Пејачката ја коментираше новата сезона на натпреварувањето, а потоа одговори на прашање поврзано со споменатата случка.
„Не можам да кажам дека се каам. Жал ми е што разбудив некого, да. Но, би рекла и дека сите овде сте луѓе од крв и месо, имате души, органи, емоции, па некој го покажува тоа на овој или оној начин“, изјавила Шерифовиќ за Нова.рс.
„Дали е соодветно, секако не, но никогаш не би менувала ниту едно од моите најискрени движења или потези за нешто неискрено, лажно. Тоа сум јас, тоа е тоа“, додаде таа. Потоа се извинила ако разбудила некого, но и на пријателите и на автомобилот.
„Ако разбудив некого, се извинувам. Му се извинувам на мојот автомобил, на моите пријатели, бидејќи сите се каравме цела ноќ“, рече таа.
Потсетуваме, на крајот на август беше објавено видео на кое се гледа како пејачката вика и удира по автомобилот доцна ноќе на сред улица. Шерифовиќ тогаш за српските медиуми потврди дека таа е на видеото и појасни што се случило.
„Иако тоа не треба да засега никого, добив една приватно лоша информација. Единствената личност на која треба да ѝ се извинам е мојот автомобил и ако разбудив некого“, рече тогаш таа. Српските медиуми тврдеа дека Марија полудела затоа што „нејзината партнерка во автомобилот ја признала измамата“.
"Конфликтот настанал поради класична љубомора. Марија била со пријателка и партнерката во автомобилот. Сѐ било во ред до моментот кога партнерката ја признала измамата. Тогаш Шерифовиќ полудела. Изгубила контрола, го запрела возилото за да не направи сообраќаен метеж и почна со хистерично однесување“, изјавил неидентификуван извор.