Маж и жена подведувале млади девојки, локалот го користеле како параван - Канал 5

Маж и жена подведувале млади девојки, локалот го користеле како параван

Познати мажи од градот биле редовни муштерии

Маж и жена подведувале млади девојки, локалот го користеле како параван

Маж В.Г. (57) и неговата сопруга Е.Г.(49) од околината на Шабац биле уапсени во текот на ноќта во акција на полицијата во Шабац, во соработка со Вишото јавно обвинителство, бидејќи наводно тргувале со луѓе и подведувале млади девојки за пари!

Со нив бил уапсен и нивниот соработник на Н.О. (41) од околината на Владимирац, кој исто така учествувал во овој криминален случај.

Според МВР, осомничените се товарат за организирање на сексуална експлоатација во подолг временски период, со цел здобивање противзаконска имотна корист.

Според информациите на „Блиц“, сè се одвивало во меаната „Златна греда“ во Мајуру кај Шабац. Споменатото кафуле постои повеќе од 100 години, тоа е семеен бизнис што го наследиле.

Проституцијата ја „воделе“ мажот и жената. Исто така, тие имале соработник, кој бил вработен како келнер во кафулето.

Во рамките на кафулето имале апартмании каде што сè се одвивало. Девојките кои биле врбувани за проституција имаат од 20 до 25 години, а според нашите информации сите се убави, негувани, дотерани ... Девојките се по потекло од Босна и Херцеговина, Шабац и други градови во Србија.

Полицијата извршила претрес во објектот, каде биле пронајдени и одземени 21.840 евра, 850 швајцарски франци, 2.080 долари, 820 куни, 700 конвертибилни марки и 42.000 динари - соопшти МВР.

Патем, како што се дознава, проституцијата во овој објект траела подолг временски период, а корисниците на услугите биле познати мажи од Шабац.

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Шабац, осомничените биле приведени, а со кривична пријава тие ќе бидат изведени пред обвинител.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември

 Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. 

Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември

Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година.

Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош.

За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање:

- лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош )

- трансакциска сметка на име на подносителот на барањето)

- наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост.

За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година).

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на изјавата на Бленди Ходаи за студентскиот оброк, оценувајќи дека навредите упатени кон универзитетските професори се непристојни. 

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Тој порача дека се смета за пријател и поддржувач на студентите и најави дека по завршувањето на политичкиот ангажман повторно ќе се врати на универзитетот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Дел од сумплементите за малнутриција или состојба кога некој не прима доволно хранливи материи заради здравствена состојба а со тоа и губи мусклулна маса се на твоар на фондот за здравство.

Недоволното внесување на хранливи материи кај пациентите потешко ги празни болничките кревети

Малнутрицијата мора да го заземе важното место во делот на лекување на пациентот пред операција и по операција со цел да има целосно заздравување а пацинетот да не биде со недели во болнички кревет заради неисхранетост. Оваа тема денеска ги собира сите доктори од КАРИЛ и клиниката за гастро каде треба да се влијае на подоборување на системот од примарно ниво.

На Клиниката за дигестивна хирургија и клиниката за гастро објаснуваат дека системот со правилна храна, психолошка помош е најважна во процесот на лекување.

Најчесто станува збор за пациенти кои имале онколошки проблеми и интревнеции, постари пациенти и пациенти од интензвините единци за лекување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер