3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ТехнологијаМаск го распушти Управниот одбор на Твитер Илон Маск го распушти Управниот одбор на Твитер, со што ја консолидира контролата врз компанијата што ја презеде пред неколку дена.Како што пренесува Би-Би-Си, тој потег бил откриен во документите на американската Комисија за хартии од вредност. „На 27 октомври, по склучувањето на договорот за преземање, Маск стана единствен директор на Твитер“, се вели во документот. Меѓу деветтемина отпуштени директори се поранешниот извршен директор Брет Тејлор и поранешниот извршен директор Параг Агравал. Да потсетиме, најбогатиот човек на светот, Илон Маск, на 28 октомври склучил договор вреден 44 милијарди долари за преземање на Твитер, со што застана на чело на една од највлијателните социјални мрежи во светот. Уште тогаш се знаеше дека првиот потег му е да го отпушти директорот. Медиумите објавија дека Агравал и главниот финансиски директор Нед Сегал биле во седиштето на Твитер во Сан Франциско кога бил склучен договорот и дека биле изведени од зградата. Маск ги обвини претходните шефови дека го довеле во заблуда него и инвеститорите за бројот на лажни профили на платформата, како и дека не му дале јасни аргументи како да ги постигне високите амбиции што ги има со влијателната социјална платформа. Маск рече дека сака да ги победи „спам-ботовите“ на Твитер, да ги направи јавно достапни алгоритмите кои одредуваат како содржината ќе биде претставена на корисниците и да спречи платформата да стане место за омраза и поделби. Маск претходно денеска изјави дека сака Твитер да стане „најпочитуваната платформа за рекламирање“ и рече дека сака „да му помогне на човештвото“ со оваа аквизиција. Маск, ко-основачот на Твитер Џек Дорси и други инвеститори претходно предложија дека сакаат да ја тргнат социјалната мрежа подалеку од рекламирањето и да генерираат приходи преку претплати и други средства. Самиот Маск еднаш напиша дека „мрази рекламирање“. Затоа, огласувачите се загрижени за преземањето на мрежата од Маск. „Има многу шпекулации за тоа зошто го купив Твитер и што мислам за рекламирањето. Повеќето од нив се погрешни“, напиша Маск на социјалната мрежа. „Во основа, Твитер сака да биде најпочитуваната рекламна платформа во светот која го зајакнува вашиот бренд и носи раст на бизнисот“. Повеќе од 90 отсто од приходите на Twitter во вториот квартал од оваа година се од реклами.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
ЗдравјеМозочниот удар не бира возрастНиту една годишна возраст не е поштедена од мозочен удар, а најмлади пациенти на Неврологија со ваква состојба се 14 годишни деца, вели проф. д-р Анита Арсовска. Само на Клиниката за неврологија секоја година има по околу 5000 нови случаи, а ова е доволно за вклучување на алармот за превенција, вели д-р Арсовска. Навременото препознавање на симптомите и брзата медицинска интервенција кога ќе се забелжи симптом како што е парализа на едната страна на телото, се клучни за намалување на ризикот од смрт и тешки последици. Сепак, во околу 90 проценти мозочниот удар може да се спречи, а треба да се започне со утврдување на факторите на ризик што ги имаме, како што се маснотии во крвта, висок крвен притисок, шеќер, вели д-р Арсовска. Мозочен удар не може да се превенира преку ноќ, но клучни се медицинските проверки на нашиот организам, но и ако се прават напори во секојдневниот живот да ги промениме навиките, или модифирачките ризик-фактори. Според официјалните податоци на Институтот за јавно здравје во Македонија годишно околу 3.000 луѓе доживуваат мозочен удар. Кај 30 до 40 проценти од пациентите остануваат трајни последици, меѓу кои парализа, нарушен говор, проблеми со памтењето и физичка инвалидност. По повод светскиот ден на мозочниот удар, на Плоштадот Македонија од 10 часот ќе се спроведуваат бесплатни превентивни мерења на крвниот притисок, шеќерот и холестеролот во крвта, како и проценка на ризикот од мозочен удар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаДејан Јованов и неговиот син предложени за сведоци во предметот на полициските службенициДали сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов Деко, се стекнал со противправна имотна корист и дали контактирал со дел од полицајците обвинети во друг предмет? Ова ќе треба да се разјасни на некое од следните рочишта откако одбраната на Боби Гидиоски, обвинет во предметот со деветтемина полициски службеници побара од судот да дозволи Дејан Јованов да сведочи. -Го предлагаме на околности затоа што застапникот на обвинението тврди дека обвинетите му дозволиле на Деко да стекне имотна корист која се изразува во плата која ја земал како вработен за шест месеци, па на таа околоност бараме да биде сослушан, дали тоа му е овозможено од обвинетите. – Бранко Колев – Адвокат Дел од барањата и на останатите адвокати се однесуваат на прибавување службена документација од МВР и СВР Штип, вклучително и записници, извештаи, телеграми и службени белешки од 2022 и 2023 година. Како и документите кои се однесуваат на таканаречена проблемска информација за состојбите во дискотеката „Пулс“. -Дел од документите се однесуваат на работењето на МВР, односно СВР Штип, додека останатиот дел се однесува на проблемска информација која што е прикриена од обвинетиот Боби Гидиовски како началник на СВР Штип, а која проблемска информација е доставена за проблемите во дискотеката „Пулс“ кои ОВР Кочани ги имале во Кочани, меѓутоа таа проблемска информација е прикриена од обвинетиот на кој јас сум бранител. – Бранко Колев – Адвокат Покрај Дејан Јованов – Деко, адвокатот на деветтообвинетиот Александар Максимов предложи да сведочи и неговиот син Михаил Јованов, кој исто така е еден од обвинетите во големиот предмет за пожарот во „Пулс“. По предлозите на одбраната обвинителката Спасенка Андпонова ќе се произнесе на следното рочиште кое е закажано за утре. Според обвинението полициските службеници не ги извршиле целосно потребните проверки, но сепак дале согласности врз основа на кои дискотеката добивала лиценци за работа во 2022 и 2023 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаФилипче: Не славиме туѓи избори, се руши балканскиот криминален октоподСпоред Филипче, ВМРО-ДПМНЕ го пресликал моделот на владеење од Вучиќ преку бизнис, политички и медиумски врски.Промените во регионот означуваат крај на политичките и бизнис-спреги што ги одржуваат авторитарните и коруптивни режими на Балканот, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес – конференција, на која им честиташе на српските граѓани за изборниот резултат. Според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ го пресликал моделот на владеење од Вучиќ преку бизнис, политички и медиумски врски. Планот на СДСМ сега е постепено да ги демонтира лошите политики на власта, кажа Филипче, но предвремени избори нема да бара. - Сега, на тоа постепено му доаѓа крајот. Ние го најавивме. И со падот на Орбан, и сега со паѓањето на Александар Вучиќ во Србија. Практично, ВМРО е помалата привезок партија на нивната сестринска СНС од Србија. Александар Вучиќ му беше менторот, командантот, тој кој што даваше насоки како да функционира Христијан Мицкоски, тука, кај нас. И тој систем, многу добро, за жал, го имплементираше во наша земја, рече Филипче. Филипче доколку сака да опстане уште некој месец во политиката до избори треба да си го гледа сопствениот двор, а не да мисли дека со лаги може да ја изврти реалноста, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија прво паднале Филипче и Заев, па потоа Вучиќ. - Кога Филипче зборува против Вучиќ, на народот му текнува како седеа и пиеја до рани зори, како го пречекуваше на граница, како марихуаната одеше за Србија, како за директор на ЕСМ со Заев ставија човек на Вучиќ, како за ПР шеф во партија го ставија неговиот кум Башановиќ и многу други поврзаности за кои допрва ќе се дознава. Венко Филипче и Вучиќ се едно те исто, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според политичкиот аналитичар Марко Трошановски големата победа на Студентската листа во Србија и падот на Вучиќ главно се должат на неправдата во општеството, корупцијата и барањето на вистински системски промени. Србија според него сега е пред огромен предизвик, да го ресетира она што го има како наследство од Вучиќ, во однос на високата корупција, узурпирање на институциите, заробени медиуми, судство, а успехот на студентите очекува да ги поттикне младите во регионот. -Мислам дека ќе има огромно влијание врз развојот на случувањата во Албанија и таму незадоволството е напластено на ист начин како во Србија и сега ескалира со сето тоа што можеме да го сведочиме, но мислам дека и во целиот регион успехот на неискусна политичка општествена сила како што беа студентите и нивен успех да турнат еден многу силен воспоставен политички режим би рекол секако ќе ги мотивира и инспирира многу млади луѓе особено но и многу други сегменти на популацијата доколку нивните политички претставници продолжат да ја злоупотребуваат власта или да ги игнорираат нивните потреби да се бунтуваат на секакви можни форми против истите, така што ќе биде еден поттик за отворање на некаков бран на граѓански незадоволства или протести, онаму кадешто за тоа има плодна почва, изјави Трошановски за Канал 5. Според Трошановски, главен предизвик за Студентската листа која што е хетерогена групација сега ќе биде дефинирањето на јасна стратегија за клучните државни позиции, како и изборот на нов премиер и состав на Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59