Масерати го оживува духот на својата ,,златна епоха” (ФОТО) - Канал 5

Масерати го оживува духот на својата ,,златна епоха” (ФОТО)

Од своето основање во 1914 година, Maserati ужива репутација на производител кој успешно комбинира спортска елеганција и луксуз со супериорни перформанси.

Масерати го оживува духот на својата ,,златна епоха” (ФОТО)

Денес италијанската фабрика бара инспирација за новата серија возила обележани со Ројал во своето славно минато.

Третата генерација Quattroporte, која се појави во 1986 година, беше првиот модел што се продава во верзијата Royale.

Серијата вклучуваше мотор V8, ексклузивни сини и зелени бои на каросеријата, надграден ентериер со кожни седишта и многу дрво, а дополнителна доза ексклузивност даде ограничената серија со само 51 направен автомобил.

Во обид да му оддаде почит на наследството од серијалот „Ројал“, италијанската фабрика одлучи да ја претстави оваа престижна ознака во сегашниот опсег на три модели.

Така, само 100 примероци на брендот Royale Quattroporte, Levante и Ghibli ќе бидат произведени со V6 мотори, 3,0 со 275 КС во дизел варијантата и минимум 350 КС во бензинската варијанта. Посилниот бензински мотор има 450 КС.

За оваа серија, се користи специјални нијанси на сина и зелена боја, ентериери со различни типови кожа, аудио систем Bowers & Wilkins, електричен покрив и малку затемнети прозорци, додека секој од произведените автомобили во оваа серија ќе носи плочка со името "1 од 100".

Специјалната серија Royale ќе има Maserati Touch Control Plus систем со 8,4-инчен екран. Исто така, ќе има Apple CarPlay и Android Auto. Покрај тоа, за корисниците на iPhone, Сири системот на Apple е вграден како личен асистент, дозволувајќи им на да се извршуваат задачите користејќи говорни команди.

Првите испораки се планирани за март годинава, а за возилата од серијата „Ројал“ е потребно да се издвојат 94.000 евра за најевтиниот модел Гибли, 101.000 евра за моделот „Леванте“ и 122.000 евра за најскапиот Кватропорте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции

„Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции“ .

Јанчев: Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции

„Нашата програма е остварена речиси 90 проценти, а Кавадарци се развива со нови милионски инвестиции“ — вака градоначалникот Митко Јанчев му одговори на советникот Круме Богевски од Левица, на обвинувањата на последната седница, за слаба буџетска реализација.

Најавени се нови трговски објекти и фабрички капацитети, како и проширување на Генералниот урбанистички план, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски.

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски и истакна дека дека до крајот на годината, скопјани по 30 години чекање ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар.

- За рекордно време, пред предвидениот рок, ставаме крај на децениската сообраќајна голгота на една од најважните скопски артерии. Дадов збор дека нема да дозволам мојот народ повеќе да живее со лажни ветувања. Денес, делата говорат. Повеќе од 100.000 граѓани ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар за полесно секојдневие, помалку метеж и повеќе време со своите семејства. Даден збор. Исполнето ветување – изјави Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветнаесет години без Тоше- Македонија и Балканот денеска тагуваат

Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески, кој пред 19 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

Деветнаесет години без Тоше- Македонија и Балканот денеска тагуваат

Во животот има моменти за кои секогаѓ ќе паметиме каде сме биле и што сме правеле, и 19 години подоцна, таков момент за цели генерации е кога ја дознавме веста дека Тоше Проески повеќе не е меѓу нас, барем физички, бидејќи неговото присуство и натаму силно се чувствува, дури и кај оние кои се родиле по кобниот 16 октомври – 2007 година.

Во чест на човекот кој беше повеќе од глас и беше душа која допираше до секое срце, денеска се одбележаа бројни настани, а меѓу нив и оној од кој дел беа најмалечките на една од најубавите патеки до училиште во земјава – „Тоше Проески“, која води од школото „Лазо Ангеловски“.

„Тоше те сакаме сите“ – е насловен настанот, а патеката „Тоше Проески“ каде 24 часа 365 дена во годината одекнува неговата музика доби и нов парк. Иницијативата е на родителите. Напревен е велат со љубов, за неговата добрина и емоција, која треба да ја почувствуваат и најмалите.

За Тоше се кажани многу приказни, многу допрва ќе се кажуваат и прераскажуваат, но некои тие приказни лично ги доживеаја, со него ја делеа бината и на некој начин и животот.

На настанот, покрај аматерски, имаше и реномирани изведувачи – меѓу нив и пејачот Ламбе Алабакоски. Тоше вели бил еден од главните причини што и тој денеска се занимава со музика.

19та година по ред се одржува и ултрамаратонот за Тоше, кој стартуваше пред два дена од Нова Градишка. 13те маратонци, на кој им се приклучи и еден во Македонија, попладнево пристигнаа во родното Крушево на Проески.

Тоше загина во сообраќајна несреќа во 2007 година, токму кога одбележуваше 10 години успешна кариера и беше на прагот на меѓу народен пробив. Албумот „ The Hardest thin“, на англиски јазик, беше објавен постхумно.

Некои гласови се слушаат, а некои, остануваат да живеат со нас. Гласот на Тоше е еден од нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер