Маск би можело да стане првиот билионер на светот - Канал 5

Маск би можело да стане првиот билионер на светот

Илон Маск е на пат да стане првиот билионер во светот до 2027 година, се вели во новиот извештај за глобалното богатство.

Маск би можело да стане првиот билионер на светот

Маск (53) во моментов е најбогатиот човек на светот, со нето богатство од 251 милијарда долари (226 милијарди евра), според индексот на милијардери на Блумберг.

Сепак, според наодите на Informa Connect Academy, неговото богатство расте со просечна стапка од 110 проценти годишно. Тоа значи дека, под услов неговото богатство да продолжи да расте со иста брзина, тој би можел да стане билионер во следните три години, пренесува Sky News.

Компанијата на Маск Тесла има пазарна вредност од 669,3 милијарди долари (603 милијарди евра). Пазарната вредност на Tesla расте за 173,3 отсто на годишно ниво, што значи дека компанијата би можела да ја пробие границата од билион долари веќе следната година.

Двете највредни компании веќе ја скршија границата од билиони долари пред неколку години. Мајкрософт вреди 3,4 билиони долари (3,1 билиони евра), а Apple вреди 3,3 билиони долари (3 билиони евра).

Другите потфати на Маск вклучуваат производство на вселенски летала SpaceX, невротехнолошка компанија Neuralink и фирма за изградба на тунели The Boring Company.

Откако го купи Твитер за околу 44 милијарди долари кон крајот на 2022 година, брзо ребрендирајќи го во X, тој постојано беше цел на критики. Мораше да се извини за поддршката на антисемитската теорија на заговор, а неодамна им порача на огласувачите кои ја напуштија платформата да се „е*ат“.

Оваа недела, Маск објави на својот X профил дека интервјуто на Такер Карлсон со подкастерот Дерил Купер било „многу интересно“ и „вреди да се гледа“. Во интервјуто, Купер изнесе контроверзни тврдења за холокаустот, велејќи дека нацистите немале намера да убијат толку многу луѓе и наместо тоа сугерирале дека немале ресурси да се грижат за нив.

Белата куќа го осуди интервјуто, опишувајќи ги коментарите на Купер како „одвратни“ и „садистичка навреда за сите Американци и за споменот на повеќе од шест милиони Евреи убиени од Адолф Хитлер“. Маск подоцна ја избриша објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Мекларен го враќа она што фановите го чекаа 34 години!

Британскиот производител „McLaren“ го претстави новиот суперспортски автомобил McL 6GT за време на манифестацијата „Monterey Car Week“.

Видео: Мекларен  го враќа она што фановите го чекаа 34 години!

Британскиот производител „McLaren“ го претстави новиот суперспортски автомобил McL 6GT за време на манифестацијата „Monterey Car Week“; инспириран од недовршениот проект M6GT на основачот Брус Мекларен, возилото треба да влезе во сериско производство во 2028 година.

Според Motor1, главната одлика на новиот модел е мануелниот менувач кој ја пренесува силата од V8-моторот на задните тркала – со што McL 6GT станува првиот Мекларен со ваков систем уште од легендарниот модел F1, претставен во 1992 година – додека конструкцијата дополнително се одликува со монокок и каросерија изработени од јаглеродни влакна.

McLaren го замислил автомобилот како спој на модерна технологија и традиционално возачко искуство; покрај дигиталните инструменти, тој располага со физички контроли, алуминиумски прекинувачи, хидрауличен систем за управување и класична рачка за менувачот, додека дизајнот вклучува бројни детали што им оддаваат почит на историјата на компанијата и на Брус Мекларен.

Целосните спецификации и цената сè уште не се објавени, но McLaren потврди дека серискиот модел McL 6GT ќе биде позициониран над моменталната палета на спортски автомобили и суперспортски возила на компанијата, што укажува на тоа дека ќе биде еден од најексклузивните модели на овој британски бренд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Кози „ без билет“ се возат со автобус

Две избегани кози предизвикаа вистински хаос во Портланд, откако талкаа низ улиците,  козите одлучиле да се качат  во автобус на јавниот превоз.

Видео: Кози „ без билет“ се возат со автобус

Две кози се впуштиле во необична авантура во Портланд, Орегон, откако залутале без надзор до автобуска станица, па дури и накратко се качиле во автобус на јавниот превоз.

Оваа необична глетка е забележана на станицата FX2, во близина на крстосницата меѓу Авенијата „Саутист 162“ (Southeast 162nd Avenue) и улицата „Дивижн“ (Division Street), каде што животните слободно се движеа.

„ТрајМет“ (TriMet), агенцијата што управува со јавниот превоз во Портланд, соопшти дека полицијата примила повик на бројот за итни случаи во врска со две кози што се движеле во близина на станицата.

Снимката од безбедносната камера го забележа моментот кога две животни му пријдоа на автобусот и влегоа во возилото. Сепак, нивното прво возење со јавниот превоз беше краткотрајно. Козите набрзо излегоа од автобусот и продолжија да талкаат кон блискиот трговски центар.

YouTube video

Овој необичен настан брзо привлече внимание токму затоа што животните, барем накратко, изгледаа како обични патници кои го чекаат својот превоз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Французинка со совршено тело што го покажува на плажа заведе милиони

Ако Instagram има кралица на плажите, сончевите зраци и заводливата насмевка, тогаш тоа веројатно е  анонимната , сега многу популарна убавица Полин Танто, попозната под прекарот @popstantot. 

Фото: Французинка со совршено тело што го покажува на плажа заведе милиони

Француската инфлуенсерка вешто позира пред камерата, но истовремено гради препознатлива естетика поради која нејзините објави често изгледаат како страници од модни списанија, пишува „24sata“.

Родена во Бордо во 1994 година, таа ги претвори социјалните мрежи во платформа каде што ги спојува минимализмот, луксузот и пејзажите од егзотични плажи што изгледаат како да се извадени од разгледница.

Особено интересен дел од нејзината приказна е соработката со нејзината сестра близначка, со која го лансираше брендот „Khassani Swimwear“.

Нивните костими за капење не се претставени само како облека, туку како дел од животен стил што вклучува палми, зајдисонца, патувања и совршени фотографии од одмор.

На тој начин, Полин промовира не само производи, туку и концепт на животен стил во кој гламурот и релаксацијата се спојуваат во внимателно креирана естетика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер