Маск на Твитер објави нов прашалник за враќање на профилите - Канал 5

Маск на Твитер објави нов прашалник за враќање на профилите

Илон Маск започна ново истражување за враќање на прекинатите кориснички сметки на Твитер, користејќи го истиот метод како и во случајот со поранешниот претседател Доналд Трамп, пренесува AFP.

Маск на Твитер објави нов прашалник за враќање на профилите

„Дали Твитер треба да понуди општа амнестија за укинати сметки, под услов корисниците да не го прекршуваат законот и да не се впуштаат во скандалозен „спам“? Да/Не“, е прашањето на кое требаше да одговорат корисниците на Твитер.

Пет часа подоцна пристигнаа одговори од околу два милиони корисници, кои во огромно мнозинство гласаа „ЗА“, т.е. за повторно активирање на укинатите сметки. Маск, новиот сопственик на Твитер, откако анкетата за Трамп покажа дека над 50 отсто гласале за обновување на сметката на поранешниот претседател, во саботата го врати неговиот профил, кој беше суспендиран по минатогодишниот напад на американскиот Капитол.

„Народот одлучи. Трамп ќе биде вратен во функцијата“, напиша Маск пред четири дена на Твитер по 15 милиони одговори на истражувањето за враќање на профилот на американскиот милијардер и поранешен претседател. За негова „рехабилитација“ гласале 51,8 отсто од корисниците на Твитер.

„Vox Populi, Vox Dei“, напиша Маск на Твитер, латинска фраза што значи „гласот на народот е гласот на Бога“. Твитер претходно врати некои контроверзни сметки кои беа забранети или суспендирани, вклучително и сатиричната веб-страница Babylon Bee и комичарката Кети Грифин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија

Претседателот на СДСМ, проф д-р Венко Филипче упати честитки до граѓаните на Србија по големата победа на изборите. 

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија

„Честитки до граѓаните на Србија за големата, историска победа!

Како што најавивме, следува ослободување од криминалните структури на власта. Падна Орбан. Падна Вучиќ. Сите знаеме кој е следен.

Очекувам Србија и Македонија да градат најдобри можни односи, засновани на меѓусебно почитување и соработка.

На граѓаните на Македонија им порачувам дека нè чека борба, ни малку лесна, затоа што се бориме против остатокот од оваа криминална балканска група. “ стои во честитката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студентите ја прославија победата во центарот на Белград

Веднаш по прогласувањето на победата, во центарот на Белград почна славењето, кое траење до доцна во ноќта. Таму беше и екипата на Канал 5 – новинарот Михаило Донев и снимателот Зоран Блажевски.

Студентите ја прославија победата во центарот на Белград

Каква беше синоќа атмосферата на улиците во главниот град на Србија и како е утринава се разотиде ли народот од улиците?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 10:00 часот на 13.10.2026 на патниот правец А1 делница Прилеп – Кавадарци во делот Беловодица –Тројаци се воведува времен режим на сообраќај со наизменично пропуштање на возилата заради градежни активности и ќе биде во сила се до завршување на истите.

Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација.

Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите.

МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим.

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект.

На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим.

На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер