АвтомобилизамМаск објави видео од автомобилот Тесла што зборува со минувачите (ВИДЕО)Од кога постојат, автомобилите не можат да комуницираат директно со пешаците и минувачите, освен ако не се исклучи можноста за трубење во момент кога пешак е попречен на патот.Но, тоа може да се промени ако веруваме во она што го пишува изумителот на Тесла, Илон Муск на својот профил на Твитер. „Автомобилите на „Тесла“ наскоро ќе можат да комуницираат со луѓето“, објави на твитот претприемачот, објавувајќи видео на Моделот 3 како им се обраќаат на минувачите преку надворешни звучници. Teslas will soon talk to people if you want. This is real. pic.twitter.com/8AJdERX5qa — Buff Mage (@elonmusk) January 12, 2020 „Па, немој само да стоиш таму и да зјапаш. Ајде внатре!“ „вели“ автомобилот во објавата дека автомобилите Тесла во иднина ќе може да се користат како самостојни такси возила. Компанијата е позната по надградба на софтвер кој обезбедува дополнителна функционалност на автомобилите Tesla. Сепак, сè уште не е познато кои модели на Tesla се веќе опремени со надворешните звучници потребни за извршување на таквата функција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
СветИсчезнати 15 планинари во поројни поплави во Гранд Кањон во САДОколу 15 планинари се водат како исчезнати по силните поројни поплави што во саботата погодија делови од Гранд Кањон во САД. Спасувачките екипи досега со хеликоптери евакуирале 62 лица, а според достапните информации нема повредени.Американската служба за национални паркови првично соопшти дека се трага по повеќе од 20 луѓе, но подоцна бројот на исчезнати беше намален на околу 15. Поројните води предизвикале голема материјална штета во делови од Кањонот, однеле мостови и принудиле властите да затворат повеќе пешачки патеки. Една од евакуираните планинарки изјави дека времето било убаво пред луѓето одеднаш да почнат да врескаат и да бегаат од надојдената вода. Планинарите биле упатени на повисоки и побезбедни места, каде што со часови чекале да бидат евакуирани со хеликоптери.Тагови: Гранд Кањон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски немаЦените во Македонија со месеци се до плафон, во продавници, маркет, на пазар, насекаде, платите стагнираат а стандардот на граѓаните паѓа. Потрошувачката кошничка достигна речиси 90.000 денари со вклучена кирија, додека просечната плата се намали за 1.163 денари. Ова е последица на погрешните и криминални политики на Владата на Мицкоски која не презеде никакви мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Цените на горивата пораснаа, дизелот надмина 100 денари, а Владата на Мицкоски не мрдна со прст. Не ги намали акцизите, не го намали ДДВ од 18% на 5%. Не ја покачи минималната плата на 600 евра, ниту ги покачи платите и пензиите. Во вакви услови воведувањето некаква на школскиот прибор нема да има никаков ефект. На родители им се потребни поголеми плати, за да може децата да ги испратат во училиште, да му обезбедат храна, ужинка, облека, трошоци врзани со образовниот процес... За Владата на Мицкоски граѓаните не се приоритет туку бизнис интересите. Затоа граѓаните се оставени сами, без пари, со празни паричници и празни фрижидери. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВо Гари отворена спомен соба за копаничарот Петре ГаркатаВљубеници на големиот копаничар Петре Филиповски-Гарката отворија спомен соба посветена на Петре Гарката со цел да се зачува споменот на Гарката и неговата копаничарска уметност и традиција на мијачијата. Петре Гарката е симобл на иконстасите во црквите и манастрите. Тој и неговата тајфа работеле на многу иконостаси. Најпознати негови иконостаси со неговата тајфа се иконостасите во манастирите „Св. Гаврил Лесновски“, Св. „Јован Бигорски“ и црквата Св. „Спас“ во Скопје.Тагови: Петре Гарката Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44