Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови денес во Ресен, Охрид и Кичево
2Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови денес во Ресен, Охрид и Кичево
Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
1Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
АвтомобилизамМаск ќе го сврти вниманието на „Тесла“, бидејќи профитот на компанијата се намалува Технолошкиот милијардер Илон Маск изјави синоќа дека планира да поминува значително помалку време работејќи за американскиот претседател Доналд Трамп, откако неговиот производител на електрични автомобили пријави намалување на профитот.Посочи дека ќе го насочи својот фокус кон управувањето со „Тесла“ од мај. Тој додаде дека има намера да продолжи да поминува еден до два дена во неделата на должности на американската влада, барем додека Трамп го дозволува тоа.Тагови: Илон Маск тесла Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончевои топло со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени. Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНад 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови денес во Ресен, Охрид и КичевоЗа мерката Самовработување со грант годинава се предвидени 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра, и со истата ќе се овозможи 2.043 лица да започнат сопствен бизнис, што е зголемување за 313 лица во однос на минатата година.Голем интерес за трите јавни повици од мерката за Претприемништво - Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, минатата недела пристигнати над 2.800 апликации. Информативни денови за презентација на оваа мерка и Оперативнио план за вработување денес се одржуваат во Ресен, Охрид и Кичево, каде заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заменик-директорката на Агенцијата за вработување и претставници од Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво ИНОВА пред присутните ги презентираа деталите за планот, како и за активните јавни повици од мерката „Самовработување со грант“. За мерката Самовработување со грант годинава се предвидени 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра, и со истата ќе се овозможи 2.043 лица да започнат сопствен бизнис, што е зголемување за 313 лица во однос на минатата година. Мерката „Самовработување - Претприемништво“ е поделена на 3 под мерки, каде за лицата до 29 години е предвиден грант до 10.000 евра, за лицата над 29 години до 7.000 евра, додека преку здружување во ДОО од 14.000 до 20.000 евра. Новитет годинава е што за аплицирање за оваа мерка лицата мора да имаат најмалку завршено средно образование, како и вклучување на повратниците од странство како категорија да можат да ги користат овие средства. Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk. Јавните повици траат до 3 јули 2026 година.Тагови: ГРАНТОВИ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИзборниот законик влезе во собраниска процедура по скратена постапка, опозицијата најавува блокадаИзборниот законик влезе во собраниска процедура по скратена постапка. Од владејачкото мнозинство велат дека очекуваат консензус, но од опозицијата најавија блокада. Пред собранието е Сандра Спасовска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter