Маричиќ на средба со европратеници - Канал 5

Маричиќ на средба со европратеници

ЕУ интеграцијата е пат кој одговорно и свесно го избраа македонските граѓани.

Маричиќ на средба со европратеници

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во рамки на официјалната посета на Брисел се сретна со европратениците од групата на Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот Парламент, Тонино Пицула, Матјаж Немец и Андреас Шидер.

На средбите беше разговарано за спроведувањето на европската реформска агенда, за уставните измени, како и за новите случувања на Косово.

Европратениците ја потврдија поддршката која ја даваат на Македонија да ја одржи динамиката на преговорите со ЕУ, како и дека имаме пријатели во ЕУ кои ги препознаваат нашите позитивни чекори и даваат поддршка на нашите заложби да успееме до 2030 да станеме членка на Унијата.

На состанокот беше потенцирано дека имаме добра прилика, како држава членка на НАТО, една од ретките во регионот што е целосно усогласена со надворешната политика на ЕУ, држава која ги започна преговорите со ЕУ и која важи за сериозен фактор на стабилност во регионот, да биде во пакетот земји за идно членство во ЕУ.

Вицепремиерот Маричиќ укажа дека ЕУ интеграцијата е пат кој свесно и одговорно го бираме, потенцирајќи дека од тоа е потребно за стабилност и прогрес на државата, за видливи реформи на внатрешен план, кои ќе дадат позитивна трансформација на македонското општество.

На средата соговорниците ја осудија ескалацијата на Косово, за која се согласија дека е потребно итно да се врати дијалогот на маса, бидејќи ваквата состојба не оди во прилог на целиот регион, како и на неговата евроинтеграција.

Маричиќ оствари средба и со европратеничка од група на Зелените, Тинеке Стрике и координативен состанок со Микела Матуела, вршителката на должност директорка за Западен Балкан на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Комисија, на коитеми за разговор беа текот на скрининг процесот, планот за реформи и изработката на клучните документи од првиот Кластер, Патоказот за владеење на правото, Патоказот за функционирање на демократските институции и реформата на јавната администрација.

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Британската актерка и модел Елизабет Харли на специфичен начин одлучи да го прослави својот 60 роденден и влегувањето во седмата деценија од животот.

Фото: Атрактивна актерка и модел со гола фотка го прослави влегувањето во седмата деценија!

Популарната Лиз сподели фотографија на својот Инстаграм профил на која позира целосно гола, славејќи го не само својот роденден, туку и бројни животни достигнувања и нова љубов со музичарот Били Реј Сајрус.

Познатата британска актерка Елизабет Харли одлучи да го прослави својот 60-ти роденден со стил, објавувајќи провокативна фотографија која ги остави нејзините обожаватели без здив.

Таа сподели уметничка фотографија на Инстаграм на која позира целосно гола на ливада, носејќи само дискретен ѓердан. Со рацете стратешки завиткани околу колената и широка насмевка на лицето, Харли ја покажа својата завидна фигура, а со објавата хумористично напиша:

- Фотографијата е направена денес попладне... во мојата роденденска облека - се пошегува таа.

Атрактивната актерка и модел инаку никогаш немала проблем да објави свои фотографии во бикини. Најверојатно бидејќи знае дека има става на која и завидуваат и тројно помладите девојки.

Доминација на Мерцедес во Монтреал

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, е победник на трката за Големата награда на Канада,од Формула 1 првенството која вечерва се одржа во Монтреал.За Британецот од тимот на Мерцедес ова е прв триумф сезонава во Ф1.

Доминација на Мерцедес во Монтреал

На подиумот по Гран прито во Монтреал се искачија и актуелниот светски шампион, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен и големото изнадување, клупскиот колега на победникот Расел, ввториот пилот на Мерцедес, Кими Антонели.Ова е пвиот подиум во кариерата за Антонели.

Лидерот во Генералниот пласман, возачот на Мекларен , Оскар Пјастристигна до четвртатата позиција со што ја зголеми својата предност на врвот на листата на возачи.

Трагичар на трката во Канада е возачот на Мекларен,Ландо Норис. При крајот на трката, тој во директен дуел со клупскиот другар Оскар Пјастри, погреши и се удри во ѕидот и заврши без поени.

Лидер во светскиот шампионат во Формила 1 е Оскар Пјастри со 198 бода, 22 повеќе од клупскиот другар Норис. Верстапен од Ред Бул е трет со 155 бода, а зад него е победникот на Голмата награда на Канада,, Расел, со 136 бода.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Провокативната инфлуенсерка и старлета Деми Роуз со провокативни фотки по подолг период се појави на социјалните мрежи.

Фото: Старлетата Деми Роуз повторно провоцира

Познатата ѕвезда на социјалните медиуми Деми Роуз со месеци не објавуваше ништо на Инстаграм и „отстранила“ од следење бројни контакти.

Обожавателите на Инстаграм на секој начин сакала да ја контактираат, дури ѝ оставале загржувачки пораки но Деми останала недостапна.

Сега британските медиуми пишуваат дека бујната Роуз сепак била активна но на друга социјална платформа, на уште еден популарен канал само за претплатници и на Снепчет.

Провокативната Деми сега ги изненадила фановите со неколку секси Инста строиња. На кои како и секогаш на радост на фановите во преден план се нејзините природни бујни облини во секси минијатурни бикини.

притисни ентер