Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
2Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
ЕвропаМарин Ле Пен потврди дека ќе се кандидира на претседателски избори во Франција во 2027Лидерката на крајната десница Марин Ле Пен потврди дека ќе се кандидира на претседателските избори во Франција следната година, откако денеска ѝ беше намалена забраната за вршење јавна функција.Таа најави жалба на одлуката да носи електронска нараквица една година откако Апелацискиот суд во Париз ја потврди ланската пресуда за обвиненијата за проневера на европски пари. Таа ја отфрли можноста да му ја предаде кандидатурата на лидерот на партијата, жордан бардела. „нема такво сценарио. Тука сум вечерва за да објавам дека ќе се кандидирам на изборите во 2027“, рече Ле Пен на француската телевизија. Тоа ќе биде нејзиниот четврти обид да стане претседателка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураНови успеси за „скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина ДумаВо трка за срцето на Сараево и со награда од Ерусалим: Нови успеси за „скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума.„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума е селектиран во главната натпреварувачка програма за игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што ќе ја има својата европска премиера и ќе се натпреварува за престижното Срце на Сараево. Истовремено, филмот ја освои наградата „Камингс“ како победник во конкуренцијата „Во духот на слободата“ на 43. Филмски фестивал во Ерусалим. Учеството во Сараево има посебна симболика за филмот. Токму на „CineLink Industry Days“, индустриската платформа на Сараевскиот филмски фестивал, „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во 2022 година, додека сè уште беше проект во развој, ги освои наградите „Film Centre Serbia CineLink Award“ и „Female Voices CineLink Award“. Четири години подоцна, филмот се враќа во Сараево како завршено остварување и како еден од само деветте наслови во главната натпреварувачка програма за игран филм. Фестивалот ќе се одржи од 14 до 21 август 2026 година. Наградата во Ерусалим ја додели жирито во состав Исак Заблоцки, Нир Бергман и Рони Абулафија. Во образложението, жирито го истакнува комплексниот портрет на женското растење во општествено и економски ограничувачка средина и начинот на кој филмот ги прикажува дискриминацијата, општествените очекувања и односите на моќ што ги обликуваат животите на младите жени. Жирито посебно ги издвојува самоувереноста и чувствителноста со кои Дина Дума го гради светот на своите ликови, како и оригиналниот и нијансиран портрет поддржан од три исклучителни актерски изведби. Во образложението се наведува и дека филмот пристапува кон тешките теми со простор за хумор, сочувство и животност, без да нуди едноставни одговори, создавајќи „прецизно и длабоко емотивно филмско искуство што останува со гледачот долго по проекцијата“. Наградата во Ерусалим е најновото меѓународно признание за „Скејтбордингот не е за девојчиња“. Филмот ја имаше својата светска премиера на фестивалот Трајбека во Њујорк, каде што Дина Дума ја освои престижната награда „Нора Ефрон“. Филмот ја следи приказната на сестрите Адела и Зара, кои растат во средина во која економската неизвесност, семејните околности и општествените правила сè повеќе ги ограничуваат нивните избори. Нивната блискост е ставена на тест кога традиционалните очекувања се закануваат да ги разделат. Преку нивната лична приказна, филмот отвора теми за женското растење, слободата, солидарноста и правото на сопствен избор. Сценариото го потпишуваат Дина Дума, Лидија Мојсовска и Теона Стругар Митевска. Во главните улоги настапуваат Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимет Абдула. „Скејтбордингот не е за девојчиња“ е копродукција меѓу Северна Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска. Филмт е реализиран со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Продуценти на филмот се Лабина Митевска, Себастијан Делоа, Даниел Хочевар и Вања Сремац. Продукцијата „Сестри и брат Митевски“ годинава ќе биде двојно застапена на Сараевскиот филмски фестивал. Покрај „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во главната натпреварувачка програма, филмот „Мајка“ ќе биде прикажан во селекцијата „Во фокус“, каде што ќе ја има својата босанскохерцеговска премиера.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаТуск повика на прекин на ксенофобичните напади врз Украинците во ПолскаПолскиот премиер Доналд Туск повика на прекин на ксенофобичните напади врз Украинците во Полска, откако во таа земја, во текот на изминатите недели, се случија низа инциденти поврзани со зголемените тензии меѓу Варшава и Киев.Туск се огласи откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тројца Полјаци тепаат Украинец и неговата девојка во Вроцлав, наводно по расправија во продавница, пренесува Ројтерс. Двајцата напаѓачи се уапсени во вчера. „Секој што врши такви грозоморни дела постапува директно спротивно на интересите на Полска. Вие работите против Полска, во корист на Русија и во корист на полскиот и украинскиот национализам“, изјави Туск на седницата на владата. Според агенцијата, иако Варшава останува цврст поддржувач на Киев, Украинците што живеат во Полска во последниве години се соочуваат со зголемено непријателство од јавноста, бидејќи почетниот бран на сочувство по избувнувањето на конфликтот во Украина отстапи место на заморот од бегалците. Односите се затегнати и поради одлуката на Украина да именува воена единица по група националистички бунтовници од Втората светска војна – кои во Украина се почитувани поради борбата против нацистите и Советите, но кои во Полска учествувале во масакри врз Полјаци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНовите украински ракети можат да стигнат до Москва-Новите украински ракети можат да стигнат до Москва: „Напредуваме многу брзо, погодуваме важни цели во Русија“!Украина би можела да ги изведе првите напади врз Москва уште оваа есен, користејќи балистички ракети од домашно производство, изјави Денис Штилерман, сопственик и главен конструктор на одбранбената компанија „Фајр поинт“ (Fire Point). Штилерман наведе дека компанијата е во завршна фаза на тестирање на новиот ракетен систем и дека, штом ќе завршат пробните лансирања, ракетите би можеле да почнат да се користат против цели во внатрешноста на Русија. „Армијата ќе одлучи каде да удри, но верувам дека тоа веднаш ќе бидат значајни цели“, рече Штилерман. Штилерман додава дека временската рамка за распоредување на ракетите зависи од резултатите од тестирањата на моторот, вклучително и од финалното испитување на перформансите на моторот на пробната платформа. „Ќе го поставиме моторот на платформата, ќе спроведеме пробно пуштање во работа и ќе видиме како се однесува. Доколку се појават какви било проблеми, ќе ги отстраниме. Но, напредуваме многу брзо“, рече тој. Овие најнови изјави уследија по претходното интервју со Штилерман, во кое тој наведе дека компанијата „Фајр Поинт“ (Fire Point) се подготвува за сериско производство паралелно со процесот на тестирање. Имено, компанијата планира да произведе меѓу 10 и 20 ракети за пробни лансирања, при што обемот на производство би можел да се зголеми на десетици единици откако ова оружје ќе добие официјална кодификација и одобрение за набавка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook