Маск го пресели седиштето на „Неуралинк“ од Делавер во Невада, испрати остра порака - Канал 5

Маск го пресели седиштето на „Неуралинк“ од Делавер во Невада, испрати остра порака

Американската невротехнолошка компанија на милијардерот Илон Маск „Неуралинк“ го пресели своето корпоративно седиште од Делавер во Невада, откако судијата од Делавер го отфрли договорот за плаќање 55,8 милијарди долари.

Маск го пресели седиштето на „Неуралинк“ од Делавер во Невада, испрати остра порака

Американската невротехнолошка компанија на милијардерот Илон Маск „Неуралинк“ го пресели своето корпоративно седиште од Делавер во Невада, откако судијата од Делавер го отфрли договорот за плаќање 55,8 милијарди долари, кои Маск требаше да ги добие од неговиот договор од 2018 година со компанијата Тесла.

„Никогаш немајте ваше корпоративно седиште во државата Делавер. Ви препорачувам Невада или Тексас, доколку сакате да одлучуваат акционерите“, напиша Маск на платформата X (Твитер).

Правните експерти велат дека повеќето корпорации имаат седиште во Делавер бидејќи законите на таа држава ги фаворизираат корпорациите, пренесува АП.

„Делавер е пријателски настроен кон корпоративниот менаџмент, а не кон акционерите“, вели професорот по бизнис и право на Универзитетот во Мичиген.

Кон крајот на јануари, канцеларката на Делавер, Кетлин Сент Џуд Мекормик го поништи платниот пакет, кој што Маск го воспостави за Тесла во 2018. со пресуда дека процесот бил „погрешен“ и дека цената била „неправедна“.

Во својата пресуда, таа го нарече пакетот „најголемата потенцијална можност за компензација што некогаш била видена на јавните пазари по неколку реда на големина“.

Мекормик откри дека одборот на Тесла нема независност од Маск.

Неговите адвокати рекоа дека пакетот морал да остане во првобитната форма за да му даде поттик на Маск да не замине, аргумент што не беше прифатен на суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Талогот“ ги скара власта и опозицијата

Власта и опозицијата продолжија со меѓусебните обвинувања по вчерашниот говор на премиерот Мицкоски по повод денот на независноста. 

„Талогот“ ги скара власта и опозицијата

Од СДСМ реагираат дека Мицкоски во своето обраќање наместо за единство и повикување на заедништво, повторно ја активирал, како што велат, кампањата „Талог“ со поделби и навреди на граѓаните, во недостаток на, како што велат, резултати на Владата во ниту една област, ниту во европскиот пат на земјата.

-Она што беше приметливо е дека тој вчера директно се закани дека ќе се соочи, ќе ги натера тие од „Талогот“ да се соочат со правдата, потоа седнувајќи до државниот обвинител. Пораката е сосема јасна. Операцијата „Талог“, која всушност се служи за поделба и сеење меѓу граѓаните, сеење на омраза и која Мицкоски ја спроведува со фактички од првиот ден од својот мандат, е опасна по својата природа и по својата основа и таа функционира по рецептот на Ванчо Михајлов и најмрачните периоди од македонската историја, изјави Жерновски.

Жалам што СДСМ се препознава во талогот, одговори премиерот Мицкоски денеска, коментирајќи ги обвинувањата од опозициската партија за неговата реторика. Кажа дека тој ниту еднаш не се пожалил на нивните секојдневни навреди и клевети, а Владата како што рече ќе продолжи да испорачува проекти за граѓаните, наместо да се занимава со опозицијата.

–Јас многу прецизно реков дека талогот не смее да ја победи елитата, затоа што ако талогот ја победи елитата и стане елита, тогаш вистинската елита ќе си замине, а тоа не е добро. И затоа мораме да го победиме талогот, жалам што тие се препознаваат како такви, сепак Фројд е појак од нив претпоставувам и од нивните карактери. Иако на отворена сцена навредуваат, измислуваат, не клеветат, секако не нарекуваат за да не омаловажат, но ниту еднаш немам кажано ниту се има пожалено на нивните прес конефренции, без исклучок се е лага. Не излегов да плачам, цимолам пред граѓаните...Тие нека тонат во своето политичко мочуриште, а ние ќе продолжиме да испорачуваме резултати, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски, Владата ја носи Европа дома, не како што рече со коленичење и прифаќање ултиматуми, туку Европа на принципи. Тој го повтори ставот дека нема подобра алтернатива за земјата и граѓаните од ЕУ, но прво очекува да се создаде заедничка доверба за да може да се разговара.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започнува изградбата на ветерен парк во Штип

За три години треба да биде готов ветерниот парк на компанијата „Алказар“ во Штип.

Започнува изградбата на ветерен парк во Штип

Ќе содржи вкупно 54 ветерни електрани и ќе биде најголем во регионот. Според најавите ветерниот парк ќе обезбедува енергија за 148.000 домаќинства и ќе донесе околку 300 нови вработувања. Целата инвестиција за неговата изградба изнесува 500 милиони евра..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прославата за независноста не ги чинела граѓаните ниту денар, финанисрана е од општествено одговорни компании -тврди Мицкоски

Нула денари од државниот буџет за големите музички спектакли за 35 годишнината од незваисноста ова лето – тврди премиерот Христијан Мицкоски.

Прославата за независноста не ги чинела граѓаните ниту денар, финанисрана е од општествено одговорни компании -тврди Мицкоски

Според него, сите настани, вклучително и вчерашниот настап на светскиот диџеј Дејвид Гета, биле организирани од општествено одговорни компании, без да се одвојуваат буџетски средства.

„Имам лоша вест за сите кои лиферуваа лажни информации. Тоа е дека буџетот овие настани го чинеа нула денари. Може да проверите. Сè е организирано од општествено одговорни компании. Секој денар буџетски пари се троши на транспарентен начин.“ – Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Кулминацијата на прославата на 8 септември беше синоќа на преполниот стадион „Тоше Проески“. Неколку десетии илјади луѓе два часа уживаа во импресивното шоу на Гета, кој допатува директно од Ибица. Спектаклот не беше само музички – Гета на сцената приреди вистинско аудиовизуелно шоу со ласери, пиротехника, светлосни и видеоефекти.

По шоуто со светските хитови на Гета, вечерта заврши со македонска музика и традиционални ора. Дел од публиката го продолжи славењето и пред стадионот каде ечеше „Бисер балкански“.

Од МВР информираа дека за време на концертот биле регистрирани две нарушувања на јавниот ред и мир, по што биле приведени пет лица. Сепак, од МВР оценуваат дека настанот поминал исклучително мирно од безбедносен аспект.

Со вчерашниот спектакл се заокружи прославата на 35 години независност. Претходно, караванот „Силно светнал ден“ помина низ повеќе градови, а на градскиот плоштад во Скопје настапи и светската оперска ѕвезда Хозе Карерас.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер