Марко Блажевски и Анастасија Богдановски сo Олимписки договори - Канал 5

Марко Блажевски и Анастасија Богдановски сo Олимписки договори

Претседателот на Макеоднскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски и пливачите Марко Блажевски и Анастасија Богдановски потпишаа Олимписки договор за стипендирање на нашите најдобри пливачи кои ќе треба да изборат норма за учество на Летните Олимписки игри РИО 2016.

Марко Блажевски и Анастасија Богдановски сo Олимписки договори
„МОК ми обезбеди стипендија за ОИ ЛОНДОН 2012, МОК ми обезбеди и стипендија за бесплатно школување на Универзитетот во САД. Многу сум среќен што МОК повторно ми укажа доверба и се надевам дека тоа и ќе го оправдам и достојно ќе ја претставувам Македонија на ЛОИ РИО 2016 година” истакна Марко Блажевски.

„Овој договор многу ќе ми помогне во поглед на усовршувањето на квалитетот на тренинзите кои ќе бидат реализирани во многу поадекватни услови и со тоа ќе имам многу поголеми шанси за да ја претставувам Mакедонија на ЛОИ Рио 2016” година истакна Анастасија Богдановски.

Со овие договори, на нашите најдобри пливачи им следува стипендија од МОК во износ од 800 американски долари. Следниот нивен натпревар е митингот во Марибор, Словенија кој е квалификационен натпревар за учество на Светско првенство во Казан, Русија, а ќе се одржи претстојниот викенд на 13 и 14 декември. На овој натпревар покрај Марко Блажевски и Анастија Богдановски, учество ке земат и Горазд Чепишевски, Стефан Јанкуловски и Бошко Томовски под раководство на тренерот Боро Блажевски. Македонскиот олимписки комитет во целост ќе ги покрие трошоците за настапот на овој натпревар, сместувањето како и превозот на екипата со своето ново возило кое е донација од ИОК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер