На настанот кој МВР го организираше во паркот во О. Аеродром, присуствуваше раководството на министерството како и претставници на дипломатскиот кор. Признанија и благодарници им беа доденелени на најистакнати во својата работа од различни сектори.
Министерството за внатрешни работи со низа активности го одбележува 7 мај – Денот на македонската полиција. Во рамки на прославата изложена е и опремата на различни полициски единици.
Граѓаните имаа можност да ги погледнат возилата со кои располага министерството, меѓу нив и дел од најстарите модели кои некогаш биле копристени. Голем интерес предизвика опремата и начинот на работата на форензичарите. Дел од нив и раскажаа за својата работа, односно каква е форнзичката техника и на кој начин земаат отпечатоци.
-Ако имаме траги од папиларни линии кои со голо око може да се видат ги фиксираме и фотографираме- изјави – Даниела Божиновска Мариновска - Оддел за форензички испитувања.
Интерес имаше и за начинот на утврдување при пукање со огнено оружје.
Денот поминува со одбележување и во другите полициски станици низ земјава, а со владина одлука од 1993 токму 7 мај е прогласен за Ден на македонската полиција.