Маскирани напаѓачи со димни бомби загрозиле 400 ученици во гимназија во Белград - Канал 5

Маскирани напаѓачи со димни бомби загрозиле 400 ученици во гимназија во Белград

Учениците од Спортската гимназија во Белград биле нападнати вчера попладне, кога две маскирани лица во два наврати фрлија силни петарди и димни бомби врз нив.

Маскирани напаѓачи со димни бомби загрозиле 400 ученици во гимназија во Белград

Речиси 400 ученици биле загрозени во нападот, а сторителите сè уште не се пронајдени или гонети, пишува Индекс.

„Вчера, околу четири часот попладне, две маскирани лица во два наврати ги таргетираа учениците од Спортската гимназија со петарди и димни бомби. За учениците од Спортската гимназија е катастрофално да се живее во општество каде што е нормално да се врши агресија врз средношколци, вклучително и малолетници.

Овој напад е идеална илустрација за тоа против што треба да се борат младите луѓе денес. Не сакаме да учествуваме во политиката, ниту пак нè интересира која било партија, туку како можеме да го водиме ова општество кон соодветна реакција на таков чин на омраза кон иднината на нашиот народ.

Пленумот на Спортската гимназија ќе продолжи да се состанува, а системот, се надеваме, ќе најде соодветна казна за провокаторите и криминалците. Досега, двете маскирани лица кои нападнаа речиси 400 ученици од Спортската гимназија не се пронајдени и гонети“, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црн биланс во Германија: 99 лица се удавиле во јуни

Во Германија, во јуни се удавиле 99 лица, а повеќето од жртвите биле мажи, според податоците на Германското друштво за спасување.

Црн биланс во Германија: 99 лица се удавиле во јуни

Компанијата изјави дека оваа бројка е најлошиот јунски податок од 2003 година, пренесува „Дојче Веле“.

Најголемиот број на давења е во езерата и реките, каде што струите и вировите претставуваат опасност.

Најчестите причини за несреќи се ненадејното влегување во ладна вода, опасните скокови, обидот за пливање на долга дистанца и консумирањето алкохол пред пливање.

Професорот по социјална психологија на Универзитетот во Констанц, Волфганг Гајсмаер, изјави дека мажите се посклони кон преземање ризици, наведувајќи дека клучниот фактор е нивната тенденција да ги преценуваат сопствените способности.

Феликс Ребичек, кој ги истражува ризиците на Универзитетот за здравствени науки во Бранденбург, изјави дека мажите почесто се капат на диви и ненабљудувани места, што игра голема улога бидејќи е потешко да се реагира во случај на несреќа.

Во Германија, мажите почесто страдаат во сите видови насилна смрт и несреќи, со исклучок на падовите, кои се почести кај постарите лица. Податоците за 2024 година покажуваат дека трипати повеќе мажи загинале во сообраќајни несреќи, речиси двојно повеќе во пожари, а имале и 25 отсто поголема веројатност да бидат жртви на убиство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Град Скопје: 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение

Со силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања.

Град Скопје: 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение

Со силна динамика продолжуваат градежните работи на довршувањето на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од три децении беше симбол на нереализирани ветувања, застој и секојдневни сообраќајни проблеми.

Работите се одвиваат согласно предвидената динамика, а по нивното завршување, повеќе од 100.000 жители ќе добијат современ и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, пешачки патеки и велосипедска инфраструктура, што значително ќе ја подобри безбедноста и проточноста на сообраќајот.

Во рамките на проектот, трасата е речиси целосно пробиена, додека паралелно се реализира изградба на нова атмосферска канализација, со што трајно ќе се надминат долгогодишните проблеми со одводнувањето во овој дел од градот.

Реализацијата на овој капитален проект претставува конкретен чекор кон подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, намалување на сообраќајниот метеж и создавање модерна и функционална сообраќајна инфраструктура.

По долгогодишно чекање, булеварот „Борис Трајковски“ конечно добива решение, со што се исполнува едно од најважните инфраструктурни очекувања на жителите од овој дел на Скопје.

За булеварот Борис Трајковски се огласи и градоначалникот на Скопје,Орце ЃорЃиевски.

[❤️] Зборот е збор.

[👷] Со силна динамика продолжуваат работите на довршување на булеварот „Борис Трајковски“, проект што со децении беше симбол на лажни ветувања, застој и секојдневен сообраќаен хаос.

[🫵] Денес, со задоволство можам да кажам дека работите напредуваат според предвидената динамика и дека наскоро повеќе од 100.000 жители ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар со четири сообраќајни ленти, како и уредена пешачка и велосипедска патека.

[🚛] Трасата е речиси целосно пробиена, а паралелно се гради и нова атмосферска канализација, со што трајно се решаваат проблемите што со години го отежнуваа животот на граѓаните од овој дел на Скопје.

[✔️] Свесен сум низ што поминуваше мојот народ сите овие години.

Свесен сум за изгубеното време, нервозите и долгото чекање.

[🫡] Но, деценискиот сообраќаен хаос конечно заминува во историјата.

[♥️] Ова е враќање на достоинството на граѓаните и доказ дека кога има волја, работа и одговорност - нема невозможни работи!

[♥️] Продолжуваме да го менуваме ликот на Скопје!

Стои во објавата на Фејсбук на првиот чпвек на Градот Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собраниска делегација учествуваше на КОСАК во Даблин

Првата работна сесија беше посветена на темата „Приоритетите на ирското претседателство со Советот на Европската Унија“, на која воведно обраќање имаше ирскиот премиер, Микеал Мартин.

Собраниска делегација учествуваше на КОСАК во Даблин

Претседателот на Комисијата за европски прашања при Собранието на Македонија, Антонијо Милошоски, и заменик членот на Комисијата, Саранда Имери Стафаи, учествуваа на Конференција на претседателите на комисиите за европски прашања на парламентите на Европската Унија (КОСАК), која се одржа на 12 и 13 јули 2026 година во Даблин, во рамките на ирското претседателство со Советот на Европската Унија.

Во рамките на програмата, конференцијата започна со поздравно обраќање на претседателката на Долниот дом на ирскиот парламент, Верона Марфи, по што состанокот го отвори Бери Ворд, претседател на Заедничката комисија за прашања на Европската Унија при Парламентот на Ирска. Во воведниот дел беа разгледани процедуралните прашања, извештајот од состанокот на Претседателската тројка, предлог-дневниот ред на 76. Пленарен состанок на КОСАК, како и други значајни прашања.

Првата работна сесија беше посветена на темата „Приоритетите на ирското претседателство со Советот на Европската Унија“, на која воведно обраќање имаше ирскиот премиер, Микеал Мартин. Имено, се истакна дека приоритетите на Ирското претседателство со Советот на ЕУ се насочени кон конкурентност, вредности и безбедност. Понатаму се потенцираше дека фокусот е ставен особено на зајакнување на единствениот пазар и европската економија, поддршката за Украина, владеењето на правото и проширувањето на ЕУ, како и унапредување на европската безбедност, киберотпорноста и управувањето со миграцијата. Понатаму, дополнителен приоритет ќе бидат и преговорите за новата Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028 – 2034.

Во рамките на дискусијата свое обраќање имаше Антонијо Милошоски кој се осврна на приоритетите на ирското претседателство со Советот на ЕУ, со особен акцент на политиката на проширување на Унијата кон земјите од Западен Балкан. Тој потсети на Солунската агенда од 2003 година, со која беше потврдена европската перспектива на земјите од регионот, нагласувајќи дека и по повеќе од две децении процесот на пристапување сè уште не е заокружен. Во тој контекст, изрази очекување дека за време на грчкото претседателство со Советот на ЕУ следната година да биде направен значаен исчекор во процесот на проширување на земјите од регионот. Воедно, потсети дека Република Македонија ја поднесе својата апликација за членство во Европската Унија уште во 2004 година, укажувајќи на долгото времетраење на пристапниот процес.

Темата на втората сесија беше „Парламентарната соработка и демократската отпорност во неизвесен свет“, на која воведни излагања имаа Мајкл Мекграт, еврокомесар за демократија, правда, владеење на правото и заштита на потрошувачите, и проф. Бриџид Лафан, почесен професор по европска политика на Европскиот универзитетски институт, по што следеше дебата меѓу учесниците. На оваа сесија се истакна дека Европската Унија се соочува со сè покомплексни предизвици, како што се дезинформациите, киберзаканите, странското мешање и влијанието на новите технологии, особено вештачката интелигенција, врз демократските процеси. Нагласена беше важноста од зајакнување на парламентарната соработка, транспарентноста и демократската отчетност, како и од поефикасна координација меѓу националните парламенти и Европскиот парламент во заштитата на владеењето на правото, изборниот интегритет и довербата на граѓаните во демократските институции.

На оваа сесија свое обраќање имаше Саранда Имери Стафаи, која се осврна на важноста на парламентарната соработка. Во дискусијата, таа истакна дека парламентарната соработка не претставува само низа состаноци и размена на мислења меѓу пратениците, туку пред сè процес на градење меѓусебна доверба и заедничко изнаоѓање решенија за заедничките предизвици со кои се соочуваат европските демократии. Притоа, нагласи дека улогата на демократски избраните претставници е клучна во заштитата и унапредувањето на демократските вредности, при што одбраната на демократијата не смее да остане само на декларативни заложби и зборови, туку треба да се потврдува преку конкретни активности, одговорни политики и дела.

Состаноците на претседателите на КОСАК претставуваат значајна можност за размена на мислења меѓу претседателите на комисиите за европски прашања на парламентите на земјите членки на Европската Унија и земјите кандидатки, како и со претставниците на Европскиот парламент и Европската комисија, за актуелните предизвици со кои се соочува Европската Унија, за парламентарната соработка, но и идните насоки на европската интеграција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер