Маричиќ: Нови 53 милиони евра за Македонија од ЕУ за инвестиции во енергетика и животна средина

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ објави дека од Европската комисија на Македонија и се одобрени уште три проекти, преку повикот за инвестициски грантови во вредност од 53,015,968 евра.

- Денес добив одлична вест од Брисел која веднаш ја споделувам со вас, граѓаните. Европската комисија одобри 53.015.968 евра за Македонија, за три нови проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан и тоа: Реновирање на шест хидроцентрали, изградба на ветерен парк во Богданци и изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, Југо-западен и Југо-источен регион, во соработка со Европската банка за обнова и развој, објави вицепремиерот Маричиќ.

Маричиќ како Националниот ИПА координатор смета дека европските фондови и странската донаторска помош е од огромно значење на енергетската независност и за заштита на животната средина, две области кои носат сериозно подобрување на квалитетот на живот за македонските граѓани.

- Ова е помош за државата да ги изведе реформите, но и побрзо и полесно да ги достигне европските стандарди преку подобрување на животната средина и подобрување на инфраструктурата, потенцира Маричиќ

До крајот на јули минатата година, Европската унија ги одобри првите четири инвестициски проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан. Нашата земја аплицирање со 4 инвестициски проекти и ја доби поддршката за сите проекти во износ од 225,6 милиони евра. Одобрените проекти на последниот повик за инвестициски грантови се за проектот изградба на железница помеѓу Македонија-Бугарија на коридорот 8, секција Крива Паланка – граница со Бугарија доделен грант од Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), во износ од 149.2 милиони евра, за проектот за набавка на опрема за Осломеј 1 Фотоволтаична станица во износ од 1.6 милиони евра, за набавка на опрема за Осломеј 2 и Битола Фотоволтаична централа, во износ од 5 милиони евра и за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје, во висина од 69.8 милиони евра.

Во рамките на шестиот повик за инфраструктурни грантови беа одобрени грантови во износ од 1,1 милијарди евра за сите шест земји од Западен Балкан, а проектите од Македонија учествуваат со 20,5% од одобрениот износ, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Зошто не треба да ја перете облеката во машина на 30 или 40 степени

– Обратете внимание на следниве работи!

Ниските температури се погодни за развој на бактерии.

Неодамнешните истражувања открија дека ниските температури на водата во која се перат алиштата не само што не ги елиминираат бактериите, туку им овозможуваат да преживеат и дополнително да се развијат. Микробиолозите предупредуваат дека бактериите може да преживеат дури и ако телото има само 30 степени.

За да се намали ризикот од ширење бактерии преку облеката, експертите препорачуваат перење на алиштата на температура од најмалку 60 степени, особено кога се работи за детска облека, која е подложна на поголем ризик од инфекции.

Исто така, истражувањата покажале дека патиките, кои често се перат на пониски температури, може да содржат и до 10.000 микроорганизми кои преживуваат за време на перењето и остануваат во машината за перење.

Ова може да биде потенцијален извор на зараза за другите алишта што се перат во истата машина.

За да бидете сигурни дека бактериите се отстранети од машината за перење, експертите препорачуваат повремено да ја пуштите машината празна на најмалку 90 степени. Овој едноставен чекор може да ви помогне во одржувањето на хигиената и спречувањето инфекции преку облеката. Здравјето е важно, а правилната хигиена на облеката игра клучна улога во тоа.

Оваа жена ја „гази“ шестата деценија, а има густа и долга коса

Eве ја нејзината тајна која не ја откриваат ни фризерите!

Ако сте одлучиле да ја пуштите косата, советите од оваа жена со коса до струкот ќе ви бидат добредојдени.

Долгата и здрава коса е симбол на младоста и често ја носат младите девојки. Многу ретко може да се види жена во посериозни години со квалитетна и здрава коса. Многумина веруваат дека оние кои можат да се пофалат со тоа, имаат добра генетика. Но, дека тоа не е секогаш така докажува и инфлуенсерката Рене Фламанд која во своите 50-ти може да се пофали со бујна и здрава коса.

Со оглед на тоа што таа редовно споделува слики од нејзината коса, расположена е и да одговара на прашањата од љубопитните придружници, или дами кои бараат совет.

Таа открива дека ја одржува својата коса здрава и долга, објаснувајќи дека косата и расте околу еден и пол сантиметар месечно, а должината на новата коса достигнува и до 15 сантиметри годишно. Оваа инфлуенсерка истакнува дека ретко ја крати косата, иако фризерите препорачуваат редовно потстрижување за косата да има здрави врвови.

- Имав долга коса неколку пати во животот и кога велам долга, мислам до задникот. И единствено може да расте ако не ја сечете.

Сепак, според неа, за да ја одржите косата здрава, треба да избегнувате да ја третирате со топлина. Од јануари, како што изјавила инфлуенсерката, отсекла само еден сантиметар и тоа кадрица што ѝ останала од пред четири години. Поминале месеци, а таа не ја кратела косата.

Испуканите врвови ги крати сама

Оваа инфлуенсерка навела дека, ако види испукани краеви, не чека косата да ѝ расте, туку сама ги отстранува. Што се однесува до обликување на косата, таа открива дека никогаш не користи фен и пегла, а не се ни сеќава кога последен пат го направила тоа, косата ја суши исклучиво природно.

-Не можам да се сетам кога последен пат сум користела алатка за стилизирање на косата. Можеби пред 30 години? Мислам дека користев во средината на 90-тите - открива Рене.

Косата ја мие само еднаш неделно, а кога ќе го тргне пешкирот од глава, задолжително ја протресува и таа се суши за два часа на природна температура.

Покрај тоа, Рене ги советува жените да ја прифатат својата природна коса, бидејќи таа сакала промена и направила минивал, затоа имала кадрици. Како што вели, нејзе ѝ се допаѓа и црвена и црна коса, но решила да ја пушти својата природна коса иако многумина ѝ сугерирале дека изгледа старо, пренесува британски „Сан“.

Нејзината коса изгледа сјајно само затоа што таа не ја третира со фен или пегла и не ја бојадисува.

Многумина ги коментирале нејзините фотографии, фалејќи го квалитетот на косата на оваа средовечна жена и благодарејќи ѝ за споделените совети.

- Јас сум фризер и ова се факти.

- Секогаш кога некој ќе ме праша како да му порасне косата, јас буквално му одговарам „не шишај се“.

- Доколку постојано ја третирате и стилизирате, неопходно е да ги кратите врвовите за да избегнете кршење на косата и расцепени врвови.

- Како фризерка која има долга коса, сето ова е 1000 проценти точно! Верувајте ѝ на оваа жена, не лаже – беа дел од коментарите.

Многумина потврдија дека ако косата е правилно негувана и ако избегнувате топлина, таа може да расте и не бара шишање во тој случај. Една корисничка признала дека имала слична ситуација и дека косата многу ѝ пораснала кога не ја кратела. Освен тоа, не ја ни бојадисувала, и како што признава, заштедила многу пари.

притисни ентер