Матичните лекари неколку часа нема да работат поради убиството на докторот во Железара - Канал 5

Матичните лекари неколку часа нема да работат поради убиството на докторот во Железара

 Матичните лекари од приватното здравство денеска од 12 до 16 часот нема да работат во знак на револт, откако во петокот нивен колега беше пронајден мртов со убодни рани на паркингот пред поликлиниката Железара.

Матичните лекари неколку часа нема да работат поради убиството на докторот во Железара

Претседателката на Здружението на приватни матични доктори, Лилија Чолакова Дервишова во изјава за МИА во петокот истакна дека е неопходно да се донесе закон за докторска дејност со кој точно ќе се дефинираат условите, правата и должностите на лекарите.

– Го повикувам Министерството за здравство што поскоро да се донесе Законот за докторска дејност со кој ќе се заштити работата на лекарите. Ние сме навистина револтирани и згрозени од ваквиот чин, рече Чолакова — Дервишова.

И Лекарската комора побара итна разрешница на случајот со починатиот лекар.

– Истакнуваме дека никаков вид на насилство во општеството не смее да се толерира, бидејќи насилството не е соодветен начин на кој се решаваат проблемите. Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат, наведе Лекарската комора во соопштението испратено во петокот.

Шеесет и седумгодишниот лекар беше пронајден со убодни рани во неговото возило на паркингот пред поликлиниката Железара. Според пријавеното во полиција, лекарот го нашле неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еден тон пилешки желудници се запленети и уништени од месарници во Струга и Охрид

Ни помалку ни повеќе, туку еден тон пилешки желудници се запленети и уништени од месарници во Струга и Охрид, иако увозот и употребата на овој производ за човечка исхрана е забранета уште од средината на 2024 година. 

Еден тон пилешки желудници се запленети и уништени од месарници во Струга и Охрид

Против двете месарници се поднесени прекршочни мерки. Засега не се знае колку од овие желудници завршиле во човековата исхрана бидејки на лице место биле затекнати а потоа и уништени 55 килограми месни подготовки во кои биле користени пилешките желудници. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека забраната за употреба на консумација на овој тип на внатртешни органи од живина е донесена по анализа на ризиците за здравјето на луѓето. Меѓу потенцијалните опасности се контаминација со патогени бактерии и вируси, како и присуство на токсини.

„Со цел обезбедување висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудници наменети за човечка исхрана“,

Од АХВ посочуваат дека при претходните инспекциски контроли биле утврдени и случаи на злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии. Но останува неодговрено прашањето како забранетиот производ повторно се појавил во месарниците и каква е контролата врз храната на границите што се увезува за да се продава во земјава? Инаку со послендите засилени контроли на АХВ се откри значително количество небезбедна храна. Од јануари до август биле спроведени 75 илјади инспекциски надзори. Уништени се речиси 70 тони небезбедна храна од домашниот промет и од увоз, а забранет е увозот на повеќе од 21 тон небезбедна храна од растително потекло. Дополнително, вратени се пратки со храна од животинско потекло со вкупна тежина од над 122 тони.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Подводната пештера Врело во кањонот Матка испиша историја и стана најдлабоко истражената подводна пештера во светот. 

Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Рекордот е постигнат од страна намеѓународен тим спелео-нуркачи, кој достигна максимална длабочина од 338 метри во рамки на експедицијата „Врело 2026“.

Со овој подвиг беа поставени три светски рекорди, а пештерата го презеде првото место на светската листа пред дсоегашните лидери, односно локалитетите од франција и Италија.

Како што соопштија од спелео-нуркачкиот клуб, во периодот од 10 до 17 октомври меѓународен тим од 15 нуркачи од Македонија, Полска и Италија успеал да продре на длабочина, за 51 метар повеќе од досега истражената.

Освен новите длабочини, експедицијата открила и два досега непознати подводни канали, со што мапата на пештерскиот систем е значително проширена. Рекордното нуркање го извршил полскиот спелео-нуркач Бартло-Миеј Питала, а целата операција траела девет часа. Досега Врело беше рангирана како трета најдлабоко истражена подводна пештера во светот со достигнати 287 метри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за спречување на зависности кај младите и врсничкото насилство

Главната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун.

Превентивни активности за спречување на зависности кај младите и врсничкото насилство

Вчера (16.10.2026) во Општинското средно гимназиско и медицинско училиште во с.Неготино, гостиварско, Секторот за внатрешни работи Тетово започна со реализација на превентивниот проект „Превенција од злоупотреба на дрога, алкохол и цигари“, насочен кон учениците од прва година во сите средни училишта на подрачјето на Тетово и Гостивар.

Главната цел на проектот е подигнување на свеста кај младите за штетните последици од психоактивните супстанции, поттикнување здрави животни навики и намалување на ризикот малолетните лица да дојдат во контакт со дрога, алкохол и тутун. Во склоп на овој проект предвидени се и работни состаноци со одговорните за образование во сите локални самоуправи, информативни предавања за учениците од прва година средно образование и подигнување на општата безбедност и намалување на криминалитетот и нарушувањата на јавниот ред и мир.

На 16.10.026 полициски службеници од ОВР Кавадарци во ООУ "Страшо Пинџур" во Кавадарци за учениците од осмо и деветто одделение реализираа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и последиците што може да настанат, при што им беа појаснети начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер