Маричиќ: Имаме напредок во 80 проценти од поглавјата, не е нотирано назадување - Канал 5

Маричиќ: Имаме напредок во 80 проценти од поглавјата, не е нотирано назадување

Од првичната анализа на Извештајот на ЕК произлегува важна порака - имаме напредок во 80 проценти од поглавјата, а не е нотирано назадување во ниту едно од поглавјата.

Маричиќ: Имаме напредок во 80 проценти од поглавјата, не е нотирано назадување

Значи, има нула назадувања, констатираше вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Тој на денешната заедничка прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир во Владата, по повод Извештајот на ЕК за напредокот на земјава за 2023 година, посочи дека ги прифаќаат укажувањата и ги сметаат за важен показател за она што се случува и за она што треба да го прават.

Според Маричиќ, во најголем дел од поглавјата сме со соодветно ниво на подготвеност. Како што рече, оценката за вкупната подготвеност на државата за 2023 година е „добро ниво на подготвеност“ и е солидна константа веќе неколку години наназад

Но, посочи, одлагањето или ставањето во неизвесност на преговорите и на членството на Македонија во ЕУ го става во неизвеснот и реформскиот процес.

Според Маричиќ, прифаќањето на уставните измени останува предуслов кој не можеме да го прескокнеме. Тука, појасни, нема никакви дилеми дека одлуката е само во наши раце.

-Лажна приказна, мит, но и неодговорна и опасна политичка позиција е дека Македонија има луксуз да чека или дека може да постигне подобар договор во иднинна. Уверен сум дека со национален консензус и со максимално вложување на Владата како носител на преговорите, но и на сите засегнати страни можеме да ја исполниме заложбата дабидеме подготвени за членство во ЕУ до 2030 година, рече Маричиќ.

Тој потенцираше дека е важна констатацијата на Комисијата дека процесот на скринингот се одвива непречено, успешно и дека земјата и Владата покажуваат високо ниво на посветеност.

-И покрај опструкциите на опозицијата кои се нотирани во извештајот,Македонија се бори и продолжува да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство, додаде Маричиќ.

Како што посочи, во делот на Кластерот Фундаментални вредности, Европската Комисија констатира дека Македонија продолжи со напорите за зајакнување на демократијата и ја покажа својата посветеност да испорача резултати.

-Како заменик претседател за европски прашања и главен преговарач, ја потенцирам констатацијата на Комисијата, која ја споделуваме и ние дека „Владата и администрацијата мобилизираа значајни ресурси и активно учествуваа во скрининг процесот“. Скрининг процесот ни ја дава основата за дефинирање на идните реформски приоритети од ЕУ агендата, кои треба да се спроведуваат и за кои неминовно е потребен широк општествен консензус. Во таа насока работиме на подготовка на патоказите за владеење на право, реформите во администрацијата и функционирањето на демократските институции, рече Маричиќ.

Според вицепремиерот, сè што е наведено во Извештајот, ни е добро познато и силно се работи на решенијата.

-Пример за тоа дека предизвиците се детектирани од наша страна и дека на нив работиме за да најдеме соодветни решенија, е работата на Судскиот совет. Ние го согледавме проблемот во функционирањето на Судскиот Совет и затоа побаравме оценска мисија од Европската Унија, која веќе е во тек. Сега ги очекуваме наодите и препораките и останува секоја соодветна институција во рамките на своите надлежности во правосудството, да ги имплементира, додаде Маричиќ.

Во делот на функционирањето на демократските институции Европската Комисија, вицепремиерот посочи дека се укажува на потребата да се донесат уставните измени, како и обврските од Дијалогот „Жан Моне“.

-Во однос на основните човекови права, останува оценката на Европската Комисија дека правната рамка е генерално усогласена со стандардите на ЕУ. Предизвиците остануваат во делот на јакнење на капацитетите на независните тела (Народен правобранител, Комисија за заштита и спречување од дискриминација), унапредување на правата на лицата со посебни потреби, и особено во подобрување на состојбите во затворите и притворите, рече Маричиќ.

Како што наведе, во однос на економските критериуми, има добро ниво на подготовка во развојот на функционална пазарна економија. Иако во 2022 година, економијата беше тешко погодена од последиците од руската агресија против Украина, сепак Македонија, како што рече, успеа да обезбеди финансиска и макроекономска стабилност.

Маричиќ додаде дека препораките во Извештајот, како и секоја година, ќе користат како основа за спроведување на реформите за следниот период.

-Целосно сме свесни дека следната година е изборна година, во земјата ќе се случат собраниски и претседателски избори, но исто така и во Европската Унија, избори за нов ЕП и целосно нова раководна структура на Европската Унија. Затоа, повикувам – сега е моментот да ја зграбиме понудената шанса и да пристапиме кон отворената врата. Сите политички субјекти се повикани да ја преземат одговорноста. Да се покажеме достојни на предизвикот за да го направиме новиот чекор за поблиску до евроинтеграцијата, посочи Маричиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Човек ѝ платил 50.000 долари на вештачка интелигенција за 6 месеци да му најде жена за брак

Вештачката интелигенција повеќе не е само алатка за одговарање на прашања, туку сè повеќе станува систем за управување со животните цели.

Човек ѝ платил 50.000 долари на вештачка интелигенција за 6 месеци да му најде жена за брак

Најновиот пример доаѓа од Reddit, каде што корисник презентираше експеримент во кој агент на вештачката интелигенција му помогнал да најде сопруга во рок од шест месеци.

Корисникот наведува дека го користи експерименталниот систем од Anthropic, со максимален пакет за претплата и буџет од 50.000 долари. Вештачката интелигенција не ги презема директните човечки интеракции, туку анализира разговори, дава препораки и ја прилагодува стратегијата врз основа на резултатите.

Вештачката интелигенција како животен стратег, а не само четбот

Идејата на експериментот е дека вештачката интелигенција функционира како личен стратег, помагајќи да се подобри комуникацијата и донесувањето одлуки, додека сите вистински интеракции остануваат кај корисникот. Во пракса, вештачката интелигенција станува систем што ги следи долгорочните цели и итерактивно ги оптимизира.

Во дискусијата што следеше, повеќето коментари на Reddit имаа хумористичен тон, но дел од заедницата ја нагласи поважната порака. Според нив, вештачката интелигенција треба да служи за личен развој, а не за „оптимизирање“ на луѓето како податоци.

Границата помеѓу помош и прекумерна автоматизација

Овој случај се вклопува во поширок тренд каде што системите со вештачка интелигенција сè повеќе се користат како агенти за долгорочни задачи. Тие не само што одговараат на прашања, туку планираат, запомнуваат и адаптираат стратегии со текот на времето.

Овој пристап веќе се користи во бизнисот, учењето и организацијата на работата, а овој експеримент покажува дека истото размислување полека се пренесува во приватниот живот. Клучното прашање останува колку далеку можат и треба да одат ваквите системи.

Иако технологијата развиена од Anthropic овозможува сè понапредни модели на „агенти“, експертите предупредуваат дека границата помеѓу корисна помош и прекумерна зависност сè уште не е јасно дефинирана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

46-годишниот австралиски државјанин Сајмон Карман е уапсен на аеродромот во Бангкок под сомнение за убиство на 17-годишно девојче чие голо тело беше пронајдено во куфер.

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со тинејџерка чие тело беше пронајдено во куфер фрлен во близина на Пловечкиот пазар во Патаја, на источниот брег на Тајландскиот Залив, објавија локалните медиуми и агенцијата Франс Прес.

Засега не е точно познато каква врска имале Австралијанецот и жртвата.

Снимките од безбедносните камери доведоа до осомничениот

Снимките од безбедносните камери го покажуваат осомничениот како влегува во стан во одморалиштето Патаја во раните утрински часови во четврток, заедно со 17-годишната Тајландка Тунчанок Донхомл.

Неколку часа подоцна, тој ја напуштил зградата носејќи голем црн куфер, кој потоа го однел на задниот дел од мотоцикл. „Патаја 24 њуз“ објави видео од девојка и маж кои се држат за раце додека чекаат лифт околу 3:30 часот наутро, како и видео од маж кој носи куфер од зградата.

Истрага и пронаоѓање на телото

Полициската станица во Патаја побара од службата за имиграција да го спречи мажот да го напушти Тајланд. Тој беше приведен на аеродромот „Суварнабхуми“ во Бангкок додека се обидуваше да избега од земјата. Осомничениот, кој негира вмешаност во киднапирањето и убиството, беше испрашуван и даде информации за локацијата каде што беше фрлен куферот.

Вчера полицијата пронајде куфер во близина на железничката пруга, со телото на жртвата внатре, со знаци на насилство, објави локалната веб-страница „Патаја њуз“.

Службеник на полицијата во Патаја за агенцијата Франс Прес изјави дека истражителите чекаат резултати од обдукција и други докази пред да поднесат обвинение. Службеникот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, додаде дека обвиненијата може да вклучуваат киднапирање на дете, убиство, прикривање на труп и „киднапирање на малолетно лице за сексуални цели“. Според порталот „Нејшн Тајланд“, мажот е уапсен под обвинение за убиство и криење на телото.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија потврди дека одделот „обезбедува конзуларна помош на австралиски државјанин приведен во Тајланд“. „Поради нашите обврски за заштита на приватноста, не сме во можност да дадеме дополнителни коментари“, се вели во соопштението.

Имал гребнатини

Полицијата, исто така, наведува дека кога Карман бил уапсен на аеродромот, имал видливи гребнатини на вратот и рацете, за кои истражителите веруваат дека биле одбранбени рани предизвикани за време на тепачка.

Шефот на полицијата во Патаја, полковник Анек Саратонгју, рече дека Карман првично бил обвинет за одведување на малолетничка да изврши непристојно дело. „Веруваме дека ја убил и го испрашуваме под сомнение за убиство“, рече тој. „Таа има гребнатини од нокти на телото што се во согласност со тепачка, но тој негира дека ја убил“.

Во видео објавено од Pattaya 24 News, Карман се обратил до семејството на жртвата: „Жал ми е за она што се случи со вашата ќерка. Беше надвор од моја контрола. Знам дека мора да сте многу тажни и вознемирени“.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија потврди дека тие обезбедуваат конзуларна помош на австралиски државјанин приведен во Тајланд. „Поради нашата обврска да ја заштитиме приватноста, не можеме понатаму да коментираме“, рече портпаролот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Милијардер го напушти сослушувањето за врските со педофилот Епштајн- му поставувале незгодни прашања (ВИДЕО)

Милијардерот-инвеститор Леон Блек излезе од сослушувањето пред американскиот конгресен комитет што го истражуваше починатиот сексуален престапник Џефри Епштајн .

Милијардер го напушти сослушувањето за врските со педофилот Епштајн- му поставувале незгодни прашања (ВИДЕО)

Милијардерот-инвеститор Леон Блек излезе од сослушувањето пред американскиот конгресен комитет што го истражуваше починатиот сексуален престапник Џефри Епштајн откако одби да одговори на прашањата за договорите за неоткривање информации. Блек, чие име е споменато во судските документи на Епштајн, сведочеше доброволно, но си замина кога претставниците почнаа да го испрашуваат за споменатите договори, пишува Би-Би-Си.

Издадени судски наредби

Комитетот за надзор на Претставничкиот дом последователно издаде две судски покани со кои се бара од Блек да ги предаде сите договори за неоткривање информации и да сведочи под заклетва пред камера. „Сакаме да знаеме дали Џефри Епштајн бил вклучен во тие договори?“, рече во петокот претседателот на републиканскиот комитет, Џејмс Комер. „Дали тој бил вклучен во нивното составување? Дали бил вклучен во плаќањето на жените за да ги потпишат договорите? Која беше причината за тие договори? Сакаме да знаеме сè за нив.“

Договорите за неоткривање информации, познати и како НДА, се правни договори во кои страните се согласуваат да чуваат одредени информации доверливи, честопати како дел од спогодба или договор за вработување.

YouTube video

Блек го напушти Аполо Глобал Менаџмент, кој го ко-основаше, во 2021 година, под притисок на јавноста за неговите врски со Епштајн. Тој продолжува да негира какво било кривично дело. Неговите адвокати потврдија за Би-Би-Си дека тој го напуштил сослушувањето откако неговиот правен тим „ги изнесе завршните зборови“.

Блек: Му платив на Епштајн 158 милиони долари

За време на неговото кратко појавување пред комисијата, Блек наводно рекол дека му платил на Епштајн 158 милиони долари за легитимни цели за време на нивното долгогодишно здружување. Таа сума беше предмет на истрага на Сенатот за тоа дали Блек намерно му платил на Епштајн за да ги прикрие плаќањата од лични причини под маската на финансиски услуги.

Адвокатите на Блек истакнаа дека внатрешната истрага во Аполо, спроведена од адвокатската фирма Дечерт, заклучила дека надоместоците што Блек му ги платил на Епштајн биле за легитимни даночни совети.

YouTube video

„Го познавав Џекил, а не Хајд“

Како и многу други кои сведочеа пред комисијата, Блек рече дека бил измамен од осрамотениот финансиер. „Го познавав Џекил, а не Хајд“, гласеше неговата воведна изјава, чија копија неговиот адвокат ја сподели со Би-Би-Си. „Ретроспективно, сега знам, како и целиот свет, дека Епштајн бил вклучен во ужасни, гнасни активности. Многу ми е жал за жртвите на Епштајн“, продолжи Блек. „Сакам јасно да ставам до знаење дека не бев свесен за овие злобни активности сè додека Епштајн не беше обвинет за трговија со луѓе во јули 2019 година.“

Блек негираше дека некогаш злоупотребувал жена, дека бил со малолетник, дека се занимавал со трговија со луѓе за сексуална експлоатација, дека му плаќал на Епштајн за пристап до жени или дека бил уценуван од Епштајн.

Случајот со поранешната манекенка

Според судските записи, Блек имал шестгодишна афера со поранешната руска манекенка Гузел Ганиева, која завршила со обвинувања за злоупотреба. Тужбата на Ганиева против Блек, која подоцна беше отфрлена, тврди дека тој составил договор за неоткривање информации во 2015 година за да го обезбеди нејзиното молчење.

Документите објавени од Министерството за правда на САД откриваат дека Епштајн му понудил совети на Блек, вклучително и предлог во е-пошта до неговата асистентка Блек да ангажира поранешни полициски службеници да го контактираат Ганиев. „Изберете го вашиот метод на испорака, мој избор. - двајца високо ценети поранешни---- пополнете го празното место, имиграција, Скотланд Јард. SFO... кои би можеле да тропнат на нејзината врата и да ги презентираат условите“, напиша Епштајн.

Адвокатката на Блек, Сузан Естрих, ги отфрли обвинувањата на Ганиева како „докажливо лажни“, а самиот Блек претходно изјави дека бил жртва на изнуда. Судијата на крајот ја отфрли тужбата на Ганиева, наведувајќи го договорот за неоткривање што го потпишала и проценетите 9 милиони долари што ги добила во годините по договорот.

Реакции на напуштањето на распитот

Естрих ги нарече судските наредби „планирана политичка тактика“. „Г-дин Епштајн немал никаква врска со никакви договори за неоткривање, без разлика дали постоеле или не“, рече таа, додавајќи дека комисијата „не поставила ниту едно прашање за легитимни плаќања на Епштајн за професионални услуги поврзани со даночни и имотни прашања“.

Од друга страна, водечкиот демократ во Надзорниот комитет, Роберт Гарсија, рече дека Блек „излегол од интервјуто“ кога бил прашан за договорите за неоткривање. „Леон Блек имал можност да го стори вистинското нешто и да ни помогне да обезбедиме правда за жртвите“, рече Гарсија.

„Наместо тоа, тој излегол од просторијата кога бил прашан за информации за неговите договори за неоткривање со жени и неговиот однос со жртвите на Џефри Епштајн“. Гарсија додаде дека Блек „ќе биде повикан на одговорност ако не соработува во нашата истрага“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер