МакедонијаМаркетите веќе ги поставуваат ознаките за домашните производи, во тек и регистрација на платформата makedonskonajdobro.mkМаркетите деновиве на рафтовите треба да ги постават означувачите за македонските производи кои на граѓаните ќе им овозможат веднаш да ги разграничат од увозните и многу полесно да го направат својот избор.Маркетите деновиве на рафтовите треба да ги постават означувачите за македонските производи кои на граѓаните ќе им овозможат веднаш да ги разграничат од увозните и многу полесно да го направат својот избор доколку сакаат да купат наши, домашни јаболка, домати, компири, моркови, краставици и други продукти. Како што информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, во тек е и регистрацијата на платформата makedonskonajdobro.mk преку која производителите ќе ги промовираат свежите земјоделски производи, а преработувачите автентичните македонски преработки, додека компаниите ќе ги означат локациите на своите продажните центри. Трипуновски беше на средба во Стопанската комора на северозападна Македонија, чии членки, истакна, и дале максимална поддршка на владината кампања „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”. -Во тек се договорите со маркетите на кои ќе им бидат поделени означувачите на македонските производи. Останува тие деновиве да ги постават означувачите. Се работи за голем број поризводи, потебно е неколку дена тие да се поделат и да се постават на полиците. Во меѓувреме, тече процесот на пријавување на земјоделците, преработувачите и маркетите за платформата на која ги регистрираат своите производи и продажни места низ државата. Кампањата веќе почна, интензивно се делат информативните материјали, а целта е да има јасна видливост на тоа што значи домашно производство, а што производство од увоз. Имаме квалитетни производи кои треба да бидат видливи за нашите потрошувачи. Верувам дека и вие ако појдете во маркет нема да знаете кој домат или некој друг земјоделски производ е од Македонија, а кој од увоз. Со означувачите граѓаните ќе можат да направат избор, потенцира министерот. Тој најави и дека се работи на посебната апликација за мобилни телефони која ќе овозможи уште полесен пристап до информации за домашните земјоделски производи и преработки. Апликацијата, рече Трипуновски, ќе биде наскоро објавена. -Со кампањата сакаме да им дадеме уште поголема поддршка на производителите и преработувачите, да ја раздвижиме домашната економија, да го зајакнеме домашното земјоделско производство, но и да ја подигнеме свеста за квалитетот на македонските земјоделски производи, нагласи Трипуновски. Вршителот на должноста претседател на СКСЗМ, Нухи Алиу изјави дека „токму тука болката е најголема“ - како да се стимулира производството, да се зголеми квантитетот за да бидеме поконкурентни. -Пазарот ни е либерален и не може да стопираме некои производи да влезат во Македонија. Ние стремиме кон ЕУ каде има одредени стандарди и тие стандарди ние мора да ги почитуваме како институции. Дискутиравме и прецизиравме конкретни работи - што треба да се прави. Ја прифативме и ја поддржуваме кампањата за да ги стимулираме производителите, но и за да ги обврземе нашите потрошувачи да купуваат домашни земјоделски производи. Како Комора, ќе дадеме се од себе кампањата да даде ефект. Компаниите го прашаа министерот како означувачите на домашните производи ќе бидат поставени за да ги види секој купувач, како производителот ќе биде поблизок до потрошувачите за да нема посредници кои би ги зголемиле цените. Посредниците знаат да ги зголемат цените, но производителот поинаку ги гледа тие работи. Затоа целта на кампањата е на некој начин купувачот да биде што поинформиран. Потрошувачите треба да знаат дека со купувањето домашно производство на некој начин ги стимулираат производителите, дека треба да дадат свој, индиректен придонес за нашите производители да произведуваат повеќе, подвлече Алиу. Додаде и дека со министерот договориле да се прават дополнителни анализи на цените. -Ние сме пазарно стопанство и цените се формираат на пазарот. Понекогаш Владата може да интервенира кај цените за некои базични производи, земјоделски, но не може тоа да биде долготрајно, туку на одреден период додека се стабилизира пазарот, укажа Алиу. Платформата makedonskonajdobro.mk содржи интерактивна мапа „Каде да купам” која преку автоматска геолокација им помага на граѓаните да ги пронајдат најблиските продажни места за домашни земјоделски производи и преработки, со можност за филтрирање по категорија или специфичен производ.Тагови: МЗШВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМајката на најбогатиот човек во светот спие во гаража: „Мене ми е добро“Мајката на милијардерот Илон Маск, Меј Маск откри дека, додека е во посета на својот син Илон во Тексас, ѝ дека и одговара живот без луксуз, па затоа ноќите ги поминува на кауч или на душек на подот.Мајката на Илон Маск, 78-годишната Меј Маск, откри дека понекогаш спие во гаражата кога го посетува својот син во Тексас. За жена која со децении е присутна во јавноста и која го одгледала еден од најпознатите светски милијардери, ваквиот начин на живот можеби изгледа необично, но за неа тој е сосема нормален. Меј Маск вели дека луксузот никогаш не ѝ бил приоритет. Таа израснала кампувајќи во пустината Калахари, па скромните услови за живот не се ништо ново за неа. „Ако имам кауч или душек на подот, сосема ми е добро“, изјави таа во интервју за „Њујорк пост“. При посетите на „Старбејс“ во Тексас – комплекс поврзан со развојот на ракети и операциите за лансирање на компанијата „Спејс-икс“ (Space Exploration Technologies Corp.) – гаражата станува местото каде што таа спие. Меј претходно изјави дека поседувањето конвенционален луксузен дом во непосредна близина на ракетната база не е практично. Нејзината животна приказна е далеку од едноставна. По разводот од Ерол Маск, таа сама ги одгледала трите деца – Илон, Кимбал Маск и Тоска Маск – додека истовремено работела на повеќе работни места.Тагови: Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПентагон објави уште 71 документ за НЛОАмериканскиот Пентагон објави шеста серија документи поврзани со неидентификувани летечки објекти (НЛО).Американскиот Пентагон објави шеста серија документи поврзани со неидентификувани летечки објекти (НЛО), вклучувајќи десетици досиеја со детали за воена програма во чии рамки биле нарачани студии за „ворп“ погони – системи за движење со брзина поголема од брзината на светлината – како и за црвоточини и за повреди што истражувачите ги поврзувале со можни средби со непознати летала. Пентагон објави вкупно 71 документ; 67 од нив беа обезбедени од Министерството за одбрана, додека четири потекнуваат од локални органи за спроведување на законот во Колорадо, пренесува CBS. Објавениот материјал вклучува 55 PDF-датотеки, 15 видео-датотеки и една аудио-датотека, а документите датираат од периодот меѓу 1952 и 2025 година, според агенцијата Танјуг. Новообјавените документи за НЛО се однесуваат на тајна американска воена иницијатива позната како „Програма за примена на напредни системи за воздушно-вселенско оружје“ (Advanced Aerospace Weapon System Applications Program), која била формирана од Агенцијата за одбранбено разузнавање (DIA) во 2008 година и била активна до 2012 година. Иако повеќето референтни документи на одбранбеното разузнавање разгледуваат идеи што граничат со научна фантастика, еден документ претставува високотехничка студија од 38 страници, изработена во 2010 година, во која се анализираат „докази за ненамерни повреди кај човечки набљудувачи, предизвикани од аномални напредни воздушно-вселенски системи“. Во тој документ, истражувачите наведуваат дека „тројца претходно здрави и активни поединци доживеале аномален (нерегуларен, невообичаен и неконзистентен со нивната област на работа) настан поврзан со воздушно-вселенски системи“, по што развиле низа медицински симптоми, вклучувајќи чувство на топлина на кожата, црвенило и опаѓање на косата. Кај еден од поединците се појавиле „знаци на радијациона болест“ и, „во текот на неколку години, се развиле знаци на малигна трансформација“. Во извештајот се наведува дека е „прецизно евидентиран доволен број инциденти/несреќи“ и дека се „собрани медицински податоци што ја поткрепуваат хипотезата дека веќе се распоредени одредени напредни системи“, чиј начин на функционирање останува нејасен за Соединетите Држави. Повеќето од видеата во објавените документи наликуваат на оние од претходните соопштенија, прикажувајќи нејасни снимки од необјаснети објекти забележани од воени камери; еден необјаснет инцидент од 2022 година прикажува беспилотно летало што се движи со променливи брзини, меѓу 130 и 290 километри на час. Придружниот извештај за средбата наведува дека операторите биле на мисија на Блискиот Исток кога забележале разни објекти на непознати височини; екипажот пријавил дека објектите имале големина од еден до два метра и „летале спорадично во рамките на целната област“. Друго видео, снимено над Блискиот Исток, прикажува „шест мали сферични објекти“ кои делувале „агилно“ и често ја менувале насоката на движење. Четири видеа потекнуваат од локални служби за спроведување на законот во Колорадо, кои доставиле извештаи до канцеларијата на Пентагон; една делумно заматена снимка била направена со камера од мобилен телефон во октомври 2023 година. „Службеникот што го поднел извештајот го опишал феноменот како ‚тивок‘ и како ‚црвени, сини и зелени трепкачки светла‘“, наведува американската војска во белешките што ја придружуваат една од снимките. Објавените документи вклучуваат едночасовна аудиоснимка и транскрипт од изјавите дадени во 1952 година од страна на офицерот на Военото воздухопловство, Едвард Рупелт; во нив тој ја објаснува истрагата на службата за инциденти поврзани со НЛО и истакнува дека околу 20 проценти од 800-те пријави за НЛО, истражени од Военото воздухопловство, остануваат мистерија. На 14 септември, Пентагон објави воведување правен исклучок што ќе им овозможи на сегашните и поранешните вработени – кои претходно биле обврзани со договори за доверливост – да споделуваат информации поврзани со истражувањето на НЛО со владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕдукативна трибина за превенција од малигни заболувања „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ Раното откривање може да спаси живот. Со оваа порака денеска од Драчево започна кампањата „Розев октомври“ посветена на подигнување на свеста за ракот на дојка. Во „Паркот на бранителите“ се одржа едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, на која лекари, пациенти и граѓани разговараа за превенцијата, навремените прегледи и лекувањето. Наташа Бабулова, членка на здружението „ХЕМА-ОНКО“, пред присутните ја сподели личната борба со ракот на дојка. Нејзината порака е дека стравот не треба да биде причина за одложување на прегледот, бидејќи токму навременото откривање на болеста може да биде пресудно за понатамошното лекување. Од Клиниката за радиотерапија и онкологија посочија дека раната дијагноза е еден од најважните фактори во борбата со болестадека навременото јавување кај лекар овозможува болеста да се открие во порана фаза и пациентките навреме да го започнат потребниот третман. Трибината ја организираа Општина Кисела Вода и здружението „ХЕМА-ОНКО“, а градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска истакна дека целта е преку вакви настани информациите за превенцијата и раната дијагностика да стигнат до што поголем број граѓани. Денешната трибина во Драчево е почеток на активностите на кампањата која ќе трае до 4-ти октомври и ќе се заокружи со „Розев пикник“ на Школка во Градскиот парк. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook