Маж од Алабама ќе биде првиот погубен затвореник со употреба на азотен гас - Канал 5

Маж од Алабама ќе биде првиот погубен затвореник со употреба на азотен гас

Кенет Јуџин Смит ќе биде првиот човек кој ќе биде егзекутиран со азотна хипоксија, односно со администитање на азотен гас преку маска, лишувајќи го телото од кислород.

Маж од Алабама ќе биде првиот погубен затвореник со употреба на азотен гас

Државните власти тврдат дека смртта со азотен гас е хумана, безболна форма на егзекузија и дека лицето би изгубило свест, пред да го загуби животот. Од друга страна бранителите на Смит и повеќе активисти сметаат дека методот не е доволно истражен и е сурова казна, особено што ова ќе биде втор обид за екзекуција на Смит. во 2022 надлежните имаа неуспешен повеќечасовен обид за негово лишување од живот со смртоносна инекција бидејки не можеле да пристапат до вените. во интервју за BBC тој го осуди овој чин и изјави дека сеуште има трауми.

-Не е гасна комора, ниту нешто слично на тоа, само ви ставаат маска. Чувството е исто како да дишете нормален воздух, но за приближно 15тина секунди се онесвестувате, ја губите свеста и заспивате, а по неколку минути го губите животот,- Лорен Липинкот – член на законодавниот дом на Небраска.

-Имаме сенатор кој предлага користење на никогаш употребен метод на екзекуција. Со овој вид метод ќе започне цела нова серија судски спорови во врска со исправноста на тој начин на извршување,- Спајк Еликолт – Американска унија за граѓански слободи (ALCU).

Загрижени граѓани и активисти секојдневно протестираат пред затворот Холоман, но и на повеќе места низ државата. Усмртувањето со азотна хипосија го осудија и од Обединетите Нации од каде велат дека методот не го употребуваат ниту ветеринарите.

-Aмериканското ветеринарно медицинско здружение препорачува да се даде седатив дури и на големите животни кога се еутанизирани на овој начин, додека протоколот на Аламаба при извршување на асфиксија со азот не предвидува седација на човечки суштества пред егзекуцијата,- Равина Шамдсани - портпарол на канцеларијата на ОН.

58 годишниот Кенет Смит е зад решетки од 1988 година заради извршување нарачано убиство. Неговата Егзекуција според локалните медиуми ќе се случи вечерва во затворот Холоман во САД Алабама, откако Врховниот суд вчера го отрфрли барањето на Смит и на неговите адвокати за одложување на екзекуцијата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Езеро крие најневеројатен феномен на светот- на секои две секунди над него удираат громови (ВИДЕО)

Замислете место каде што громовите удираат 297 ноќи годишно, што трае до 10 часа на ден.

Езеро крие најневеројатен феномен на светот- на секои две секунди над него удираат громови (ВИДЕО)

Звучи како сцена од научно-фантастичен филм, но такво место навистина постои. Тоа е езерото Маракаибо во Венецуела, над кое се случува еден од најнеобичните природни феномени во светот - молњата Кататумбо (Relámpago del Catatumbo).

„Светилникот на Маракаибо“

Овој спектакуларен феномен е толку чест што се случува пет од секои шест ноќи. Понекогаш, за една минута се регистрирани речиси 30 удари на гром!

Езерото Маракаибо бележи 233 молњи на квадратен километар годишно, што го прави апсолутно светско жариште за атмосферски празнења, објавува Severe Weather.

Зошто громовите удираат тука толку често? Одговорот лежи во единствената комбинација на географски и климатски услови. Локацијата на езерото го фаворизира честото формирање на бури, а околните планини и топлиот, влажен воздух играат клучна улога во ова.

Во текот на ноќта, постуден воздух се спушта од планинските венци кои се дел од Андите и се судира со топол, влажен воздух над езерото. Овој судир на воздушни маси предизвикува развој на бури, особено во областа на устието на реката Кататумбо, каде што се влева во езерото Маракаибо.

Поради својата фреквенција, интензитет и регуларност, овој феномен е наречен и „Светилник на Маракаибо“. Молњата е видлива од растојание од неколку десетици километри и со векови е впечатлива знаменитост во оваа област.

YouTube video

„Континуирана молња“

Италијанскиот географ Агустин Кодачи еднаш ја опишал оваа сцена како „континуирана молња“, нагласувајќи дека феноменот се случува во таква позиција, речиси во правец на меридијанот на устието на езерото, што служи како „светилник“ за морнарите.

Поради својата речиси постојана активност, молњата Кататумбо е позната и како „Вечна бура“.

Пред да станат достапни поточни податоци, областа околу селото Кифука во Демократска Република Конго се сметаше за место со највисока фреквенција на удари од гром во светот.

Таму годишно се евидентираат 158 молњи на квадратен километар, што е значително помалку од 233-те што се припишуваат на езерото Маракаибо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пакистан испраќа војска во Саудиска Арабија- договорот е потпишан уште во август

Пакистан ќе испрати војници во Саудиска Арабија за да помогне во зајакнувањето на одбранбените капацитети на земјата во услови на ескалација на нападите од страна на јеменските бунтовници Хути, соопшти денеска пакистанската војска.

Пакистан испраќа војска во Саудиска Арабија- договорот е потпишан уште во август

Во соопштението се вели дека пакистанските војници ќе бидат распоредени во Саудиска Арабија во согласност со постојните договори за одбранбена соработка, објави АП.

Пакистанската војска не соопшти колку војници ќе бидат распоредени, какви ќе бидат нивните специфични задачи, колку долго ќе трае мисијата или кога ќе пристигнат во Саудиска Арабија.

Одлуката на Исламабад дојде два дена откако саудиските, турските и пакистанските воени и одбранбени претставници се состанаа во Исламабад за да ја потврдат поддршката за Ријад според трилатералниот договор што го смета нападот врз еден член како напад врз сите три.

Пакистан ја потврди својата посветеност на заштитата на двете најсвети џамии во исламот, во Мека и Медина, во соопштение, во кое се вели дека распоредувањето ќе помогне во зајакнувањето на одбранбените капацитети на Саудиска Арабија во услови на нови безбедносни предизвици.

Саудиска Арабија ги обвинува Хутите за ракетни и беспилотни напади на нејзина територија, вклучително и обиди за напад врз Мека и Медина, што Хутите го негираат.

Борбите во Јемен се интензивираа во текот на летото меѓу Хутите и силите поддржани од владата поддржана од Ријад.

Пакистан, Саудиска Арабија и Турција потпишаа договор за меѓусебна одбрана во Мека на 7 август, велејќи дека тој е насочен исклучиво кон одбрана и не е насочен против која било друга земја.

Пакистан има воено присуство во Саудиска Арабија со децении, каде што неговите војници ги обучуваат и советуваат саудиските сили од почетокот на 1980-тите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во куферите криеле стотици отровни тарантули и скорпии- цариниците во Перу шокирани (ФОТО)

Перуанските царински службеници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери.

Во куферите криеле стотици отровни тарантули и скорпии- цариниците во Перу шокирани (ФОТО)

Перуанските цариници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери, соопшти Перуанската Национална служба за шумарство и див свет (Serfor).

Вредноста на запленетата пратка се проценува на околу 100.000 долари, а животните, според властите, биле наменети за нелегална продажба во Кина, пренесува AFP.

Во два куфери, кои требало да бидат сместени во товарниот простор на авионот, пронајдени се 386 тарантули од различни видови, 166 стоногалки, 112 скорпии и седум гуштери, како и шест мртви мравки.

Според соопштението на Serfor, некои од пронајдените видови претходно биле непознати за науката.

Животните биле сместени во херметички затворени кеси, кои потоа биле сместени во пластични кутии и завиткани во влажни хартиени крпи за да го преживеат долгото патување од Лима до Кина.

Кора Суарез, претставничка на агенцијата, изјави дека ова ново откритие е резултат на заедничка работа на надлежните агенции и претставува удар врз мрежите вклучени во нелегалната трговија со диви животни.

Таа предупреди на растечката нелегална побарувачка за безрбетници, кои се продаваат како домашни миленици во европските и азиските земји.

Двајца кинески државјани се во притвор од перуанската полиција, а против нив се води кривична постапка пред обвинителството специјализирано за еколошки злосторства.

На почетокот на ноември, перуанските власти запреа и двајца германски државјани и еден Полјак на истиот аеродром кои се обидоа да ја напуштат земјата со повеќе од 10.000 тарантули скриени во нивниот багаж.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер