Масовно труење со јагоди во Србија

Во болниците низ Србија десетици луѓе се хоспитализирани поради  труење со јагоди.

Според српските медиуми повеќето пациенти имале дигестивни проблеми и зголемена температура.

Белграѓанецот Александар Илиќ (59), кој заврши во болница од труење со јагоди, прво мислел дека има вирус.

"По ручек јадев половина килограм јагоди и во текот на ноќта добив силни болки во стомакот и страшно гадење. До утрото ми беше уште полошо.Започна со повраќање, дијареа, треска и температурата се искачи до 40 степени. Сите ми велеа дека стомачен вирус и ги пиев пропишаните лекови. Сепак, ми беше уште полошо, така што во еден момент мислев дека ќе умрам ", рече Илиќ, кој потоа се обратил во блискиот здравствен центар, каде веднаш го сместиле на интензивна нега. Се претпоставува дека труењето настанало поради пестициди или валкана вода.

"Кога дојдов, лекарот веднаш ме праша да не сум јадел јагоди. Секако дека не сум единствен случај. ", рече Илиќ.

Се претпоставува дека труењето настанало поради прекумерни дози пестициди или валкана вода со кои биле третирани јагодите.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер