Марк Закерберг за прв пат даде интервју во својата кујна(ВИДЕО) - Канал 5

Марк Закерберг за прв пат даде интервју во својата кујна(ВИДЕО)

Сопственикот на Фејсбук , Марк Закерберг својот приватен живот го држи настрана од јавноста.

Марк Закерберг за прв пат даде интервју во својата кујна(ВИДЕО)

Закерберг и неговата сопруга Присила Чан на изненадување на гледачите и на светската јавност , сепак денеска се појавија во утринската програма на ЦБС .

Марк и Присила на новинарката Гејл Кинг и ги раскажуваа своите видувања за животот и предизвиците во семејството.

YouTube video

Закерберг ,за чиј приватен живот не се знае речиси ништо, последниве денови се соочува со законски регулативи за ограничување на рекламирање за компаниите на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водата во Северното море со рекордно висока температура од 21,5 степени

Водата во Северното море достигна рекордно висока температура од 21,5 степени целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт..

Водата во Северното море со рекордно висока температура од 21,5 степени

Мерењата биле направени минатиот викенд на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук Ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени пред осум години.

Истражувањето на швајцарските научници на Универзитетот во Берн покажува дека затоплувањето на морињата во Европа во најголем дел е последица на климатските промени, кои летово доведуваат до зголемување на температурата до 2 целзиусови степени во Средоземното море..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи

Американскиот претседател, Доналд Трамп, најави „економска војна“и изолација на Иран од невидени размери, во услови на застој во преговорите со Техеран.

Трамп најави „економска војна“ од невидени размери против Иран, се закани со последици за неговите поддржувачи

-Денеска ја објавувам најсуровата економска операција што некогаш била преземена против која било држава“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“, во исто време, предупредувајќи дека со сериозни економски последици ќе се соочат и земјите што ќе му пружат економска поддршка на Иран.

Заканата на Трамп следи откако во понеделникот истече 60-дневниот прекин на огнот, без никакви знаци за дипломатско решение на војната што САД и израел ја започнаа во февруари. Техеран соопшти дека заканата на трамп само ќе донесе дополнително непријателство..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

15 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана

Најмалку 15 луѓе се убиени, а неколку десетици се ранети во најновиот бран руски ракетни напади врз Киев додека Украина продолжува да се соочува со недостиг на ракети за воздушна одбрана.

15 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана

Мета на нападите кои почнаа околу полноќ биле станбени блокови и магацини, а според украинските власти, погодени биле и детеска болница и училиште.

Руското министерство за одбрана ги потврди нападите и соопшти дека користело прецизно воздушно, копнено и поморско оружје за таргетирање воени објекти и магацини.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека смртните случаи се резултат на недостаток на ракети за воздушна одбрана.

-Сè додека Украина нема доволно антибалистичко оружје, Русија нема сериозно да размислува за мир, напиша Зеленски на телеграм. Извштаите сугерираат дека Русија истрелала најмалку 20 ракети, од кои ниту една не била пресретната од украинската противвоздушна одбрана..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер