Маск: Ќе ја повлечам понудата за Опен АИ доколку компанијата остане непрофитабилна - Канал 5

Маск: Ќе ја повлечам понудата за Опен АИ доколку компанијата остане непрофитабилна

Алтман ја одби понудата на Маск претходно оваа недела, нагласувајќи дека Опен АИ „не е на продажба“. 

Маск: Ќе ја повлечам понудата за Опен АИ доколку компанијата остане непрофитабилна

Американскиот милијардер Илон Маск изјави дека ќе ја повлече понудата од 97,4 милијарди долари за непрофитната организација што го контролира Опен АИ (OpenAI) под услов извршниот директор на компанијата Сем Алтман да се откаже од својот план да ја претвори компанијата, што е зад ChatGPT, во „профитен ентитет“.

„Доколку одборот на Опен АИ е подготвен да ја зачува мисијата на добротворната организација и одлучи да го отстрани знакот 'за продажба' од своите средства со запирање на конверзијата, Маск ќе ја повлече понудата“, изјавија адвокатите на Маск во поднесок пред судот во Калифорнија.

Алтман ја одби понудата на Маск претходно оваа недела, нагласувајќи дека Опен АИ „не е на продажба“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трајанов: Има индиции дека границата е нелегално премината, институциите детално да истражат

Може ли во моментов да се детектира чија е одговорноста за бегството на Ива Михаилова? 

Трајанов: Има индиции дека границата е нелегално премината, институциите детално да истражат

Има ли и каква е улогата на бугарските власти во случајот.. За овие дилеми свое видување има поранешниот министер за внатрешни работи Павле Трајанов, со него разговара Јана Јосифоска.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пораката од Софија е повеќе од јасна дека нема да ја екстрадира Михаилова, вели Давидовиќ

Вчерашното соопштение од бугарското МВР, според правните експерти, е јасен сигнал дека Софија нема да ја екстрадира Ива Михаилова, повикувајќи се на нејзиното бугарско државјанство. 

Пораката од Софија е повеќе од јасна дека нема да ја екстрадира Михаилова, вели Давидовиќ

Адвокатот Звонко Давидовиќ вели дека иако бугарското МВР се осврнува на технички детали околу црвената потерница, за правните експерти пораката од Софија е повеќе од јасна – Бугарија нема да го екстрадира својот државјанин.

Меѓу редови соопштението на бугарското МВР кажува и се повикува дека е државјанин и на Република Бугарија и посочува дека секоја држава има право да не екстрадира свој државјанин.

И најверојатно во таа насока и ќе оди целата постапка. Се друго наведено во соопштението се однесува на технички дали има или нема црвена потерница итн. Но суштината е дека меѓу редови свој државјанин не се спремни да екстрадираат.

Дури и евентуалното распишување црвено известување од Интерпол нема драстично да ги смени работите, смета Давидовиќ, бидејќи во случајот дополнително се прекршуваат политиката и нарушените односи меѓу двете земји. Но, главниот пропуст, според него, е направен дома – со тоа што на осомничената не ѝ беше веднаш одреден притвор.

Факт е дека до вакво нешто не можело и не смеело да дојде затоа што најчесто во вакви тешки кривични дела, тешки дела против безбедноста на сообраќајот, во 99% од случаите се определени мерки притвор.

Зошто тоа и овде не е направено, тоа треба да објасни и обвинителот кој не го побарал и судот кој не определил мерка.

Пред Основниот суд во Кочани веќе се одржаа неколку рочишта против Михаилова, која се товари за тешки дела против безбедноста на сообраќајот, со смртни последици.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално

Ива Михаилова и татко и ќе одговараат, уверува премиерот Христијан Мицкоски отфрлајќи ги обвинувањата од опозицијата за наводен договор околу нејзиното бегство од земјава. 

Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално

И покрај тоа што Бугарија навести дека нема да ја екстрадира, тој ги повика тамошните власти да ја предадат и да одговара пред македонските органи. Како ја напуштила државата, Мицкоски вели МВР се уште истражува, но јасно е дека таа и адвокатот преминале граница на нелегален начин.

„Тоа што опозицијата и раководството на нашиот источен сосед се на иста линија говори многу за тоа што и каква била намерата. Ниту Ива е намерата ниту било што. Намерата е да се создаде политичка тема за која претпоставиле дека ќе влијае на рејтингот на владејачката коалиција, односно на ВМРО-ДПМНЕ, и на тој начин ќе обезбедат одредена корист за опозицијата. Ако е тоа така договорено, ние ги бараме назад и неа и нејзиниот родител. Уште денеска да ги донесат и да видиме дали е така договорено или не. / Ве гледам во очи и ви кажувам: кога-тогаш. Тоа што сум го кажал сум го направил. И татко ѝ и таа ќе одговараат. Кога-тогаш. “-Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Премиерот со критики за политичкиот врв во Бугарија бидејќи застанаа во одбрана на Михаилова, потег кој оценува дека наштетува на меѓусоседските односи.

„ Жалам што политичкото водство во Бугарија се обидува на овој начин да покаже политички мускули, а не ја сфаќа штетата која сама себе си ја прави на меѓународен план, тоа е нивна одлука да изберат ваква политика.. Жалам што тие наместо лице правосилно осудено да го вратат тука да ја отслужи казната за којашто е осудена, тие од него прават естрадна звезда и кловн.. “ -Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Македонското министерство за надворешни работи пред два дена го повика бугарскиот амбасадор во земјава за да ја пренесат пораката и по дипломатски пат, дека најавите за прием на високо ниво за Михаилова за Македонија се провокација.

Досега најава за средба со неа има од претседателката Илијана Јотова, која за случајот го информирала главниот комесар за човекови права во Обединетите Нации.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер