3Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните
ТехнологијаМаск: Не сакам да го преземам ТикТок Мултимилијардерот Илон Маск,сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека не е заинтересиран да ја купи TikTok,социјалната мрежа која САД се обидуваат да ја забранат поради наводна безбедносна закана од нејзините кинески сопственици.Изјавата на Маск од крајот на јануари е објавена вчера на веб-страницата на WELT Group, дел од германската медиумска корпорација Axel Springer SE, која беше домаќин на настанот, на кој како гостин беше сопственикот на Tesla, SpaceX и X преку видео врска. „Не дадов понуда за TikTok“, рече милијардерот една недела откако Трамп предложи дека е отворен Маск да ја преземе апликацијата, во сопственост на кинеската ByteDance. „Немам планови што ќе правам со TikTok“, рече Маск, додавајќи дека тој лично не ја користи апликацијата и не е запознаен со нејзиниот формат. „Воопшто не сум желен да го преземам TikTok, обично не преземам компании, тоа е многу ретко“, продолжи Маск, нарекувајќи го своето преземање на поранешниот Твитер необично. „Генерално градам компании од темел“, додаде тој. Трамп потпиша извршна наредба со која бара одложување на забраната на популарната апликација, која требаше да биде блокирана во САД на 19 јануари. На ByteDance му е даден рок во јануари да ги продаде американските средства на TikTok или ќе се соочи со забрана. Американските законодавци се загрижени дека апликацијата претставува закана за националната безбедност бидејќи кинеските власти би можеле да ја принудат да споделува податоци за американските граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање. На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНајголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи. Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи. Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешка салатаВо четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.Состојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек 5 - 6 кисели краставички 100 гр. сусам 150 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Прилог потпечени лепчиња и шери домати Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook