Маслото за јадење со раст на цената од 30 насто, граѓаните се жалат на повисоките цени

Од 70 на 100 денари или цели 30% за само неколку недели. 

Толку е поскапено маслото за јадење. Граѓаните се жалат дека цените растат секојдневно, а тоа најмногу се забележува кај зејтинот. Велат 500 евра не го „крпат“ месецот.

Производителите на маслото за јадење велат дека растот на цената бил неизбежен, бидејќи цените на светските берзи во последниве 6 месеци дупло се зголемиле. Сепак велат трендовите сега се подобри и може да се очекува во следниот период цените да паѓаат.

„Ние едноставно ја пратиме таа, успеваме да купиме количини, нашата фабрика има редовно количини, но едноставно ја пратиме берзанската цена и мораме да ја подигнеме цената на готовиот производ на литар масло.“ / „Најверојатно се должи на недостигот на сирово масло, односно сончоглед, сончогледово масло воопшто. Поради сушата во континуитет 3 -4 години изминатите и поради намалувањето на продажба на поминато масло.“ изјави Сашо Наумоски, производител

Последните податоци на статистика покажуваат дека за една година храната поскапела за 2%. Најмногу се забележува кај маслото кое поскапело за цели 14%, потоа лебот, овошјето, зеленчукот.ССМ пресмета дека на едно четиричлено семејство за да го помине месецот му требаат над 33 илјади денари од кои само 15 илјади за храна и пијалоци.

Кабинет на Пендаровски: Претседателот следната неделаќе извести за неговата кандидатура

Претседателот следната недела официјално ќе извести за неговата кандидатура.

Канал 5 побара став и од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски..Оттаму предмалку за неговата кандидатура за втор претседателски мандат соопштија дека се работи за информации за одлуки кои не се официјално донесени, а претседателот ќе ја информира јавноста во текот на следната недела.

Бундестагот го одби барањето за испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ во Украина

Германскиот Парламент Бундестагот денеска со мнозинство гласови на владејачката социјалдемократско-зелено-либерална коалиција го отфрли барањето на опозициските демохристијани за испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ во Украина.

Опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ поднесе барање во Бундестагот за „пресврт во германската надворешна и безбедносна политика“, што ќе овозможи испорака на ракетниот систем „Таурус“ во Украина.

Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и претставничката група на Унијата ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот, Фридрих Мерц, ги повика претставниците на партиите на владејачката коалиција на социјалдемократите, зелените и либералите (ФДП) да гласаат според нивната совест и да ја одобрат испораката на „Таурус“.

„Украина и натаму не добива во целосна мерка средства што ѝ се потребни за успешно да се одбрани од руската агресорска војна“, рече Мерц.

Советот за безбедност на Германија, во кое германскиот канцелар Олаф Шолц го има одлучувачкиот збор, ја отфрла испораката на германскиот ракетен систем воздух-земја за Украина.

Набљудувачите сметаат дека Шолц ја отфрла испораката на ова вооружување со оглед на тоа дека овие ракети со дострел од 500 километри би можеле да се користат и против цели длабоко на територијата на Русија и да служат за можна ескалација на конфликтот.

Обвинителство: Опожарен автомобил на јавен обвинител

Во текот на вчерашниот ден во Прилеп намерно е опожарен приватниот автомобил на основната јавна обвинителка на Основното јавно обвинителство Прилеп Марјана Илиеска.

Веднаш по настанот извршен е увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело.

Според првичните сознанија, за сега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запалливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета.

Јавното обвинителство на Република Македонија и Здружението на јавни обвинители силно го осудуваат ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност.

притисни ентер