3Општина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември
СветМаринецот, кој се разнесе пред хотелот на Трамп, ѝ напишал на девојката: Како Бетмен сумЧовекот од Колорадо кој се разнесе пред хотелот на Трамп во Лас Вегас ѝ се пофалил на својата поранешна девојка дека неговиот брз сајбертрак го натерало да се чувствува „како Бетмен“.Метју Ливелсберг (37) ѝ испратил бројни пораки на својата поранешна девојка деновите пред да се застрела во главата во сајбертракот на Тесла, кој потоа експлодирал пред хотелот на Нова година. Додека инспекторите ги разгледуваат можните мотиви, откриено е дека Метју раскинал со сопругата и ѝ пишал на поранешната девојка пред да се самоубие. Неговата втора сопруга Џенифер Дејвис го оставила само шест дена пред инцидентот бидејќи се сомневала дека ја изневерува. Сега неговата поранешна девојка Алиша Арит открила што ѝ праќала бившиот во пораки во 9 часот наутро во неделата. Таа рече дека тој бил „како дете со нова играчка“ во низата пораки пред експлозијата. „Изнајмив Tesla Cybertrack. Се чувствувам како Бетмен“, напишал тој во пораката. Ливелсбергер ѝ се пофалил на бившата дека во новата улога „прави дронови“. „Таа би го сакала тоа“, додаде тој. Арит рече дека се борела да ги разбере деновите што следеле по нивното допишување, опишувајќи го нејзиниот поранешен како конзервативен патриот кој ја сакал својата земја. „Само сакам сите да знаат дека Мет беше најљубезниот човек што некогаш сум го познавала“, изјави таа за медиумите. Агентите на ФБИ го следеле Арит откако ги прочитале СМС пораките меѓу двајцата и ја информирале дека тој контактирал со други поранешни девојки деновите пред неговата смрт. Метју Ливелсбергер (37) од Колорадо, бил високо одликуван припадник на Зелените беретки на американската армија, кој бил распореден двапати во Авганистан и најверојатно планирал да направи најголема можна штета, според експертите, наведувајќи дека челичната каросерија на возилото амортизирала голем дел од силината на првичната експлозија пренесува АП. Шерифот на округот Кларк, Кевин Мекмахил, на прес-конференција изјави дека во близина на стапалата на мажот на возачкото седиште бил пронајден пиштол, пренесува АП. „Меѓу јагленосаните предмети пронајдени во возилото имало и огнено оружје, голем број пиротехнички средства, пасош, воена лична карта, кредитни картички, iPhone и паметен часовник“, рече Мекмахил. Кени Купер, специјален агент во американското биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви, рече дека нивото на софистицираност на овој напад не е она што би се очекувало „од поединец со ваков вид воено искуство“. Експлозијата на автомобилот, преполна со пиротехника и канистри со гориво, се случи неколку часа откако Шамсуд Дин Бахар Џабар удри со својот пикап во толпа луѓе во познатиот француски кварт во Њу Орлеанс во раните утрински часови на новата година, убивајќи најмалку 15 луѓе пред да биде застрелан од полицијата. Нападот се истражува како терористички напад. Ливелсбергер и Џабар поминувале време во базата порано позната како Форт Брег во Северна Каролина, во која се сместени повеќе армиски единици за специјални операции. Еден од официјалните лица кој разговарал за АП рече дека немало преклопување во нивните должности во базата, сега наречена Форт Либерти. Заменик-помошникот директор на ФБИ, Крис Раџа, претходно изјави дека официјалните лица не пронашле „никаква дефинитивна врска“ помеѓу нападот во Њу Орлеанс и експлозијата на футуристичкиот автомобил на Тесла во Лас Вегас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форумПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на деветтото издание на Парискиот мировен форум.Сиљановска-Давкова утре, 10 ноември 2026 година, вторник, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува под наслов „Здружување на силите за она што е најважно“. Таа ќе се обрати на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“, а ќе биде дел и од свечената вечера, којашто во чест на шефовите на држави и влади – учесници на Парискиот мировен форум, ќе ја приреди претседателот на Француската Република, Емануел Макрон. Парискиот мировен форум, основан во 2018 година, e меѓународна платформа за унапредување на глобалното управување, мирот и мултилатералната соработка.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаЗНАM: Не ги менуваме ставовите според дневнополитичките интересиЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци.Движење ЗНАМ – За наша Македонија ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата. Очигледно, некои политички структури сè уште не можат да се помират со фактот дека времето на институционалното самоволие, селективното толкување на законите и политичкото надмудрување со државните институции е завршено. Времето кога ДУИ и СДСМ ги толерираа и практикуваа таквите политики е минато. Македонија мора да функционира како правна држава, во која Уставот и законите важат подеднакво за сите. ЗНАМ е државотворна политичка партија. Ние не ги менуваме ставовите од денес за утре, ниту ги приспособуваме според дневнополитичките калкулации и притисоци. Нашиот став е јасен: почитување на Уставот, почитување на законите и заштита на институционалниот поредок на државата. Потенцираме дека во моментов не постои уставна и законска основа правосудниот испит да се полага на албански јазик. Ова не е прашање на нечии етнички чувства или политички амбиции, туку прашање на доследна примена на правниот поредок. Особено е недозволиво преку таканаречени хибридни решенија да се создаваат преседани со потенцијално далекусежни последици за правосудниот систем и функционирањето на институциите. Токму затоа претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, побара лидерска средба со коалициските партнери, на која отворено и одговорно ќе се разговара за ова прашање, ќе се дефинираат принципите и ќе се утврдат црвените линии. Ние не бегаме од дијалог, но дијалогот не смее да биде параван за заобиколување на Уставот и законите. Во однос на пораките и заканите упатени кон претседателот на ЗНАМ, вклучително и алузиите за Врање и повиците да внимава што зборува, сметаме дека ваквиот речник е несоодветен, неодговорен и недостоен за избрани народни претставници. Пратениците се избрани да ги застапуваат интересите на граѓаните во македонското Собрание, а не да испраќаат закани и да создаваат меѓуетнички тензии. Би сакале да го потсетиме господинот Ријад Шаќири дека пратеничката плата ја добива од буџетот на Република Македонија, кој го полнат сите граѓани, и Македонци и Албанци и припадници на сите други заедници. Затоа, наместо да упатува несоодветни пораки и да се занимава со други држави, би било одговорно својата енергија да ја насочи кон економскиот развој, подобриот животен стандард и решавањето на проблемите на граѓаните на оваа држава. Што се однесува до навредливите квалификации на Аднан Азизи за ЗНАМ, сметаме дека тие повеќе зборуваат за политичката нервоза во неговите редови отколку за нашата политичка позиција. Резултатите од последните локални избори во Брвеница, каде што кандидатот на ВРЕДИ не успеа да се пласира во вториот круг, се доволно јасна политичка порака. Нема потреба со навреди да се прикриваат изборните резултати и политичките слабости. Во однос на реакциите од ДУИ и најавениот бојкот на свечената седница по повод Денот на Куманово, жалиме што една свеченост посветена на градот и неговите граѓани преку шовинистички и сепаратистички наративи се користи за дневнополитички пресметки. Ваквиот пристап на ДУИ не е ништо ново, затоа што тие и досега никогаш не присуствувале на ваквите настани негирајќи ги придобивките од НОБ. Куманово е град на сите негови граѓани, а почитта и соживотот се градат со меѓусебно уважување, а не со политички ултиматуми и бојкоти. На крајот, сакаме да порачаме дека ЗНАМ нема да подлегне на притисоци, уцени и политички провокации. Ние сме за еднаквост на сите граѓани, но еднаквост во рамките на Уставот и законите. За нас нема селективна правда, нема привилегирани политички субјекти и нема хибридни решенија кога станува збор за функционирањето на правната држава. Македонија мора да биде држава на закони, а не држава на политички пазарења. Тоа е нашиот принцип, нашата одговорност и нашата црвена линија. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: Движењето ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаОпштина Карпош доделува еднократна парична помош по повод денот на лицата со попреченост 3. декември Општина Карпош објавува Јавен повик за доделување на еднократна парична помош во висина од 5.000 денари, по повод 3-ти декември - Денот на лицата со попреченост. Оваа иницијатива произлегува согласно програмските активности на Општина Карпош од областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година. Повикот е временски ограничен и ќе трае од денеска, понеделник (09.11.2026), па се до петок (20.11.2026) година. Во таа насока, право на остварување на еднократна парична помош имаат лица со попреченост коишто се жители на општина Карпош. За остварување на правото на паричен надомест потребно е да се достави соодветна документација како доказ за наведеното барање: - лична карта ( подносителот да е жител на општина Карпош ) - трансакциска сметка на име на подносителот на барањето) - наод и мислење за вид и степен на попреченост во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби или конзилијарно мислење/наод за остварување на право на додаток за попреченост во прв степен или друг документ со кој се потврдува видот и степенот на попреченост. За таа намена, комплетната документација се поднесува во архивата на Општина Карпош. Остварување на правото на паричен надомест ќе се врши по редослед на поднесување, односно до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка во точка 8. (Одбележување на 3-ти Декември - Денот на лицата со попреченост од Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на детската, социјалната и здравствената заштита за 2026 година). ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44