Масовна тепачка на мигранти во БиХ , запалиле и ловечки дом - Канал 5

Масовна тепачка на мигранти во БиХ , запалиле и ловечки дом

Четворица мигранти се повредени утрово во масовна тепачка во центарот за миграција во местото Вучјак , а претходно запалиле ловечка куќа на трасата што се користела за нелегално влегување во Хрватска.

Масовна тепачка на мигранти во БиХ , запалиле и ловечки дом

Според портпаролот на регионалната полиција, Але Џиjудиќ, десетина мигранти од Авганистан и Пакистан се судриле во логорот Вучјак.

„Четворица авганистански државјани се здобиле со полесни повреди. Тројца се повредени со ладно оружје, најверојатно со нож. Четвртиот мигрант беше претепан“, рече Џиjудиќ.

Според портпаролот, четворица Пакистанци се уапсени и се осомничени за нанесување повреди, додека полицијата работи на расветлување на случајот.

Полицијата се сомнева дека мигрантите утрово ја запалиле ловнатра куќа на планината Плешевица, јужно од Бихаќ.

„Се сомневаме дека може да се работи за мигранти кои влегуваат во објекти на трасата што води кон Хрватска“, рече Џиjудиќ. Тој потврди дека полицијата собирала докази и ангажирала вештаци.

Тој додаде дека скоро сите објекти, вклучително и приватните домови, биле оштетени на мигрантската патека и дека мигрантите привремено престојувале таму за да избегаат од студот и дождот.

Меѓународните организации, вклучително и Меѓународната организација за миграција и Европската унија побараа затворање на мигрантскиот камп во Вучјак, соопштувајќи дека тој е нехуман и несоодветен за мигрантите.

Градскиот совет на Бихаќ вчера вечер го одобри формирањето на привремен центар за мигранти во селото Липа, помеѓу Бихаќ и Босански Петровац. На одлуката реагира Комитетот за заштита на Србите во Федерацијата на Босна и Херцеговина и поднесе кривична пријава против градоначалникот на Бихаќ, Шухрет Фазлиќ. Српските претставници стравуваат дека мигрантите би можеле да ја загрозат нивната безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во среда (21.10.2026) во емисијата гостин ни бeше д-р Сашко Николов.

„Гответе со Дракче“ -  Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

1 кг. домати

2 благи пиперки

2 лути пиперки

3 - 4 чешниња лук

3 моркови

300 гр. сирење

1 пакување пармезан

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, остро го критикуваше капитенот Бруно Фернандеш.

Пол Сколс го брка Бруно Фернандеш од Манчестер Јунајтед!

Сколс му порача дека треба да го напушти европскиот фудбал и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Причината е критиката што Фернандеш ја упати кон тренерот Мајкл Керик, чиј тактички план тој го оспори по поразот од Комо во Италија.

Португалецот сметаше дека Јунајтед требало да игра одбрана „човек на човек“, бидејќи поинаквиот пристап му дал дополнителна самодоверба на противникот.

„Она што Бруно го кажа минатата недела е непростливо за мене. Како може некој воопшто да му ја довери капитенската лента? Мислам дека треба да ја напушти Европа, да замине во Саудиска Арабија и да се скрие“, изјави Сколс. Ова не е првпат поранешниот играч за врска да го критикува Фернандеш.

Претходно оваа сезона, тој му порача „да си ја затвори устата“, откако Португалецот јавно ја критикуваше играта на сопствениот тим. Поради тие критики, Керик минатиот викенд го остави Фернандеш на клупата, а во дебаклот против Борнмут (0:3) дури ниту го внесе во игра како замена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

 Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби.

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: Средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

Вчера, на маргините на 76-тата седница на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа, министерот за здравство Сашо Клековски оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои со министерот за здравство на Чешка, Адам Војтјех, разговараа за можностите за билатерална соработка и размена на искуства. Министерот Клековски се заблагодари за чешката поддршка во справувањето со трагедијата во Кочани, и ги претстави здравствените приоритети.

Министерот Клековски се сретна и со Евис Сала, поранешна министерка за здравство и социјална заштита на Албанија. На средбите министерот беше придружуван од амбасадорот на Македонија во Данска, Н.Е. Фадил Зендели.

Министерот се сретна со Флоренс Бауер, регионална директорка на Фондот на ОН за население (УНФПА) за Источна Европа и Централна Азија. Разговараа за соработката во областа на демографските предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот.

Министерот оствари средби и со двајца од кандидатите за нов генерален директор на СЗО:

д-р Ханс Клуге од Белгија, регионален директор на СЗО за Европа

д-р Ханан Ал-Кувари од Катар, поранешна министерка за јавно здравје на Катар

Министерот Клековски ги истакна приоритетите на нашата земја и потребата од силна поддршка на СЗО за земјите од европскиот регион.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер