Белгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија
2Белгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија
ТехнологијаМаск: „Тесла" и „Спејс-Икс" под силен инфлациски притисок Извршниот директор на „Тесла инк", Илон Маск, соопшти дека американскиот производител на електрични автомобили и неговата ракетна компанија „Спејс-Икс" се соочуваат со значителни инфлациски притисоци врз суровините и логистиката.На Твитер, Маск ја сподели загриженоста за изгледите за брза инфлација и рече дека неговите компании „не се сами во тешкотиите", цитирајќи напис во кој се вели дека конфликтот меѓу Украина и Русија ги доведе цените на суровините на највисоките нивоа од 2008 година. Руската инвазија на Украина ги зголемува цените на металите што се користат во автомобилите, од алуминиум до паладиум и висококвалитетен никел. Иако металите сѐ уште не се предмет на санкции од Западот, некои автоделови и добавувачи се воздржуваат од руски суровини, со што се врши голем притисок врз производителите на автомобили кои и онака веќе се погодени од недостигот на проводници и од повисоките цени на енергијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалОфицијалните канали на белгискиот тим со порака до Трамп и Инфантино: -„Поништи го ова!“Фудбалската репрезентација на САД во осминафиналето го заврши својот мундијалски сон за висок пласман на првенството на кое е кодомаќин. Репрезентација на Белгија во осминафиналето синоќа ги совлада САД со убедливи 4:1 и обезбеди место меѓу осумте најдобри селекции на 23 Светски шампионат. За Белгијците овој успех и триумф е уште посладок, ако се замат во предвид контроверзиите кои го следеа овој дуел уште пред неговиот почеток. ФИФА под притисок на американскиот претседател Трамп му го поништи црвениот картон на напаѓачот на САД, Фоларин Балогун, кој го доби против БиХ и му дозволи да игра во осминафиналето. Молбата од Трамп која првиот човек на ФИФА, Инфантино ја прифати предизвика без низ целиот свет кај скоро сите искрени љубители на буба-марата. Секако успехот на Белгија во овој контроверзен меч предизвика хаос и на социјалните мрежи. Официјалните канали на белгискиот тим на социјалните мрежи брзо испратија порака откако беше потврдена нивната победа од 4-1. „Поништи го ова!“, пишуваше во објавите, по четвртиот гол кој го постигна Лукаку.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦелосно реновирани две детски игралишта во КарпошВо рамки на проектната активност за санација и реконструкција на урбаната опрема, Општина Карпош направи замена на старите и оштетени реквизити на уште две детски игралишта.На детското игралиште кое се наоѓа на ул. Никола Парапунов обновени се клупите, поставени се нови лулашки и санирана е останатата урбана опрема во склоп на ова катче. На детското игралиште кај Адреналинскиот парк, во близина на кејот на реката Вардар, се изврши фарбање на урбаните елементи, се зацврстија подлогите на лулашките, се реновирааа клацкалките, лизгалките, а се заменија и старите дотраени дрвни конструкции. Општината продолжува со засилено темпо на реконструкција и реновирање на претходно мапирани оштетени детски игралишта, сè со цел да им се обезбеди пријатен и безбеден престој за дружба, забава и игра на карпошани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Мисајловски на Самитот на НАТО во АнкараДенеска и утре (7 и 8 јули) во Анкара се одржува Самитот на Северноатлантската Алијансата, каде нашата држава ќе биде претставена од највисока делегација.Денеска и утре (7 и 8 јули) во Анкара се одржува Самитот на Северноатлантската Алијансата, каде нашата држава ќе биде претставена од највисока делегација, предводена од претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска – Давкова, а составена од министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцински и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски. На претстојниот Самит фокус ќе бидат неколку значајни теми меѓу кои и инвестициите наменети за одбраната, развојот на одбранбената индустрија и помошта за Украина. Министерот Мисајловски во рамки на Самитот ќе учествува на Форумот за одбранбена индустрија; приемот за министри за одбрана организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер и на церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NFTE – NATO Flight Training Europe). Во Анкара министерот ќе оствари повеќе работни средби со неговите колеги министри за одбрана на сојузничките земји и ќе учествува на работниот состанок на Северноатлантскиот Совет со партнерите од Индо-пацифичкиот регион (Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Република Кореја).Тагови: Владо Мисајловски НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook