Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
1Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
2Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
ТехнологијаМаск му се потсмева на Безос: Не можеш да стигнеш ниту до орбитатаВселенскат трка на двајцата најбогати луѓе на светот денеска доби нови размери, откако првиот човек на Тесла, Илон Маск, ги исмеа обидите на Џеф Безос да ја оспори неговата голема зделка со НАСА.Двајцата милијардери кои се обидуваат да лансираат орбитални ракети со долг дострел се борат за атрактивен договор со американската влада за изградба на вселенски брод што ќе превезува астронаути на Месечината можеби уште во 2024 година. Маск победил, а Безос не е задоволен од тоа. Неговата компанија Blue Origin вчера апелирала до надлежната владина канцеларија, обвинувајќи ја американската вселенска агенција НАСА за промена на условите на тендерот во последен момент. Маск, кој исто така управува со SpaceX, објавил на Твитер: „Не може да се дигне (да орбитира), умирам од смеа“. SCOOP: Jeff Bezos' Blue Origin files a protest against NASA's awarding of the lunar lander contract to Elon Musk's SpaceX. https://t.co/8YV2tcbWe5 — Kenneth Chang (@kchangnyt) April 26, 2021 Тој дополнително не го објасни твитот. Blue Origin заостанува далеку зад SpaceX и United Launch Alliance (ULA) во транспортот во орбитата, што резултира со загуба на договори за лансирање во вредност од 1 милијарда долари во 2022 година. УЛА е заедничко вложување на Боинг Ко и Локид Мартин Корп.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска присуствуваше на затворањето на шестиот „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“, што се одржува под нејзино покровителство, а во организација на „Македонија 2025“.Таа оцени дека ваквите иницијативи не само што придонесуваат за стекнување напредни знаења и вештини во областа на роботиката, програмирањето, инженерството и иновациите, туку ги подготвуваат младите да бидат активни актери во обликувањето на иднината, наместо пасивни набљудувачи на промените. Според неа, особено важно е младите да размислуваат критички, да создаваат иновативни решенија и да ги користат современите технологии како средство за општествен напредок, одржлив развој и подобар квалитет на животот. Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката. Потсетувајќи на роботот Протеус, кој се свртел против својот творец, таа нагласи дека човештвото мора мудро да се однесува кон новите технологии, оти тие треба да останат во служба на човекот, а не да станат причина за губење на човечката димензија. Учесниците ги споделија своите искуства од кампот, истакнувајќи дека програмата им овозможила да стекнат нови знаења и вештини, да работат на иновативни проекти и да воспостават пријателства со врсници од различни земји. Тие ги презентираа проектите изработени за време на кампот, по што претседателката, во својство на покровителка, им ги врачи сертификатите за успешно завршување на програмата. Годинава, кампот обедини 24 млади на возраст од 11 до 15 години од македонската дијаспора во САД, Малта, Србија, ОАЕ, Германија и од неколку градови низ државата.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
ЗдравјеБешлиовска: Во 15 установи потребни се најмалку 210 нови медицински сестриСамо во 15 здравствени установи недостигаат повеќе од 200 медицински сестри, алармираат од Здружението на сестри и техничари.Според претседателка Гордана Бешлиовска, недостигот е реалност која не смее да се решава со паушални барања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаОхридскиот студентски дом под клуч, 18 институти се затворени поради незаконско работењеКлуч на врата на студентскиот дом „Никола Карев“ до негова целосна реконстукција. Ваква најава денеска од Охрид даде министерката за образование Весна Јаневска, откако студентите изминатиот период алармираа дека со денови останувале без струја, неретко учеле и живееле на светлина од свеќи, без топла вода и во сериозно лоши услови..Според Јаневска, лошата состојба во студентскиот дом се должела на лошото менаџирање и натрупаните долгови, за што најави и постапка за избор на нов директор. Јаневска посочи дека МОН во реконтукцијата вложува 5,5 миниони евра и се очекува активностите да започнат до крајот на годинава. - Оваа година ќе почне и реновирањето на студентскиот дом во Охрид, тој е во лоша состојба. Да, ние направиме ревизија, свесни сме дека досегашното раководство крајно недомаќински работело и во моментов е процес на промена на директорот, но сметајте дека тој студентски дом од денес е затворен, без оглед што ќе има промена на директорот и некаде очекувам пред крајот на годината да почне негова реконстукција. - Весна Јаневска – министерка за образование и наука Дополнително, Јаневска откри и дека поради утврдени неправилности затворени се 18 институти за високо образование и една приватна стручна школа, а се чешла работењето на уште 5 универзитети. - Има временски рокови за тоа и ние ги почитуваме, законот го почитуваме. Како ќе поминат роковите за жалба или евентуално ако може нешто да се поправи, така тие што не пправуваат ќе бидат завторани. До сега се затворени 18 институти и една приватна високо стручна школа. Во процес сме на затворање на уште, не ме фаќајте за збор 5,6 институти сигурно и правиме мониторинг во најмалку уште 5 универзитети.- Весна Јаневска – министерка за образование и наука Инаку, студентските домови Стив наумов и Кузман Јосифовски – Питу во Скопје според најавите на Јаневска вратите за студентите ги отвораат со почетокот на новата академска година, додека од септември се очекува да започне реконстукција и на студентските домови во Битола, Прилеп и Штип. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook