ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии
ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела
1ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии
2ВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од Венецуела
3СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш
Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
БалканМасовните убијци Коста и Урош вежбале во иста стреланаСе истражува дали масовните убијци 13 годишниот Коста и 8 години постариот Урош се познавале! Коста К.(13) и Урош Блажиќ (20) кои во средата и четвртокот во масовните убиства во училиштето во Врачар и во околината на Младеновац убија вкупно 17 млади и рани уште 20 лица, вежбале пукање на исто стрелиште.Во стреланата Партизан во Белград. Истражителите не ја исклучуваат можноста двете чудовишта во одреден момент да се сретнале дури и на тоа стрелиште, а можеби и да се сретнале! Како што дознаваат српските медиуми од извори од истрагата, инспекторите дошле до ова шокантно откритие додека работеле на убиствата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар и во селата Дубона и Мало Орашје кај Младеновац. - Една од насоките на истрагата и за двата масакри е местото каде Коста и Урош вежбаа пукање, бидејќи и двајцата се добри со оружје. Така, најпрвин е утврдено дека таткото на Коста, Владимир К. го водел својот син на стреланата на Партизан во Белград.Потоа е утврдено дека истата стрелана ја посетувал и Урош. Тоа е навистина чудна коинциденција и затоа не е исклучена можноста Урош и Коста да се сретнале во стреланата, а можеби и да се запознале- изјави извор за Информер.рс.. Од друга страна пак, сопственикот на приватното стрелиште „Партизан“, во кое почесен член беше таткото на Коста, Владимир, на рочиштето негирал дека момчето некогаш пукало во неговиот објект. Иако му биле презентирани докази во вид на слики и видеа дека и Владимир и Коста вежбале да пукаат кај него, сопственикот останал на својата приказна, тврдејќи дека никогаш не ги видел. Кога од него побарале снимки од безбедносните камери од стрелиштето, сопственикот рекол дека камерите не работат подолго време. Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Српските истражни органи го истражуваат и податокот дека двајцата масовни убијци му се восхитувале на фашистот Адолф Хитлер. -И двајцата се восхитуваат на Хитлер и нацизмот. Уште една бизарна работа ги поврзува двете „чудовишта“, а тоа е почитта кон Адолф Хитлер и нацизмот, пренесуваат српските медиуми. Имено, во моментот на апсењето во селото Вињиште кај Крагуевац, Урош Блажиќ носел маица со број 88, која ја користат неонацистите и е симбол за фашистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“ (на буквата Х е осмата во абецедата). Истрагата тогаш покажа дека и Коста бил опседнат со нацизам! Како што ексклузивно објавивме вчера, момчето на лекарите од психијатриската клиника каде што беше сместено по апсењето детално им раскажало за нацистичката идеологија, за Хитлер и „генијалните методи и планови“ на шефот на нацистичката пропаганда Јозеф Гебелс!?! - Јас сум новиот фирер, ќе го обединам светот... - им рекол Коста на шокираните лекари, на кои дури им спомнал дека Евреите страшно го навредувале, но не прецизирал кога и каде се случило тоа! Во неговата соба била пронајдена нацистичка литература, но родителите на Коста тврделе дека не знаат ништо за тоа!?Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.Во истиот период се отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 220 кубни метри отпад од диви депонии. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше еко-предавања за правилно постапување со отпадот во ООУ „Круме Кепески“ во општината Кисела Вода. Со едукативните активности беа опфатени вкупно 90 ученици од шестите одделенија во училиштето, а нашите најмлади сограѓани беа запознати на кој начин правилно да го одлагаат комуналниот отпад, како и за придобивките од неговата примарна селекција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Единствено во периодот на власт на Заев и Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се „испрале“ пари од ВенецуелаЕдинствено во периодот на власт на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче преку Еуростандард банка, во Македонија се ,,испраа“ пари дојдени од Венецуела.Според информациите во јавноста, првата транша од овие трансакции изнесувала 110 милиони евра, додека вкупниот износ на средствата што требало да бидат префрлени преку Еуростандард банка достигнувал неверојатни 1,6 милијарди евра. Дополнително, во рамки на оваа шема се споменува македонска фирма која за значителна сума купувала вештачко ѓубриво од компанија од Белорусија, земја каде што со години владее Лукашенко, прв другар на рускиот претседател Путин. Средствата потоа биле префрлени на сметка во Србија, каде што потоа, по барање на обвинителството, биле замрзнати. Тоа се држави, чии олигарси кои во матичните земји се гонат за криминал, од Владата на СДС во Македонија добиваа пасоши, тендери, па дури и дупови се кроеја по нивна мерка. И, според фројдовската логика на актуелното раководство на СДС, тогашната власт на Заев и Филипче, биле директно вклучени во овие трансакции, по шема од Венецуела, преку Белорусија, Русија и Србија. Дополнително, остануваат отворени прашањата за кредитирањето на фирмите поврзани со семејството Заеви и нивните деловни партнери од страна на Еуростандард банка. Фирми како „Сара инженеринг“, поврзана со Вице Заев, „Глобал медија груп“, како и „Тритерол“ кои зеле милионски кредити од Еуростандард банка, а потоа не ги враќале. Овие примери доволно зборуваат дека изворот на криминалот, корупцијата и ароганцијата во Македонија се СДС, Венко Филипче и Зоран Заев. Македонија не смее да биде држава во која политичката моќ служи за заштита на сомнителни бизнис-интереси и кога тогаш, ќе одговараат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
МакедонијаСДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднашСега кога Савески преку медиумите доби „зелено светло“ од шефот Мицкоски дека може да почне да работи, нека почне токму од Мицкоски и од гувернерот Трајко Славески.Нека го испита секој можен аспект од влезот на Алта банка во Македонија, сомнителниот капитал, одлуките, кој одобрил и зошто. Нека утврди што разговарале и договарале со Вучиќ. Што договарале со Мацура? Обвинител не смее да чека телефонски повик. Ниту наредба од собраниска говорница или од телевизија. Токму ваквото однесување ја разјадува независноста на правосудството и целосно ја руши довербата кај граѓаните. Потоа следуваат катастрофални оценки во извештајот на Европската комисија. Независно обвинителство не чека, не работи по сигнал од премиерот, не чека туку постапува. Бараме веднаш да се обезбедат и испитаат сметките, трансакциите и целокупната документација на Алта банка. Обвинителството и полицијата да ја известат јавноста за утврдените наоди. Тоа мора да се направи пред какво било преземање. Продажбата којашто ја договара Мицкоски не смее да стане покритие за заташкување на случајот и избегнување одговорност. Савески, отворете истрага за Мицкоски, Славески и за сите инволвирани во носењето на Алта банка, обезбедете ги доказите, испитајте ги трансакциите, повикајте ги инволвираните. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook