Марш на израелската крајна десница во Источен Ерусалим

Пратениците на израелските Арапи кои дојдоа на плоштадот овој израелски марш го нарекоа „провокација".

Повеќе од илјада Израелци под будно око на силни полициски сили, вечерва маршираа на парада во Источен Ерусалим на повик на крајната десница, што е прв тест за новата израелска Влада по заканите од палестинското движење Хамас, што го буди стравот од нова ескалација.

Демонстрантите, вклучувајќи и млади и еврејски ултранационалистички и екстремно десничарски активисти, маршираа од православната населба во Западен Ерусалим кон Источен Ерусалим, до плоштадот пред Портата Дамаск, од каде има поглед на муслиманскиот кварт во Стариот град, каде што е Плато џамијата, пренесоа француските медуми.

„Вечниот народ не се плаши од долгиот пат", пееја демонстрантите, носејќи сини и бели знамиња на местото важно за Палестинците во Источен Ерусалим, палестински сектор во градот што Израел го окупира во 1967 година. Од толпата се слушаа повиците „Смрт за Арапите ( Палестинците).

Непосредно пред контроверзната „Парада на знамето", полицијата ги затвори главните улици што водат кон Стариот град и го блокираше пристапот на Палестинците до плоштадот пред портата Дамаск, поради што дојде до судир во кој беа повредени десетина палестински демонстранти, соопштија спасувачките служби.

Пратениците на израелските Арапи кои дојдоа на плоштадот овој израелски марш го нарекоа „провокација".

-Единственото легитимно знаме тука кај Баб ал Амауд (Портата Дамаск) и во Источен Ерусалим е палестинското. Израелското знаме тука е симбол на окупација, рече пратеникот Ахмед Тиби.

Стравувајќи дека митингот ќе излезе од контрола, претставникот на ОН за Блискиот Исток, Тор Венесленд, ги повика „сите страни да се воздржат од провокации што можат да доведат до нов циклус на конфликти".

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

Заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ во Луксембург

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски. 

Состојбата во европскиот земјоделскиот сектор, влијанието на надворешната трговија врз земјоделството во ЕУ и имплементацијата на Заедничката земјоделска политика ќе бидат главни теми на средбата на министрите задолжени за земјоделство и рибарство на земјите членки на блокот што денеска ќе се одржи во Луксембург.

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

За време на работниот ручек предвидено е европските министри да имаат неформална дискусија посветена на стратешкиот дијалог во земјоделскиот сектор на ЕУ.

Дополнително, на Советот за земјоделство и рибарство ќе стане збор за значењето на биоекономијата, како и за Регулативата посветена на контролата на рибарството.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер