Маж нокаутира гола жена на улица во Скопје (ВИДЕО)

Денеска на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како на булеварот Гоце Делчев , маж претепува жена.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како маж , наводно таксист, претепува жена , која се обидува да му ги скрши бришачите.

Што е причината за овој инцидент , не е познато , ниту дали жената има посериозни повреди.

Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал

Вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз во првото тримесечје од 2024 година изнесува 10.766.000 и во однос на истиот период од претходната година е намален за 17.2 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 22.2 %, во приградскиот превоз е намален за 13.1 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 6.6 %, а во меѓународниот превоз е намален за 32.6 %.

Во првото тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 12.0 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 1.6 %, во приградскиот превоз е намален за 8.6 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 14.2 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 27.7 %.

Кина: Се надеваме дека МКС ќе биде објективен во однос на Израел

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан вчера изјави дека поднел барање за налози за апсење поради воени злосторства на највисоките лидери на Израел и Хамас поради нивниот конфликт.

Кина денеска соопшти дека се надева дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг ќе задржи „објективен“ став откако објави дека се бараат потерници за лидерите на Израел, вклучително и премиерот Бенјамин Нетанјаху и на Хамас за воени злосторства извршени за време на седуммесечната војна во Газа.

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан вчера изјави дека поднел барање за налози за апсење поради воени злосторства на највисоките лидери на Израел и Хамас поради нивниот конфликт.

Кан во изјавата соопшти дека бара потерници против израелските лидери Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант за злосторства, вклучувајќи „намерно убиство“, „истребување и/или убиство“ и „изгладнување“.

- Кина секогаш стоела на страната на правдата и меѓународното право за палестинското прашање, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, додавајќи дека Пекинг ги поддржува „напорите за промовирање на сеопфатно, праведно и трајно решение за палестинското прашање“.

- Колективното казнување на палестинскиот народ треба да престане, додаде тој.

Според Ванг, постои „голем консензус во меѓународната заедница веднаш да се запре војната во Газа и да се стави крај на хуманитарната криза на палестинскиот народ“.

Денеска и утре нестабилно со пороен дожд

Денеска попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град.

Од УХМР најавуваат дека пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме ќе има и утре, особено во источните делови. Потоа во следните два дена ќе преовладува стабилно време.

За време на викендов се очекуваат нови врнежи од дожд.

Во Скопје денеска попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината можна е појава на краткотрајно невреме. Во делови од котлината нестабилно ќе биде и утре.

Од УХМР препорачуваат за поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења, како и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

притисни ентер