Мазда претстави освежена верзија на својот најмал модел - Канал 5

Мазда претстави освежена верзија на својот најмал модел

Пристигнувањето на моделската 2026 година, Mazda2 Hybrid се одликува со голем број подобрувања фокусирани на дизајнот, удобноста и безбедноста.

Мазда претстави освежена верзија на својот најмал модел

Надоврзувајќи се на компактните димензии и агилните карактеристики на возење, Mazda повторно игра на карактерот на возењето, иако соработката со Yaris не е скриена.

Проширена сериска опрема

За 2026 година, Mazda2 Hybrid добива проширена стандардна опрема на сите нивоа, со посебен акцент на основното ниво Prime-Line. Sega вклучува греење на предните седишта, седиште за совозачко седиште со подесување на висината, електрични задни прозорци, внатрешен ретровизор со автоматско затемнување и подобрен аудио систем со четири звучници, значително зголемувајќи ја секојдневната удобност и функционалност.

Во нивоата Prime-Line, Center-Line и Exclusive-Line, куќиштата на надворешните ретровизори сега се обоени во бојата на каросеријата, што, според Maзда, резултира со похармоничен целокупен изглед на возилото. Нивоата Homura и Homura Plus ги задржуваат црните капачиња на ретровизорите како препознатлив елемент на дизајнот.

Високо ниво на опрема со нови детали

Повисоките нивоа на опрема се дополнително усовршени за новата моделска година. Exclusive-Line сега вклучува целосни LED фарови и задни светла, додека Homura и Homura Plus носат освежени внатрешни украси со нови сјајно црни акценти на клучните површини како што се централната конзола и украсите на задната страна, дополнително нагласувајќи го современиот и премиум изглед на кабината.

Надворешниот дизајн е комплетиран со три нови бои, јаглен-сива, небесно сива и папрат зелена, кои ги прошируваат можностите за персонализација и го прават моделот визуелно привлечен.

Систем за следење на возачот

Клучната иновација за 2026 година е воведувањето на системот за следење на возачот (Driver Monitoring System, DMS) како стандардна опрема на сите нивоа. Системот ја зголемува безбедноста со откривање знаци на замор или невнимание на возачот со помош на инфрацрвена камера, дополнително зајакнувајќи ја позицијата на Mazda2 Hybrid како безбеден градски автомобил.

Во ентериерот, моделот сè уште става акцент на ергономијата и леснотијата на користење. Сите клучни контроли и инструменти се распоредени околу воланот, додека нискиот дизајн на контролната табла и А-столбовите поместени наназад овозможуваат одлична видливост напред.

Технички податоци и достапност

Од 2026 година, Mazda2 Hybrid продолжува да користи целосно хибриден систем за дистрибуција на моќност кој комбинира 1,5-литарски бензински мотор и електричен мотор, со вкупна моќност од 116 КС. Системот овозможува висок процент на возење на електрична енергија, особено во градски услови, со целосна секојдневна употребливост без потреба од надворешно полнење.

Mazda2 Hybrid забрзува од 0 до 100 км/ч за 9,7 секунди и достигнува максимална брзина од 175 км/ч. Комбинираната потрошувачка на гориво е од 3,7 до 4,2 л/100 км. Производството започна во март 2026 година, а возилата веќе пристигнуваат на европските пазари. Во Хрватска веќе на почетокот на јуни...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Во општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.

Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според Државната изборна комисија гласањео почнало навреме во седум часот а во првите два часа гласале 3,98 отстои од запишаните избирачи, што е повисока излезност од 1,52 отсто во споредба со првиот круг.

До 11 часот излезноста била 13,82 отсто, што за 4,71 процент во однос на првиот круг.. Во Брвеница е Михајло Видимлиски.

Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК?

Kога ќе биде следната прес конференција на ДИК, и кога може да се очекуваат последните информации околу излезноста?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ниска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател

Неизвесна изборна трка и повторно ниска излезност на претседателските избори во Бугарија. 

Ниска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател

Граѓаните денеска во втор круг избираат меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова, поддржана од владејачката „Прогресивна Бугарија“ на премиерот Румен Радев и социјалистите, и Андреј Ѓуров, зад кого според бугарските медиуми стојат прозападни опозициски партии „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“, а поддршка му даде и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

Во првиот круг Јотова освои 34,76, а Ѓуров 31,95 проценти од гласовите.

Исходот од изборите во соседна Бугарија е важен и за Македонија, но дали новиот претседател би можел да го промени односот на Софија кон Скопје? Според домашните аналитичари, просторот за промена е мал. Во последната телевизиска дебата и двајцата кандидати останаа на постојните бугарски позиции за европската преговарачка рамка.

