3Весна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масата
2Светски ден на менталното здравје: Антидепресивите и натаму е почест избор од разговорот со психолог
АвтомобилизамМаск: Ќе направиме сопствена батерија, најевтината Тесла ќе чини 25.000 долариИлон Маск верува дека неговата компанија во иднина ќе произведува дури 20 милиони возила годишно.На манифестацијата „Battery Day“ која е одржана во вторник во рамките на фабриката на Тесла во Фримонт, Илон Маск открил дека неговата компанија планира производство на сопствена погонска батерија, благодарение на која најевтината Тесла би имала значително пониска цена од сега. Целта е електромобилот да чини колку и одговарачки модел со мотор со внатрешно согорување ако не и помалку. Преведено во долари, Маск планира цената на најевтиниот Тесла автомобил да изнесува 25.000 долари. За споредба, моментално најевтиниот Модел 3 чини нешто помалку од 38.000 долари. Како резултат на поевтинувањето на автомобилите на електричен погон се очекува се помасовна продажба во светот. Маск вели дека сака Тесла во некој момент во иднината годишно да произведува дури 20 милиони возила на стрија, додека овогодинешната проектирана продукција е 500.000 Тесла автомобили. Меѓутоа, првиот човек на тесла наведува дека неговата батерија се уште не е подготвена и дека е потребно да се работи на зголемување на капацитетот на самата батерија и намалувањето на трошоците, а потоа и организација на производство. За се наведено, Маск на самиот себе си задал тригодишен рок, па не треба да се очекува масовно производство на Тесла погонски батерии пред 2022 година. Кога станува збор за цената на батерија, според неговите збороци, клучно е таа да биде под 100 долари за 1 kWh. Инаку, во склоп со мерките кои се спроведуваат заради коронавирусот, манифестацијата „Battery Day“ е одржана на отворено, на паркингот на компанијата, а публиката седела во паркирани Тесла автомобили и го слушала Илон Маск како говори од бината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФото: Македонија обоена во зелено по повод Европскиот ден за донирање органи.По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечер, како и синоќа, повеќе објекти во државата ќе бидат осветлени во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот. За таа цел речиси сите општини во повеќе градови низ Македонија и институции се приклучија кон иницијативата. Министерството за здравство се заблагодарува за оваа симболична порака со која се дава поддршка за органодарителството и трансплантацијата. Светлината ја пренесува пораката дека хуманоста може да спаси животи. Секој донор е надеж. Секое „да“ е нов живот. Да ја шириме свесноста, да поттикнуваме хуманост и да даваме надеж за нов живот!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотУраган од четврта категорија се движи кон брегот на МексикоМоќниот ураган „Симон“ од четврта категорија се движи кон мексиканскиот брег со голема брзина.Националниот центар за урагани во Мајами утрово објави дека брзината на ветерот достигнала 225 километри на час. Симон би можел да донесе помеѓу 25 и 50 сантиметри дожд во делови од југозападно Мексико, а на некои места и до 76 сантиметри, се вели во соопштението на центарот. Жителите се повикуваат да се подготват. Метеоролозите предупредија на поплави и свлечишта што претставуваат опасност по животот. Државата халиско објави дека нема да има настава за понеделник и започна евакуација на десетици луѓе од загрозените подрачја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо руски напади врз Запорожје загинаа осум лица, меѓу кои три децаНајмалку осум лица, меѓу кои и три деца, загинаа, а 16 се повредени во руските воздушни напади што беа извршени рано утринава врз градот Запорожје, на југоистокот на Украина, соопштија украинските власти. Во нападите уште 12 лица се водат како исчезОва го потврди Иван Федоров, копретседавач на советот за одбрана на запорошкиот регион, откако претходните податоци на националната полиција и на регионалната воена управа укажуваа на седум жртви во овој регионален центар, што се наоѓа на само неколку десетици километри од линијата на фронтот. „Рано утринава руските сили фрлија пет наведувани воздушни бомби врз станбените населби во регионалниот центар запорожје. Две од нив погодија станбени згради“, се наведува во соопштението на националната полиција. Украинските служби за итни интервенции извлекуваа луѓе од урнатините, јави известувачот на франс прес од местото на настанот. Русија во последните месеци ги засили нападите врз украинската територија, што доведе до зголемување на бројот на цивилните жртви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter