Масовна евакуација во САД пред налетот на ураганот на векот (ФОТО)

Жителите на источниот брег на САД ги преполнија патиштата во обид да избегаат пред налетот на ураганот ,,Флоренс”

На удар на ураганот, кој се доживува еднаш во животот, ќе се најдат 759 000 домови . Автопатиштата се преплавени од возила со кои жителите од источниот брег се обидуваат да избегаат што подалеку од налетот на ураганот.

Властите повикаа на масовна евакуација на 1,7 милиони жители на Северна , Јужна Каролина и на Вирџинија.

За да се забрза протокот на бегалци , четирите главни патишта се едносмерни . Според прогнозите во петок наутро се очекува ураган од четврта категорија со удари на ветрот од 215 километри на час.

Аналитичарите пресметаа дека овој ураган би направил штета од 170 милијарди долари. Покрај овие три држави од каде е во тек евакуацијата на населението , вонредна состојба прогласија и државите Мериленд и Вашингтон ДЦ поради опасност од поплави.

ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи

Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари.

Вториот круг претседателски избори и парламентарните избори утре ќе ги следат 1303 домашни набљудувачи, 860 странски набљудувачи и 83 странски новинари, информира на денешната седница на Државната изборна комисија, нејзиниот член Бобан Стојаноски.

Претходно тој информира дека до ДИК пристигнале барања за акредитации за набљудувачи за изборите за претседател и за изборите за пратеници, а се однесуваат на дополнување на веќе прифатени акредитации, се работи за организација Вејк ап – 9 набљудувачи, ТВ Н1 од Белград со двајца новинари, Телевизија Клан Косова – 8 новинари, Амбасадата на САД дополнување со еден набљудувач, и ТВ Имеди – двајца новинари.

Стојаноски истакна дека до ДИК пристигнале уште 14 приговори за заштита на личното избирачко право, од кои на седницата поголем дел се прифатени, а неколку одбиени.

Гласањето во текот на утрешниот ден, потсети Стојаноски, се врши лично на гласачките места во државава.

-Избирачкиот одбор задолжително го прашува гласачот дали сака да гласа за двата вида на избори или сака да гласа само за еден вид на избори, односно дали сака да гласа дали за претседателски или за парламентарни или како што напоменав претходно и за двата избори одеднаш. Притоа, им го објаснува начинот на гласање и им овозможува на гласачите да гласаат. Гласачот може само еднаш да се појави на гласачкото место за остварување на своето избирачко право. Притоа, гласачот го приложува документот за лична идентификација, важечка лична карта или патна исправа, односно за претседателски избори 2024 година лична карта или патна исправа чија важност истекла од 24 јули 2023 година до 24 април 2024 година, а за парламентарните избори гласачот ќе може да гласа со лична карта или со патна исправа чија важност истекла во периодот од 8 август 2023 година до 8 мај 2024 година, кажа Стојаноски.

Појасни дека гласачот добива два гласачки ливчиња доколку се одлучи да гласа за двата вида на избори или едно гласачко ливче за изборите за кој се одлучил да гласа и се потпишува во соодветниот извод од избирачкиот список.

-Гласачот гласа сам тајно зад гласачкиот параван. Гласачот гласањето го врши на тој начин што го заокружува редниот број пред називот, името на листата или редниот број на кандидатот со хемиско пенкало во сина боја. Превитканото гласачко ливче го става во соодветната гласачка кутија, бидејќи утре имаме двојни избори на секое избирачко место ќе има две гласачки кутии соодветно обележани. Притоа, секој гласач се задржува во избирачкото место онолку време колку што му е потребно за да го оствари своето право на глас без притоа да направи каков било застој во истото. На крај гласачот го подигнува документот за лична идентификација и го напушта гласачкото место, истакна тој.

ДИК апелира до избирачките одбори и ОИК да продолжат да ги почитуваат законите и Изборниот законик, упатствата и правилниците донесени од страна на ДИК со цел успешно спроведување на двојните избори кои ќе се одржат во текот на утрешниот ден.

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата во април споредбено со истиот месец минатата година е повисока за 4 проценти покажуваат најновите податоци на статистика.

За една година најголем раст е забележан кај овошјето и зеленчукот. Млечните прозиводи, рибата и морските плодови, шеќерот, џемот, чоколадите. Според статистика од март до април годинава зголемувањето на инфлацијата е минимално од 0.7 проценти. Граѓаните најмногу пари месечно трошат за храна и пијалаци.

Во следните месец, два цената лебот и останатите прехрамбени производи ќе остане стабилна – тврдат од агробизнис комората, но каква ќе биде состојбата по овој период останува неизвесно.

Првиот човек на комората, Горан Ѓорѓиевски вели забележан е раст на цените на житото на светските берзи, кој засега не ја менуваат сликата кај нас, но неизвесна е ситуацијата и поради војната на Блискиот Исток, која влијае на цената на нафтата.

„Догледно е можеби период од месец, два, потоа пак ќе се прави анализа, знаете турбуленциите што се случуваат на Блискиот Исток, покачување на цената на нафатата, еве утрово чиват инфомрација дека можеби Израел ќе го нападне оној дел Рафа се викаше исто палестински дел, повторно започнување на војна, директно таму имплицира зголемување на цена на нафта, раст на нафта повторно имате потенцијални можни нови повисоки цени на суровини од прехрамбената индустрија. Од општо целата индустрија, “изјави Горан Ѓорѓиевски – Агро-бизинс комора при ССК.

Во април минималната синидкална кошничка надмина 60 илјади денари, или е за 1 200 денари повисока од март. Според пресметките на ССМ, едно четири члено семејство месечно само за храна и пијалаци троши нешто над 22 илјади денари, вредност што е речиси идентична со една минимална плата во земјава.

Централна прослава за 7 мај-Денот на македонската полиција

Со пораки за посветеност, транспарентност и соочување со предизвиците, денеска беше одбележан денот на полицијата. 

На настанот кој МВР го организираше во паркот во О. Аеродром, присуствуваше раководството на министерството како и претставници на дипломатскиот кор. Признанија и благодарници им беа доденелени на најистакнати во својата работа од различни сектори.

Министерството за внатрешни работи со низа активности го одбележува 7 мај – Денот на македонската полиција. Во рамки на прославата изложена е и опремата на различни полициски единици.

Граѓаните имаа можност да ги погледнат возилата со кои располага министерството, меѓу нив и дел од најстарите модели кои некогаш биле копристени. Голем интерес предизвика опремата и начинот на работата на форензичарите. Дел од нив и раскажаа за својата работа, односно каква е форнзичката техника и на кој начин земаат отпечатоци.

-Ако имаме траги од папиларни линии кои со голо око може да се видат ги фиксираме и фотографираме- изјави – Даниела Божиновска Мариновска - Оддел за форензички испитувања.

Интерес имаше и за начинот на утврдување при пукање со огнено оружје.

Денот поминува со одбележување и во другите полициски станици низ земјава, а со владина одлука од 1993 токму 7 мај е прогласен за Ден на македонската полиција.

притисни ентер