-Мислам дека не се многу значајни изборите, бидејќи бугарската позиција по ова прашање е релативно тврда и отпорна на промена на политичките елити. Тоа е првата причина а втората причина е што во моментот бугарската политика сепак ја води Румен Радев а не претседателот. И третата причина, од она што го гледавме од телевизиското соочување помеѓу двата кандидати таму борбата е кој ќе биде построг со Македонија а не кој ќе биде попопуслив. Така што не очекувам некаква драматична промена. Очекувам да остане бугарската позиција, дека во основа се работи за европски компромис а не за билатерлано прашање. Така што во таа смисла тие избори нема да донесат значајно поместување – оценува Арсовски.

Во Бугарија, пак, аналитичарите сметаат дека пресудна ќе биде мобилизацијата на гласачите кои не злегоа во првиот круг.

-Шансите се изедначени. Ова се нови избори. Сè зависи од психолошката атмосфера, која во моментов повеќе оди во прилог на Ѓуров. Сè зависи од како се финишираше изборната кампања. Сепак, најмногу зависи од тоа дали „Прогресивна Бугарија“ ќе успее да го мобилизира својот потенцијал, кој досега не го мобилизираше. Таа го има тој потенцијал, но не успеа да го искористи. Но, доколку сега го загубат вториот круг, тогаш тоа веќе ќе биде оценка за Румен Радев. Тоа значи дека Румен Радев очигледно мора многу поактивно да се вклучи, бидејќи во случај на пораз на овие избори, многумина ќе бидат оние што ќе речат: „А сега и Владата треба да си замине – вели Симеонов.

Изборите се следат и во меѓународната јавност, особено во контекст на војната во Украина. Британскиот „Фајненшл тајмс“ во последната анализа меѓудругото оценува дека евентуална победа на Јотова, која се залага за обновување на дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин, би можела дополнително да ја приближи Софија кон Москва. Сепак британскиот Весник, наведува дека не се очекува суштинско отстапување на Бугарија од нејзината европска и НАТО-ориентација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Удовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банка

Случајот Алта Банка продолжува да ја бранува јавноста во соседна Србија.

Удовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банка

Утре се очекува да биде покрената стечајната постапка, а од банката преку соопштение уверуваат дека се преземаат чекори за заштита на интересите на депонентите и поверениците.

Ќе почне исплатата за депозитите до 50 илјади евра, а останатите ќе чекаат од стечајната маса. Поранешната српска гувернерка Кори Удовички споменувајќи ги трансферите во Македонија, оценува дека Народната банка на Србија можела да го ограничи меѓународниот платен промет без да се создава паника и да се прекинува работата на банката.

Според неа е клучно зошто никој не водел контрола и не презел навремени мерки за спречување на одливи. Сепак оценува дека нема простор за загриженост во поширокиот финансиски систем.

-Ние како центар за економски анализи укажавме во септември кога Европската комисија дојде на еден вид ревизија, им кажавме: ова и ова не е јасно.. Значи самите луѓе од Народна банка уште подобро до нас знаеа дека тука има, ако ништо друго, ризици. / Тука има можеби сомнителен или каков и да е капитал кој ќе сака да бега, нивна задача беше веднаш да го зголемат надзорот,- Кори Удовички – поранешна гувернерка на Србија.

И покрај случувањата во српската Алта, од македонската Алта Банка АД Битола тврдат дека нејзините клиенти не се засегнати. Уверуваат дека се ликвидни и работат без проблеми, а од Народната банка на Македонија потенцираа дека се работи за одделни правни лица, но ја следат состојбата и постапуваат по закон.

Инаку во соседна Србија за точно една недела се случија неколку настани кои се поврзуваат со промената на власта.. Ликвидацијата на Алта Банка, смената на бројни раководни лица во јавниот сервис, а вчера и апсењето на шефот на криминалистичката полиција Марко Кричак. Тој се сомничи за фалсификување докази и притисок врз сведоци и обвинети за убиството на мафијашот Баја, а по истата пријава приведен е и началник на Службата за сузбивање на криминалот во Србија.

Името на Кричак се поврзува и со полициска репресија врз протестите на студентското движење кое се формираше по несреќата во Нови Сад. Денеска навршуваат точно две години откако се урна настрешницата на железничката станица каде загинаа 16 лица. По тој повод се одржа комеморација на местото на настанот со 16 минутен молк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер