Маж ѝ даде на Анџелина Џоли да потпише плакат со Бред Пит- нејзината реакција го обиколи светот - Канал 5

Маж ѝ даде на Анџелина Џоли да потпише плакат со Бред Пит- нејзината реакција го обиколи светот

Бракот на Анџелина Џоли и Бред Пит можеби е готов, но обожавателите сè уште го сакаат нивниот култен филм „Господин и г-ѓа Смит“ заедно.

Маж ѝ даде на Анџелина Џоли да потпише плакат со Бред Пит- нејзината реакција го обиколи светот

Анџелина беше уловена од папараците додека присуствувала на филмскиот фестивал во Њујорк вчера вечерта како потпишува филмски постер за акциониот филм од 2005 година.

Јасно се гледа ликот на нејзиниот поранешен, но Џоли изгледаше крајно стоички и со смрзнато лице додека го потпишуваше своето име покрај несаканото лице на плакатот, објави Пејџ Сикс.

Сепак, нејзиниот камен израз јасно покажа дека таа очигледно избегнува да ја погледне сликата на нејзиниот поранешен сопружник, пред да продолжи со вечерата. Таа носеше црн капут со потпетици во боја на кожа, а очите ги криеше зад црни авијатичарски очила за сонце.

Џоли (49) и Пит (60) глумеа шпионска двојка во „Господин и г-ѓа Смит“, хит филмот што беше објавен истата година кога актерот го финализираше разводот со Џенифер Анистон. И нивниот брак се распадна во 2016 година, но конечно се разведоа во 2019 година.

Двојката беше вмешана во неколку правни битки во текот на годините, а минатата недела Џоли поднесе барање за отфрлање на нејзината тужба против ФБИ поради наводниот инцидент на малтретирање во приватен авион во 2016 година. Иако не беа покренати обвиненија против Пит во тоа време, тоа ја натера добитничката на Оскар да поднесе барање за прекин на нивниот брак неколку дена подоцна.

Познатите бивши имаат шест деца. Тие ги посвоија синовите Медокс (23) и Пакс (20) и ќерката Захара (19), додека Џоли ги роди Шајло (18) и близнаците Нокс и Вивиен (16).

Гордата мајка, која во неделата присуствуваше на премиерата на филмот „Марија“ со нејзините три деца, на почетокот на месецот во интервју за „Холивуд репортер“ прекина секоја понатамошна дискусија за нејзината разделба со Пит и на прашањето за статусот на нивниот развод, постави „цврсти граници“ и едноставно му рече на новинарот: „Не“.

Сепак, оскаровката откри дека планира да го напушти Лос Анџелес кога ќе пораснат нејзините најмали деца.

- Во овој град пораснав. Овде сум затоа што морам да бидам тука поради разводот, но штом ќе наполнат 18 години, ќе можам да заминам - објасни таа: - Кога имаш големо семејство, сакаш да имаат приватност, мир, безбедност.

Џоли неодамна го промовираше својот филм „Марија“ во кој ја игра покојната оперска пејачка Марија Калас. На филмскиот фестивал во Венеција минатиот месец, Џоли ја воодушеви публиката и доби осумминутни овации за нејзината изведба.

Во меѓувреме, Пит моментално се забавува со дизајнерката на накит Инес де Рамон, со која е во врска од ноември 2022 година, која неодамна ја донесе на филмска премиера во Лос Анџелес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ

Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ, а денеска во истиот тој дух ја градиме Македонија преку проекти, автопати и железници на целата територија.

Николоски: Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ

Од Крушево, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати празнична порака по повод 2 Август – Илинден.

Во продолжение интегрален текст од изјавата на Николоски:

Втори август Илинден, денот на Илинденското востание и денот на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија. Втори август - Илинден е доказ за борбата на македонскиот народ, за своја самобитност и за своја државност, идеал кој што почна да се гради некаде во 19. век преку преродбата, понатака двете македонски востанија, Кресненското и Разловечкото, ја имаше својата круна на Илинденското востание во 1903 година, понатака преку Антифашистичката борба во Втората светска војна и АСНОМ на 2.август 1944 година, и својата кулминација ја доживеа на 8. Септември 1991 година кога Македонија прогласи независност.

Овој политичко-правен континуитет е јасен доказ за борбата на македонскиот народ за своја држава и за своја самобитност. Денес Македонија ја градиме како модерна европска држава, денес Македонија се гради како никогаш претходно, нема дел од државата во којшто не се реализираат проекти, дали се тоа преку 1200 општински проекти, дали се големите инвестиции во железницата и автопатиштата.

Македонија во моментов како никогаш претходно гради 6 автопати, гради железница на Коридорот 8, а за брзо ќе почне и на Коридорот 10, Македонија ги развива своите аеродроми, целосно го реконструира и надградува охридскиот аеродром, расте скопскиот аеродром, со најголем раст од цела југоисточна Европа, и така ќе продолжиме да работиме и во периодот кој што е пред нас. Затоа што само инвестициите, само работата, ќе го зајакната темелот на македонската држава, ќе го постават темелот на македонскиот народ, и на сите кои што живеат во Македонија, онаму каде што му е местото, а тоа меѓу најразвиените европски нации.

Поклон кон жртвата на хероите, денеска треба да се сеќаваме на нив, како и секој друг ден и тие да ни се водилка за се' она што го правиме за Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Честит 2-ри Август, Ден на Реубликата!

Од Илинден 1903 до АСНОМ 1944 — пат поплочен со жртвата на генерации македонски синови и ќерки кои вечно веруваа во идејата за слободна Македонија.

ЛДП: Честит 2-ри Август, Ден на Реубликата!

Нивниот стремеж стана наша реалност. Нивната жртва — наш вечен завет.

Денес им оддаваме длабока почит на сите генерации кои го сонуваа, се бореа и го дадоа најскапото за слободна и самостојна држава. Оваа земја е нивниот завет, а наша е одговорноста да ја чуваме и градиме со чест, достоинство и љубов.

Честит 2-ри Август, Ден на Републиката! Нека е вечна!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Северна Кореја и Русија градат мистериозен мост

Дали Путин и Ким Џонг Ун кројат нови планови? Северна Кореја и Русија градат мистериозен мост – западните разузнавачки служби предупредуваат: што се крие зад овој голем проект?

Северна Кореја и Русија градат мистериозен мост

Изградбата на мост меѓу Северна Кореја и Русија официјално треба да ја олесни економската соработка и туристичката размена, но според истражувањето на украинската организација „Truth Hounds“, неговата вистинска намена би можела да биде сосема поинаква.

Според истражувачите, мостот би можел да биде дел од стратешката воена инфраструктура. Мостот преку реката Тумен, кој ќе го поврзува рускиот град Хасан на далечниот исток на земјата со севернокорејскиот град Туманганг, ќе биде првата патна врска меѓу двете земји.

Според весникот „Гардијан“, Пјонгјанг веќе го завршил својот дел од проектот, додека работите на руската страна привремено забавиле, но објектот е речиси готов.

Истражувањето на „Truth Hounds“ укажува на тоа дека, спротивно на тврдењата на Москва и Пјонгјанг, мостот можеби не е наменет за поттикнување на трговијата, туку за воспоставување дискретен воен логистички коридор.

Како што потсетува „Гардијан“, ниту руските ниту севернокорејските власти не ја криеја изградбата на мостот. Тие тврдеа дека целта на проектот е проширување на соработката во трговијата и туризмот.

За ова зборуваа рускиот министер за транспорт Андреј Никитин, како и севернокорејската државна новинска агенција KCNA, наведувајќи дека новиот премин ќе придонесе за развојот на пограничните области.

Изградбата на мостот се проценува на повеќе од 100 милиони долари, додека вкупната трговска размена меѓу двете земји во текот на 2024 година изнесувала само 34 милиони долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер