Маск најави дека следната година Тесла ќе има прототип на хуманоиден робот - Канал 5

Маск најави дека следната година Тесла ќе има прототип на хуманоиден робот

По доминација на пазарот на електрични возила и влезот во вселенската трка, сопственикот на Тесла, Илон Маск, објави нова област што сака да ја освои - хуманоидна роботика.

Маск најави дека следната година Тесла ќе има прототип на хуманоиден робот

Тој рече дека ќе го има првиот прототип на хуманоидниот Tesla Bot до следната година.

„Врз основа на истата технологија како полуавтономните возила, роботот ќе може да извршува основни задачи насочени кон елиминирање на потребата луѓе да се вклучат во опасни или здодевни работи“, рече Маск на онлајн настан за напредокот на Тесла во вештачката интелигенција.

„Тесла е веројатно најголемата роботска компанија во светот, бидејќи нашите автомобили се получувствителни роботи на тркала“, рече Маск. „Некако има смисла да се стави во хуманоидна форма.“

Фалењето на Маск со технологијата за автоматизација доаѓа во време кога Тесла се соочува со зголемена контрола врз нивниот систем за помош на возачите, а регулаторите за безбедност во Соединетите држави започнале истрага по серијата судири.

Тесла е обвинет дека ги довел во заблуда возачите да веруваат дека таканаречените автономни возила можат сами да возат.

Ова не било дискутирано вчера на онлајн конференцијата, која што траела два и пол часа, ниту пак прашањето го отворил некој од присутните.

Наместо тоа, Маск вети дека неговите идни роботи ќе бидат бенигни.

Тој рече дека Tesla Bot, кој ќе има раце со пет прсти и ќе биде црно-бел, ќе биде пријателски расположен.

Маск, втората најбогата личност во светот според Форбс, на конференцијата рече дека верува дека роботите ќе ја преземат физичката работа.

„Мислам дека во иднина физичката работа ќе биде избор“, рече тој.

Како извршен директор на Тесла, Маск ја трансформира компанијата од старт-ап компанија во компанија која го наметнува темпото на индустријата за електрични автомобили. Компанијата во јули објави дека кварталниот профит за првпат надминал милијарда долари.

Компанијата на Маск, SpaceX, исто така, се натпреварува на растечкиот пазар за комерцијални вселенски летови, додека целта на Невролинк е да развие импланти во мозокот за поврзување на луѓето и компјутерите.

Но, Маск, кој се нарече себеси „техно-крал“, постојано се судира со регулаторите за се`, од употреба на социјалните медиуми и дискусии за операциите на Тесла до локалните здравствени протоколи за коронавирусот во неговите фабрики.

Компанијата е обвинета и за нефер работни практики и отпуштање на синдикалниот организатор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање.

„Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА.

Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили.

Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката.

Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија.

Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура.

Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област.

Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Ограбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.

Три маскирани лица ограбиле обложувалница во Чаир

Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот.

„Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер