Таа денеска се построи. Овој пат за американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис. Првиот човек на Пентагон пристигна рано утринава со специјален лет од Вашингтон до Скопје.
Пред владата веќе ги чекаше премиерот Заев.
По средбата која траеше околу 40тина минути Матис на прес конференција кажа која е главната причина зошто се одлучил токму сега да ја посети Македонија.
Матис кажа дека силно го поддржува договорот со Грција. Вели, ако во 1991 сме изгласале независност, на овој референдум граѓаните треба да ја искористат историската можност да ја придвижат земјата напред, кон големото европско семејство и НАТО.
Матис со делегацијата имаше средби и во министерството за одбрана, но и си претседателот Ѓорѓе Иванов, кој е отворено против договорот кој администрацијата на САД го оценува како добар. Иванов му кажал на Матис дека земјава останува стабилен стратешки партнер на Америка.
„Иако не сме во НАТО, нашата армија е НАТО компатибилна, и за тоа сме благодарни на САД. Тоа е влог во иднината. Мораме да бидеме подготвени за новите закани и новите предизвици“.
Со Матис во земјава пристигнаа и 10тина американски новинари кои со внимание ја следеа првата официјалната посетата секретар за одбрана, по пауза од 14 години, односно посетата Доналд Рамсфел во 2004тата.
Инаку, при пречекот на Матис на аеродромот во Скопје се случи и еден настан кој ретко го гледаме. Имено, по слетувањето шефот на Пентагон излезе од авионот без се уште да биде поставен вообичаениот црвен тепих, а и делегациите се уште не беа наместени за свечениот дочек.