Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево
Соопштение на „И Здравје и работа“: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
1Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево
2Соопштение на „И Здравје и работа“: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“
2„Skopje Via“ ја разигра и распеа Старата битолска чаршија во рамките на 20.јубилеен „Локум Фест – Музика и традиција“
ЗдравјеМатичните лекари од јануари добиваат покачување на капитациониот бод Новогодишната желба на матичните општи лекари, гинеколозите и стоматолозите им се оствари, па по четири години преговори и разговори конечно добија покачување на капитациониот бод, што за нив ќе значи повеќе пари по пациент. Од јануари наместо досегашните 63 денари по пациент, сега општите лекари и матичните гинеколози од Фондот ќе добиваат по 75 денари, што е голем исчекор, вели Д-р Лилија Чолакова Дервишова, Претседател на Здружението на матични лекари. Сепак бидејќи исплатите од Фондот се реализираат со доцнење од неколку месеци, повеќе пари на сметките на лекарите ќе им легнат во март или април до година. Матичните лекари велат дека останатите барања, како што е наместо на името на докторот, пациентите да се впишуваат на ординацијата очекуваат да се реализираат понатаму. А некои од решенијата, очекуваат да бидат вметнати во новиот Закон за здравствена заштита кој е во подготовка. Матичните лекари велат дека се се помалку на број, а младите што завршиле општа медицина, по специјализацијата заминуваат во странство. Поради ова, сметаат дека државата треба да има конкретна стратегија за да ги задржи белите мантили во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-КичевоСите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево. Направивме 18 километри пристапни патишта..Завршена е реконструкција на локалниот пат од Мешеишта до Волино во општина Дебрца, како дел од проектот на Министерството за транспорт за поврзување на локалните патишта. Од овој пат се поврзуваат неколку населени места на автопатот Охрид-Кичево, за што во изминатиот период работевме посветено за да можеме да испроектираме и да изградиме вкупно 18 километри пристапни патишта кои претходно не биле предвидени, рече заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од работната посета на општина Дебрца. Со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Дебрца, Златко Сиљаноски, извршија увид во реконструкција на патот од Мешеишта до Волино и улици во село Волино, проекти кои се реализираат со поддршка на Владата преку Министерството за транспорт. “ Овој проект во селото Волино го работевме заедно со општина Дебрца, со поддршка на Светска Банка преку една проектна линија којашто ја имаме обезбедено од Светска Банка и која што значи завршување на локални улици низ многу населени места во државата. Исто така претходно бевме на влезот на село Мешеишта, а кога бил правен проектот за автопатот Охрид-Кичево, за жал не беа предвидени нити пристапни патишта, нити паралелни патишта, ниту клучки, нити потпатници, ниту надпатници и на тој начин најголем дел од селата коишто се од левата и од десната страна на автопатот беа, односно требаше да бидат отсечени и од Охрид, од Струга, од Кичево и од Скопје. Ние решивме тоа да го коригираме, испроектиравме паралелни патишта и пристапи во должина од 18 километри. За долниот дел од автопатот, од потегот кој што е од Пресека до Охрид мораше да бараме согласност и од Комисијата за УНЕСКО. Во изминативе 6 месеци работевме и со нив, добивме согласност и веќе можете да видите дека пристапот кон населените места, во случајов кон Мешеишта почнува да се работи, а онаму каде што завршува пристапот ќе продолжи општината, така што ќе добиеме едно модерно патно решение коешто нема само да значи спој за ова населено место, туку ќе значи и спој за Општина Струга и селата коишто гравитираат кон Општина Струга” – изјави Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
МакедонијаСоопштение на „И Здравје и работа“: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“Македонија денес се наоѓа пред избор кој ќе ја одреди нејзината економска иднина.Додека Европа забрзано инвестира во критичните минерали неопходни за зелената транзиција, а соседните држави отвораат нови рудници и привлекуваат милионски инвестиции.„ Како локална иницијатива од струмичкиот регион, ние не гледаме на проектот „Иловица – Штука“ само како на рудник. Го гледаме како можност нашиот регион повторно да добие перспектива, да се создадат нови работни места, да се отворат можности за домашните компании и младите луѓе да имаат причина да останат овде, наместо својата иднина да ја бараат во странство. Во изминатиот период бројни професори, геолози, инженери и други експерти јавно зборуваа за современите технологии што денес се применуваат во рударството и за високите европски стандарди за заштита на животната средина. Нивните ставови заслужуваат внимание и почит, бидејќи се темелат на знаење, долгогодишно искуство и научни факти. Веруваме дека државата треба да ги слуша токму тие гласови. Одлуките за стратешки проекти не смеат да зависат од притисок од мала група на луѓе кои немаат ниту некакво образование ниту некакво искуство во рударството, туку од законите, стручните анализи и институциите. Само така може истовремено да се заштитат природата, здравјето на граѓаните и јавниот интерес. Истовремено, очекуваме целата понатамошна постапка за проектот „Иловица – Штука“ да се води целосно транспарентно и согласно сите законски процедури. Доколку проектот не ги исполнува пропишаните еколошки и технички критериуми, не треба да биде реализиран. Но, доколку ги исполнува сите стандарди, тогаш Македонија не смее да ја пропушти можноста за една од најголемите инвестиции во својата понова историја. Нашите барања се едноставни: • законите да важат подеднакво за сите; • науката и стручноста да имаат предност пред дезинформациите; • природните ресурси да се користат одговорно и во интерес на граѓаните; • економскиот развој и заштитата на животната средина да не се претставуваат како спротивставени цели, туку како процеси што можат да одат заедно. Ние сме жители на овој регион. Тука живеат нашите семејства, тука растат нашите деца и токму затоа никој нема поголем интерес од нас природата да биде заштитена. Но, исто така сакаме и можност за работа, достоинствен живот и иднина во сопствената држава. Македонија има природни ресурси. Има знаење. Има луѓе. Време е тие потенцијали да се претворат во развој – одговорно, законски и во интерес на сите граѓани.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВашингтон и Техеран со нови напади насочени кон инфраструктурни и воени целиИран започна обновени напади врз сојузниците на САД во заливот, по седмата ноќ американски напади насочени кон иранските воени објекти.Според информациите, Кувајт бил под постојан напад, при што е погодена фабрика за десалинизација, а летовите на Меѓународниот аеродром во Кувајт биле прекинати поради повторени закани со ракети и беспилотни летала. Дополнително, иранските државни медиуми објавија дека во Бахреин, револуционерната гарда нападнала локација каде што биле собрани американски борбени авиони во воздухопловната база „Шеик Иса“ и Центар за разузнавачки податоци. Централната команда на американската војска претходно соопшти дека го завршила својот седми последователен ден на напади со напаѓање на ирански места за надзор, воена логистичка инфраструктура и подземни складиште за оружје, а со цел дополнително да ги ослабат воените капацитети на земјата.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter