3Отфрлена ракета на Маск ќе се судри со Месечината- експлозијата се очекува во среда и ќе има сила како 3 тони ТНТ
ЖивотМасакр на свадба во Тајланд: Младоженец си ја убил невестата и уште тројца гости Тајландски параспортист и поранешен војник ја убил својата невеста и уште три лица на денот на неговата венчавка, а потоа си го одзел животот.Чатуронг Суксук (29) и Канчана Пачунтхуек (44) се венчале во саботата во североисточниот дел на Тајланд. Очевидци наведуваат дека младоженецот нагло ја напуштил свадбената веселба и се вратил со пиштол и ги застрелал сопругата, нејзината 62-годишна мајка и нејзината 38-годишна сестра. Залутани куршуми погодиле двајца гости кои итно биле пренесени во болница. Еден од нив починал. Од полицијата за Би-Би-Си изјавиле дека Чатуронг во тоа време бил прилично пијан, но дека се уште не е познат точниот мотив за убиствата. Додаваат дека младоженецот минатата година легално купил оружје и муниција. Тајландските медиуми јавуваат дека парот се скарал за време на забавата. Тие исто така тврдат дека Чатуронг се чувствувал несигурен поради разликата во годините меѓу него и Канчана. Двојката живеела заедно три години пред да се венчаат. Чатуронг освоил сребрен медал во пливање на Асеанските пара игри во Индонезија минатата година. Тој ја изгубил десната нога додека бил на должност со паравоените пешадиски сили кои патролираат по границите на Тајланд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПацифичката државичка Науру го смени името Пацифичката островска државичка Науру официјално го промени своето име во Република Наоеро.Пацифичката островска државичка Науру официјално го промени своето име во Република Наоеро, враќајќи се на своето традиционално име, во потег за кој властите велат дека има за цел зајакнување на националниот идентитет и зачувување на културното наследство. Во мај, парламентот на Науру усвои уставен амандман со кој се менува името на земјата и првично планираше да одржи национален референдум. Но, претседателот Дејвид Адеанг вчера на социјалните мрежи објави дека референдумот е напуштен. „Одлуката да не се одржи референдум беше донесена по внимателно разгледување на фактот дека Наоеро не е ново име кое сè уште не е прифатено меѓу граѓаните. Тоа е веќе идентитетот на нашиот народ, се наоѓа на националниот грб, се користи во секојдневниот говор на заедницата и, најважно, е дозволено со Уставот“, напиша Адеанг. Скратеното име на земјата ќе биде Наоеро, додека нејзините граѓани ќе се нарекуваат деи-Наоеро. На европските колонизатори им беше тешко да го изговорат оригиналното име Европските колонизатори ја преименуваа земјата во Науру затоа што им беше тешко да го изговорат нејзиното оригинално име Наоеро. Таа островска земја со околу 12.000 жители е третата најмала земја во светот, по Ватикан и Монако. Адеанг истакна дека одлуката не е од политичка природа, туку дека станува збор за идентитет, наследство и „зачувување на наследството на нашите предци и зајакнување на иднината на нашите деца“. Владата официјално ги информираше меѓународните организации и другите земји за промената на името, а процесот на премин кон новото име е веќе во тек.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизПовторно му е намалена затворската казна на Диди, ќе излезе еден месец порано Шон Диди Комбс ќе биде ослободен од затвор порано од планираното, и покрај неговата неодамнешна вмешаност во тепачка што го одведе во самица. Диди Комбс (56), кој беше ослободен од најтешките обвиненија за трговија со луѓе и рекетирање минатиот јули, но беше осуден за организирање проституција, треба да биде ослободен на 24 јануари 2028 година, според новите податоци. Хронологија на промените на датумот на ослободување Комбс првично требаше да биде ослободен од затвор на 8 мај 2028 година, но датумот подоцна беше поместен за 4 јуни истата година поради обвинувања дека консумирал алкохол и остварил нелегален телефонски повик додека бил во затвор. Неговиот адвокат ги негираше обвинувањата. Во октомври минатата година, датумот на ослободување беше поместен за 25 април 2028 година, врз основа на законот FIRST STEP Act, реформа на затворскиот систем донесена за време на мандатот на Доналд Трамп, со што се овозможи предвремено ослободување на десетици илјади осуденици. Датумот потоа беше ревидиран на 15 април 2028 година, а минатиот месец повторно беше поместен на 23 февруари 2028 година. Според најновите податоци од Федералното биро за затвори, Комбс сега треба да биде ослободен на 24 јануари 2028 година. Федералното биро за затвори не сакаше да објасни зошто датумот е повторно променет. „Поради приватноста и безбедноста, не коментираме за условите на затворениците, вклучително и плановите за ослободување или причините за промена на датумите за ослободување“, изјавија тие за Дејли меил. Тепачка во затворот Новата затворска казна беше објавена една недела откако Комбс се тепаше со друг затвореник во федералниот затвор Форт Дикс во Њу Џерси. Според TMZ, кој се повикува на повеќе извори, раперот нападнал друг затвореник откако бил вербално навредуван. Изворите тврдат дека по туркањето избувнала тепачка. Чуварите брзо интервенирале и ги разделиле, а Комбс наводно завршил во самица по инцидентот. Портпаролот на затворот Форт Дикс одби да потврди дека инцидентот се случил. „Не објавуваме информации за сместувањето на затворениците, ниту коментираме дали некој е предмет на обвиненија, истраги или дисциплински мерки“, изјави тој за Дејли Меил.Тагови: Пи Диди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
СветНајмалку 25 лица загинаа во тешка автобуска несреќа во Алжир (ВИДЕО)Најмалку 25 лица загинаа, а 44 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи кога автобус падна во клисура во покраината Бумердес, во северен Алжир, соопшти Цивилната заштита.Несреќата се случила на регионалниот пат RN24, кога автобусот што патувал од Сетиф се лизнал и паднал во клисурата, објавува порталот TSA Algerie. Причината за несреќата сè уште не е објавена. 🚨 فاجعة ببومرداس.. 6 وفيات و30 مصابًا في حصيلة أولية إثر انقلاب حافلة وسقوطها في منحدر أعلنت مصالح الحماية المدنية تسجيل 6 وفيات و30 مصابًا كحصيلة أولية، إثر حادث انحراف وانقلاب حافلة لنقل المسافرين وسقوطها في منحدر بالطريق الاجتنابي برحمون الكرمة، ببلدية ودائرة بومرداس. pic.twitter.com/YRpfgAXRTd — ARABIA 24 - أرابيا 24 (@ARABIA24DZ) July 31, 2026 Цивилната заштита на Алжир распоредила големи човечки и материјални капацитети, вклучувајќи 11 возила на брза помош, а спасувачката операција продолжила до раните попладневни часови. 21 enfants morts dans un accident de bus à Boumerdes, les victimes sont originaire de la ville de Sétif qui venaient passer des vacances à la mer Allah y rahmom 😢🤲🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿🇩🇿 pic.twitter.com/VCV5gXkgwv — Nisrine 💖💞🎀 (@nisrinenaya) July 31, 2026 На местото на несреќата отиде и алжирскиот премиер Сифи Гриб, кој ја обиколи областа.Тагови: Алжир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter