Марио Илиевски дополнително повикан за дуелите со Фарски острови и Ерменија - Канал 5

Марио Илиевски дополнително повикан за дуелите со Фарски острови и Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација од вчера е во Торшавн каде утре со почеток во 15 часот ја очекува дуелот против Фарски острови на отворањето на Лигата на нации.

Марио Илиевски дополнително повикан за дуелите со Фарски острови и Ерменија

Селекторот Благоја Милевски за саботниот дуел, како и натпреварот против Ерменија, закажан за 10 септември во Скопје, дополнително го повика капитенот на репрезентацијата до 21 година Марио Илиевски.

Ова доаѓа откако Милевски се соочи со непланирани откажувања во нападот поради повреди на Александар Трајковски и Милан Ристовски.

Младиот Илиевски е прекомандуван во сениорскиот тим, ден откако вчеравечер ја предводеше репрезентацијата до 21 која загуби од холандија со 5-0 во евроквалификациите. /МИА

Саудискиот принц престолонаследник: Израел сака да ги вовлече САД во конфликтот со Иран

- Убеден сум дека Иран ќе постапи разумно и ќе ја осуети целта на Израел,  рекол бин Салман. Тој додал дека „денес целиот исламски свет едногласно ви дава поддршка“, обраќајќи се до иранскиот претседател.

Саудискиот принц престолонаследник: Израел сака да ги вовлече САД во конфликтот со Иран

Престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, во телефонски разговор со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјавил дека, според проценките на Ријад, Израел се обидува да го продлабочи конфликтот со Иран со цел да ги вовлече САД во војна, јави иранската новинска агенција ИРНА.

- Убеден сум дека Иран ќе постапи разумно и ќе ја осуети целта на Израел, рекол бин Салман. Тој додал дека „денес целиот исламски свет едногласно ви дава поддршка“, обраќајќи се до иранскиот претседател.

Пезешкијан, пак, истакнал дека од моментот на преземањето на функцијата работи на зајакнување на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот, но дека Израел секогаш се обидувал да ги поткопа неговите напори кога биле блиску до успех.

- Се надевам дека Иран и Саудиска Арабија ќе можат да соработуваат за воспоставување смиреност и стабилност во регионот, изјавил Пезешкијан.

Во изминатите два дена Израел изврши напади врз иранска територија, вклучувајќи противракетни системи, нуклеарни објекти и цели на високи ирански воени структури. Иран возврати со ракетни напади врз Тел Авив и Ерусалим.

Енрике: ПСЖ има амбиција да продолжи да победува за да им го отежни животот на противниците

 Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, изјави дека играчите на тимот се решени да го освојат Светското клупско првенство.

Енрике: ПСЖ има амбиција да продолжи да победува за да им го отежни животот на противниците

- Ако ги погледнете четирите тренинзи што ги имавме во Лос Анџелес, можам да ве уверам дека желбата за победа е присутна. Тоа е нормално за овој тип играчи. Ќе покажеме многу добар резултат. Имаме амбиција да продолжиме да победуваме за да им го отежнеме животот на нашите противници, вели Енрике во интервјуто за „Марка“.

Светското клупско првенство во 2025 година се одржува од 15 јуни до 13 јули во Соединетите американски држави. ПСЖ ќе игра во група со Ботафого, Сиетл и Атлетико.

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека воените напади врз Израел се акт на самоодбрана и дека Иран не сака проширување на конфликтот кон соседните земји, освен ако не биде присилен.

Иран: Нападите врз Израел се чин на самоодбрана

- Нашата воена реакција е базирана на правото на самоодбрана, рече Арагчи, нагласувајќи дека нападите се одговор на претходните израелски воздушни напади, вклучувајќи и врз нуклеарниот објект во Натанц.

Тој побара од САД да ги осудат израелските напади и изрази сомнеж во тврдењето дека Вашингтон не бил вмешан. - Ние не веруваме дека САД немаат улога во нападите врз нашиот нуклеарен објект, изјави шефот на иранската дипломатија.

Арагчи нагласи дека Иран останува цврст во ставот дека не поседува нуклеарно оружје, но истовремено го брани своето право на мирнодобска нуклеарна програма. Тој исто така откри дека шестиот круг преговори со САД бил откажан, но Иран бил подготвен да даде гаранции.

- Израел е противник на секое дипломатско приближување меѓу Иран и САД, додаде тој.

притисни ентер