ги поминале седејќи, можеби е паметно да започнете со полесно кардио вежби за прво да изградите аеробна база.

Тоа е затоа што прескокнувањето јаже може да изгледа лесно, но воопшто не е.

1. Го подобрува здравјето на коските

Скокањето со јаже е одлична вежба која ќе ви помогне да изградите и одржувате силен скелет во текот на животот. Тоа е вежба со оптоварување, односно вежба која бара од вас тежината да ја префрлите на вашиот скелет и затоа прескокнувањето јаже помага во подобрување на здравјето на коските.

Според д-р Вилијам Робертс, директор на Програмата за спортска медицина на Медицинскиот факултет на универзитетот во Минесота, оваа вежба е одлична за одржување на густината на коските во позрели години, а може да има уште поголемо влијание кај младите зашто помага во развојот на коските.

- Сакаме да ги поттикнеме ваквите активности во пубертетот, особено кај младите жени, за да го достигнат врвот на коскената густина, бидејќи е многу потешко да се зголеми коскената густина по дваесеттата година - истакнува докторот и додава дека скокањето јаже може да помогне во подобрување на здравјето на коските кај жените во постменопауза, демографската група која најмногу страда од остеопороза.

2. Може да помогне во спречувањето повреди

Колку е посилна коската, толку потешко се крши. Ова е една од причините зошто прескокнувањето јаже помага во спречувањето повреди.

На пример, оние кои страдаат од остеопороза лесно можат да скршат коска по пад или дури и за време на секојдневните активности, како што е наведнување. Колку повеќе вежби со оптоварување се применуваат, како што е скокањето јаже, во сите фази од животот, толку е помала веројатноста да развиете остеопороза или да ги скршите коски при полесни незгоди.

Скокањето со јаже може да спречи и повреди на скочниот зглоб, бидејќи ги зајакнува мускулите што го поддржуваат.

3. Го подобрува здравјето на кардиореспираторниот систем

Експертите веруваат дека прескокнувањето јаже е исто така одлична кардиореспираторна вежба, бидејќи отчукувањата на срцето за време на прескокнувањето може да бидат многу повисоки отколку за време на други кардио тренинзи како што се пешачење, џогирање или возење велосипед.

Кардиоваскуларните вежби не се добри само за срцето и белите дробови. Тие помагаат да се спречи зголемувањето на телесната тежина, високиот крвен притисок и бројни други клинички состојби.

4. Ја подобрува координацијата и рамнотежата

Координацијата е клучна за успешно скокање со јаже - особено помеѓу рацете, стапалата и очите - така што повторувањето на оваа вежба може да ја подобри вашата целокупна координација.

- Скокањето со јаже не е лесно. Потребен е фокус и свесност за сопственото тело. Исто така, ја подобрува рамнотежата, што е една од причините зошто боксерите тренираат со јаже. Ако немате добра координација, скокањето со јаже може да биде многу тешко на почетокот - објаснува д-р Робертс.

5. Согорува калории

Додека скокате јаже, ќе согорите помеѓу 667 и 990 калории на час. Истражувањата ја поддржуваат идејата дека со скокањето со јаже се согоруваат повеќе калории отколку со трчањето.

- Скокањето со јаже има вредност MET од 11 (мерка која се користи за проценка на количината на енергија што се троши при една активност), додека трчањето со брзина од 8 км/ч има MET вредност од 8,3. Само трчање со брзина од 11 км/ч има MET вредност од 11, што е еквивалентно со потрошената енергија при прескокнување јаже за истото време. Со други зборови, треба да трчате прилично брзо за да потрошите подеднакво калории како при скокање со јаже - известува Метју Стултс-Колемајнен, клинички физиолог.

6. Помага во зајакнување на рамената

Од перспектива на сила и тонирање мускули, повеќето физички придобивки од скокањето со јаже се фокусирани на јадрото и долниот дел од телото; сепак, тоа може да помогне и во зајакнување на рамената. Според наодите од една мала студија објавена во списанието Human Kinetics, учесниците поминале 12 неделни тренинзи со трамбулина и завршиле со посилни зглобови на рамената и зголемена подвижност.

Прескокнувањето исто така ја подобрува еластичноста на тетивите и фасцијата (т.е. сврзното ткиво) што ги опкружува, што помага подобро да се складира енергијата.

7. Опремата е достапна и пренослива

Најголемата предност на овој метод на вежбање е тоа што можете да скокате со јаже каде било. Јажето за скокање не зазема простор, тоа е супер лесно и го собира во секоја мала торба, што го прави уште поудобно за користење додека патувате. И не ви треба огромен простор за скокање.

Совршено е и за на отворено, што значи дека ако немате простор во вашиот дом, сепак кога времето е убаво може да уживате во придобивките од скокањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајни од врвните експерти за просторот да зрачи со чист луксуз!

Со вистински насоки, секој дом може да зрачи со елеганција и хармонија.

 Тајни од врвните експерти за просторот да зрачи со чист луксуз!

Домовите на дизајнерите за ентериер често делуваат посмирено, пофункционално и поскладно од просечните домови. Не затоа што располагаат со неограничен буџет, туку зашто избегнуваат грешки кои секојдневно ги гледаат кај своите клиенти. Нивните одлуки не се импулсивни, зад секој избор постои логика, искуство и јасна намера.

Еве кои навики свесно ги прескокнуваат, а кои може да ги примените во својот дом, било да станува збор за нова градба или стара градска зграда.

Не почнуваат од боите на ѕидовите

Една од почетните грешки е бојата на ѕидовите да се избере на самиот почеток. Дизајнерите речиси никогаш не прават така зашто нијанси има безброј, па полесно е да се прилагоди бојата на ѕидот на мебелот и текстурата отколку обратно.

Наместо да го затворат просторот со погрешна нијанса на сина или сива, прво избираат тепих, завеса, софа, постелнина и трпезариска маса. Дури потоа, кога сите елементи ќе легнат на свое место, бараат тон што ќе ги поврзе во целина.

За бојата размислуваат и преку атмосферата на просторот. Посветли, поенергични нијанси оставаат за дневните простори, додека потопли и посмирени тонови се резервирани за спалните. Во помалите станови, какви што има многу во големите градови, темни ѕидови на сите страни лесно може да го „изедат“ просторот, додека внимателно избрани светли нијанси го отвораат просторот и му даваат леснотија.

Не купуваат големи парчиња поради трендот

Професионалците во сопствениот дом ретко инвестираат во софа само затоа што е популарна на социјалните мрежи. Поголемите и скапи парчиња, како софа, шкаф, или трпезариска маса, ги избираат во неутрални бои и форми што траат.

Трендовите ги следат преку деталите: перници, ламби, вазни, ќебиња или постелнина. Така просторот може да го освежат без големи трошоци и без чувство дека наскоро мора да го менуваат целиот ентериер.

Не го претрпуваат просторот

Уште една работа што дизајнерите ја избегнуваат е нередот, премногу мебел и декорации. Дури и најубавото парче мебел ја губи вредноста ако нема „простор да дише“.

Постојат два едноставни теста: дали можете да се движите без да се удирате со ќошевите од мебелот и дали просторот изгледа хаотично штом ќе влезете во него.

Посебно се внимателни при комбинирање на примероците и темните тонови. Премногу принтови или темни површини во мал стан даваат чувство на тесен простор. Помали работи на видливи површини и внимателно избирање на боите често даваат подобар резултат од купот детали.

Функцијата пред естетиката

Кога избираат мебел за себе, дизајнерите прво се прашуваат кој ќе го користи и на кој начин. Дури потоа доаѓа естетиката.

Кај софите, на пример, поважна е удобноста, наслонот за грбот и издржливоста на материјалите, отколку самата боја. Ако во домот има деца или домашни миленици, лесното одржување е пресуден фактор при изборот на мебел.

Во малите станови, каде секој квадрат е драгоцен, секое парче мора да има цел. Убав и неупотреблив мебел само зазема простор и создава фрустрација.

Не избираат само една ламба

Осветлувањето за дизајнерите е клучно за атмосфера. Едно светло на плафонот речиси никогаш не е доволно.

Наместо тоа, комбинираат повеќе извори на светлина, лустер или ламба на плафонот со подни, столни ламби, ѕидни светилки и дискретни ЛЕД ленти. Осветлувањето му дава карактер на просторот. Интересен лустер во кујната или елегантна висечка лампа под креветот може целосно да го промени впечатокот, дури и кога останатиот мебел е едноставен.

Не го уредуваат домот за да биде „виден“

Најважна лекција: Дизајнерите не го уредуваат својот дом за да ги исполнат туѓите очекувања. Иако ги знаат правилата, дома често свесно ги кршат.

Наместо да се прашуваат што е исправно во моментот, тие размислуваат што навистина им годи. Ако тоа вклучува повеќе билки од вообичаено, полици со книги во куната или столица која не се вклопува совршено, но е најудобна, така и ќе биде.

Во становите во кои се мешаат наследени парчиња, нов мебел и пристапни набавки од големите синџири, токму тој опуштен пристап често дава најдобри резултати. Можеби таквиот простор не е совршен за социјалните мрежи, но е совршен за секојдневниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од ходникот се гледа каква среќа има во домот: Овие 5 работи носат беда и малер

Среќата во домот се гледа на влезот. Погледнете што не треба да чувате во ходникот.

 Од ходникот се гледа каква среќа има во домот: Овие 5 работи носат беда и малер

Според народните верувања, ходникот не е само место каде ги оставаме јакните, чевлите и клучевите, туку место каде почнува атмосферата во домот, а некои предмети може да донесат застој, малер и немир.

Што открива ходникот за домот?

Според народната традиција, оштетено огледало се поврзувало со немир и нарушена хармонија меѓу домашните. Затоа се советува таквото огледало веднаш да се отстрани и да се замени доколку забележите пукнатина.

Истото важи и за застанат часовник. Ако батеријата не работи, а сказалките стојат во исто место, таквиот предмет во домот симболизира застој. Работата не оди како што треба, плановите се одложуваат, а работите никако да тргнат на подобро.

Во ходникот нема место ни за свенато цвеќе, зашто според народните верувања тоа симболизира нешто што поминало и во што повеќе нема живот.

Без оглед на верувањата, овие работи прават ходникот да изгледа запуштено.

Скршените работи во ходникот привлекуваат лоша енергија.

Чадор со скршена жица, лабава закачалка за облека, чевли со одлепени ѓонови, или кој било друг предмет кој чека да биде „поправен“, сето тоа спаѓа во категоријата што често се спомнува во народните верувања поврзани за домот.

Според овие верувања оштетените предмети симболизираат нешто скршено или недовршено, затоа не се препорачува нивно чување во простории низ кои секојдневно поминувате.

Практичното правило е едноставно, ако нешто со месеци чека за поправка, одлучете кога ќе го поправите или изнесете го од домот.

Огледало поставено спроти врата се смета за лош знак. Во традицијата на фенг шуи, често се вели дека огледалото свртено кон влезната врата ја враќа енергијата назад низ вратата, па се препорачува тоа да стои на бочниот ѕид, а не наспроти влезната врата.

Во помалите станови тоа не може секогаш лесно да се изведе, но ако постои можност доволно е огледалото да се помести на страна. Така просторот ќе изгледа попростран.

Без оглед дали верувате во народните верувања или на нив гледате како на интересен дел од традицијата, едно е сигурно: уредниот ходник ослободен од непотребни работи го прави домот попријатен и попривлечен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Слушнале необични звуци под надгробен споменик, па почнала полициска акција- никој не очекувал што ќе откријат (ВИДЕО)

Мачка која три дена била заробена во гроб на гробиштата Фирлеј во полскиот град Радом била спасена по повеќедневна операција во која биле вклучени членови на градската гарда и општинските служби.

Слушнале необични звуци под надгробен споменик, па почнала полициска акција- никој не очекувал што ќе откријат (ВИДЕО)

Инцидентот се случил на 1 ноември, кога лице кое ги посетило гробиштата слушнало гласно мјаукање што доаѓало од под надгробен споменик, објавува порталот „Ехо Дња“.

Поставена е стапица во кафез

Сведокот веднаш ги известил надлежните органи, по што на местото на настанот пристигнале полицијата, вработените во гробиштата, претставници на организациите за заштита на животните и членовите на градската гарда.

Сопствениците на гробот дале согласност тој да се отвори за да се спаси животното.

Сепак, мачката се скрила во тешко достапен дел од гробот, па првиот обид бил неуспешен. Операцијата следниот ден исто така не дала резултати, бидејќи животното повторно избегало во подлабокиот дел од гробот.

Затоа, спасувачите одлучиле да остават стапица во кафез со храна за да ја привлечат мачката. Стратегијата се покажала како успешна и на 3 ноември, мачката се појавила од своето скривалиште и конечно била извлечена од гробот.

Благодарност до учесниците во операцијата

Заменик-командантот на градската гарда на Радом, Грегорж Самбор, изјави дека животното, и покрај тоа што било заробено и гладно три дена, било во многу добра состојба.

Мачката ќе биде прегледана во локална ветеринарна клиника, по што ќе биде префрлена во засолниште за животни, каде што ќе ѝ се најде нов дом.

Самбор им се заблагодари на сите што учествуваа во операцијата и нагласи дека трпението и оставањето на животното на мира биле клучни за успешно завршување на спасувањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер