Работна посета на заменик-министерот Ристески на Република Словенија - фокус на трудот и трудовата мобилност
1Работна посета на заменик-министерот Ристески на Република Словенија - фокус на трудот и трудовата мобилност
3ВМРО-ДПМНЕ:Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев
Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
2Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
ТехнологијаМаск им се закани на вработените на Твитер: Очекувам да бидете во канцеларија најмалку 40 часа Откако Twitter им кажа на своите вработени уште во мај 2020 година дека можат трајно да работат од дома доколку сакаат, Илон Маск реши да ја прекине таа опција.Новиот сопственик на Твитер преку електронска пошта им кажал на вработените дека се очекува да поминуваат минимум 40 часа неделно во канцеларија, пишува Би-би-си. Маск претходно изрази скептичен став кон работата на далечина, тврдејќи дека работата од дома ги тера луѓето да мислат дека навистина не треба да работат напорно. Така, во јуни оваа година, тој донесе одлука дека персоналот на Tesla повеќе нема да може да работи на далечина. Одлуката да се прекине работата на далечина доаѓа многу брзо по најавата за отпуштање на речиси половина од вработените на Твитер. Маск тврди дека кратењата се неопходни бидејќи компанијата губела 4 милиони долари дневно. Тој е убеден дека забавувањето на глобалната економија дополнително ќе се одрази на приходите од реклами на Twitter. Преземањето на Твитер од страна на Маск ги поттикна шпекулациите дека социјалната мрежа може да ги олабави практиките за умереност на содржината, со оглед на јавните настапи на Маск како цврст застапник на слободата на говорот. Инаку, Маск најави нов модел на проверка на корисничка сметка, според кој на сите корисници кои плаќаат по 8 долари месечно ќе им бидат проверени сметките. Новиот модел за проверка на сметката е контроверзен поради загриженоста дека социјалната мрежа може да биде преплавена со лажни сметки. Досега, значката за верификација, во форма на сино штиклирање, ја даваа само на реномирани или висок профил профили кои Twitter ги анализираше и ги сметаше за автентични. „Сега, сината ознака може да значи две различни работи: или дека сметката е потврдена според претходните критериуми за верификација (активна, значајна и автентична), или дека сметката има активна претплата на Twitter Blue“, објави Твитер. Американскиот претседател Џо Бајден вчера беше прашан од новинарите дали сопственикот на Твитер претставува закана за националната безбедност поради неговите надворешни врски и дали треба да се истражи улогата на Саудиска Арабија во неговото купување на Твитер. Бајден одговори дека тоа е тема на која ѝ треба внимание, но не сакаше да потврди дека Маск прави нешто несоодветно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
ЖивотЕтна повторно прави „хаос“ на Сицилија Вулканот Етна повторно е активен, а испуштањето вулканска пепел веќе почна да го попречува воздушниот сообраќај на Сицилија. Облакот од вулканска пепел достигна висина од околу четири километри и се движи кон југ, во правец на Катанија и нејзиниот аеродром „Фонтанароса“, пишува „Ла Сицилија“. Поради опасноста за воздушниот сообраќај, летовите кон и од аеродромот во Катанија се суспендирани . Компанијата SAC, која управува со аеродромите во Катанија и Комизо, соопшти дека поради испуштањето пепел од Етна и правецот на ветровите на поголеми височини, продолжено е затворањето на воздушниот простор што ги опфаќа секторите C1 и B3. Ve #etna tekrar faaliyette! Libya açıklarındaki doğacak siklonun yoğun bulut baskısı yanardağı harekete geçirdi. Basitçe: tonlarca bulutun levhaya yaptığı baskı magmayı sıkıştırarak ilk M4.8 #deprem tetikledi. Sonra Etna'nın lav seviyesini yükseltti. https://t.co/Bc8MkMxJtW — Mustafa Kılıç (@Mkilic76) September 15, 2026 Станува збор за делови од воздушниот простор каде што вулканската пепел би можела да претставува опасност за воздухопловите. Податоците за движењето на облакот се засноваат на пресметки на Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV) и се објавуваат преку билтените VONA, односно известувањата од вулканолошката опсерваторија наменети за авијацијата.Тагови: Етна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
ЕкономијаРаботна посета на заменик-министерот Ристески на Република Словенија - фокус на трудот и трудовата мобилностДелегација предводена од заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески е во неколкудневна работна посета на Словенија.Во рамки на посетата, заедно со претставници од повеќе институции ќе се реализираат работни средби со високи претставници од релевантните институции во Република Словенија во однос на законската рамка, институционалните практики и примената на правото на Европската Унија во областа на трудот, миграцијата и трудовата мобилност. Во рамки на престојот ќе бидат посетени и реализирани средби со високи претставници на Министерството за економија, труд и спорт, Агенцијата за вработување на Словенија, Министерството за внатрешни и јавни работи, како и Канцеларијата за поддршка и интеграција на мигранти, каде ќе се презентираат искуствата на Република Словенија во примената на релевантното законодавство на Европската Унија и практичното спроведување на политиките во оваа област. Целта на студиската посета е размена на искуства кои ќе дадат придонес во унапредувањето на политиките и институционалната рамка во областа на трудот и трудовата мобилност, во согласност со европските стандарди. Студиската посета е организирана од страна на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), во рамки на проектите „Искористување на потенцијалот на дијаспората за напредување во пристапувањето кон Европската Унија и мобилноста на работната сила во Западен Балкан“ и „Регионалната програма за управување со миграцијата (RMGP) – фокус на Западен Балкан и Република Турција“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаСДСМ: Арамија Мицкоски останува посветен на провизиите од дата-центритеАрамија Мицкоски останува посветен на провизиите од дата-центрите -на сметка на народната струја, народната вода и сметките на граѓаните.Шефот на ВМРО-ОКГ повторно рече дека процесот со дата центри е „неповратен“. Кај него е неповратно затоа што веќе ја договорил својата провизија. Се крие само она што мора да го скрие: кој инвестира, која струја ќе ја јаде, која вода ќе ја пие, каде оди загреаната вода и која провизија седнува за договорот. СДСМ веќе го праша. Компанија тврди дека има обезбедено 100 мегавати струја и директен пристап до Вардар. Тврди дека Владата дала зелено светло. А Владата зборува за роботи и Азија, како да сме на саем, не во држава каде што ЕСМ тоне, струјата се увезува скапо, а граѓаните со недели чекаат извештај за тоа што пијат. Прашањата остануваат. Кој е инвеститорот? Која струја ќе ја троши центарот - домашна или увозна, која на крај влегува во сметката на граѓаните? Која вода ќе ја цица - од Вардар или Лепенец кои веќе се трујат, Треска каде умира риба, или од чешмата во Гостивар? Каде оди загреаната вода? Во река. Во истата река од која потоа пак се пие, а рибата умира. Еден голем дата-центар троши струја колку цел град. Во Ирска центрите веќе јадат над 20 проценти од националната електрична енергија - повеќе од сите градски домаќинства заедно. Затоа Даблин со години држеше кочница на нови приклучоци. Амстердам забрани нови центри најмалку до 2030. Сингапур стави мораториум, па пушти само под најстроги услови. Њујорк замрзна големи објекти над 50 мегавати. Град во Калифорнија ги забрани на референдум. Малезија ги запре системите што се ладат со вода до 2027, заради суша. Во Чиле проект падна затоа што ќе ги цедеше водоносните слоеви. Не затоа што светот е против технологија. Затоа што држава што нема струја и вода за своите луѓе не смее прво да ги раздаде на сервери. Има и бучава. Има агрегати и ладење деноноќно. Има соседство што се празни. Македонија веќе се празни. Младите си одат поради плата, воздух, вода и иднина. Да им додадеш уште еден индустриски шум и уште една дупка во мрежата не е развој. Тоа е забрзување на иселувањето. СДСМ не е против дигитализација. Ова не е дигитализација. Ова е хардвер за туѓа дигитализација. СДСМ е против кражба облечена во сервер. Нема датум. Нема име на инвеститор. Нема јавен договор за мегавати и литри. Нема проект. Има провизија што бара покритие. Додека Мицкоски зборува за иднина, граѓаните гледаат сметка која тие ја плаќаат. Затоа што струјата ќе ја платат тие. Без вода ќе останат тие. Бучавата ќе ја слушаат тие. А провизијата ќе ја земе бандата. Кој крие инвеститор, крие цена. Кој крие цена, ја знае однапред. А ја плаќате вие. Скопје, 15.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook