Маричиќ: Бугарија има историска можност да подаде рака

 Бугарија има историска можност да подаде рака, очекуваме да го отстранат несогласувањето со Преговарачката рамка.

Покажавме дека знаеме да градиме мостови со соседите и да подадеме рака. Денес, Владата на Бугарија и претседателот Румен Радев, имаат историска можност да подадат рака да изградиме мост на доверба и пријателство. Очекуваме да го отстранат несогласувањето со Преговарачката рамка, ослободена од сите билатерални товари, за да може да ја одржиме правата меѓувладина конференција и со тоа да започне процесот на пристапни преговори, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на панел дискусијата „Демократијата во Европа – 30 години по Мастришкиот договор: Нови прашања за европската иднината и дилемите поврзани со проширувањето".

– Ние сме пријатели со Бугарија и ќе градиме пријателски односи. Први сме соседи, сојузници во НАТО, ќе бидеме заедно и во ЕУ. Стратешко долгорочно пријателство мора да се гради постојано. Лесно се рушат мостови, но тешко и долго се градат. Ние сме подготвени да градиме мостови на трајно пријателство, но потребно е да имаме меѓусебно почитување и основа за заштита на нашите интереси, порача Маричиќ.

Тој оцени дека дилемата околу иднината на Европа стана прашање во јавниот дискурс поради стагнацијата во политиката на проширувањето на Унијата и тоа со почетокот на војната во Украина, која за жал, на најтрагичен начин покажа дека прашањето за проширување е истовремено и безбедносно прашање како за регионот, така и за самата Унија и веќе не е прашање само за кредибилитетот на ЕУ.

– Ние одамна ја имаме надминато оваа стратешка крстосница и не само што донесовме правилни одлуки и постојано докажавме дека сме искрен и доверлив партнер на Унијата, туку и цврсто чекориме кон реализација на целите. И затоа очекуваме државите членки на Унијата, да ја прилагодат оптиката на реалноста и да одговорат на денешните предизвици од кои ќе зависи иднината на Европа, истакна Маричиќ.

Тој оцени дека иако во изминатите три децении ЕУ не остана имуна ниту на надворешните, ниту на внатрешните кризи, а тоа го гледаме и денес, но 30 години подоцна Европа тешко наоѓа друг, поинаков проект што би ја заменил.

– Верувам дека значењето на Договорот од Мастрихт за се поповрзана Европа ќе опстои и денес и ќе продолжи да пулсира во ова турбулентно време во кое живееме. Јас би рекол дека и резултатите и успешноста на овој процес ќе се потврдат и во ова време-невреме, кога зборовите единство, солидарност, демократија, суверенитет и интегритет ќе го имаат својот вистински звук и ќе добиваат многу на значење, заклучи вицепремиерот за европски прашања.

Претседателката на Европското движење Милева Ѓуровска, на отворањето на панел дискусијата рече дека, војната на европско тло е закана за мирот на целиот континент и една причина повеќе за поголема солидарност со земјите кандидатки за членство.

– Подолго време добивавме само охрабрувачки зборови, но реално процесот е во статус кво состојба. Ова особено се однесува на нашата држава, која покажа политичка храброст за промена на името и отвореност да ги прифати новите преговарачки услови, изјави Ѓуровска.

Официјалниот претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер", Даниел Браун, порача дека прашањето за членството на земјите од Западен Балкан во ЕУ е од безбедносен аспект и многу поважно од кога било досега.

– Ние во рамките на ЕУ сакаме да бидеме заедница на вредности и да бидеме меѓусебно солидарни и мислам дека не е полезно проблемите надвор од ЕУ да се користат како средство за притисок и на тој начин да се спречува членство. Знаеме дека перспективата сега не е многу оптимистичка, меѓутоа Германија и многу земји од ЕУ и институциите овде работат со полна пареа на тоа. Но, и ние не можеме секогаш да ги убедиме сите, не можеме да постигнеме консензус, а тоа е средство што го користи ЕУ, изјави Браун.

Панел дискусијата се одржа во организација на Фондацијата „Конрад Аденауер", Европското движење во Република Северна Македонија и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел, во рамки на одбележувањето на 9 Мај, Денот на Европа.

Чола „тежи“ 25 милиони евра, a носи часовник вреден 2.000 евра

Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Здравко Чолиќ е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Според податоците од 2021 година, неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.

Иако има толку милиони, Чола отсекогаш бил скромен, а сега тоа го докажа уште еднаш - со изборот на својот часовник. Така, пејачот на зглобот носи часовник вреден „само“ 2.000 евра . Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

Здравко отсекогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

- Човекот не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но тоа ми беше малку претерано и така е и денес - изјави тогаш Здравко.

Тој откри на што најмногу ги трошел хонорарите.

- Никогаш не сме имале толку високи хонорари. Патувањето и гардеробата беа фетиш во седумдесеттите и осумдесеттите. Никогаш немав големи материјални желби. Моето беше да одам некаде, на море или да направам некоја забава и да потрошам таму, но никогаш немав желба да купам часовник. Не страдав од тоа – скромно вели пејчачот.

Извор: Аваз

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер

Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. 

Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело.

Постојано копнеење за слатки

Шеќерот предизвикува зависност. Ова е затоа што сензорите за вкус се адаптирале на благото и на тој човек му треба сѐ повеќе благо, за да го добиете истиот вкус, но и истото задоволство како и првиот пат, слично како дрога. Поради сѐ тоа, докторите советуваат навремена контрола на внесувањето шеќер.

- Со тоа што јадете многу шеќер, предизвикувате хормонален одговор во Вашето тело што е како бран. Ве крева, а потоа Ве треснува од земја, и тоа го поттикнува Вашето тело да бара повеќе шеќер, појаснува Алперт.

Промени во расположението

Премногу внесен шеќер може да значи моментна „еуфорија“. И обратно... Падот на шеќерот во крвта може да предизвика пад и во расположението и поголема нервоза и вознемиреност.

Тромавост

Откако шеќерот ќе го предизвика почетниот скок на енергијата, тој предизвикува и пад. Енергијата е најстабилна кога шеќерот во крвта е стабилен, така што кога се консумира премногу шеќер, има и падови во енергијата. Премногу шеќер честопати значи и недоволен внос на протеини и влакна.

Пукање на кожата

Д-р Ребека Казин смета дека некои луѓе се чувствителни на напливи на инсулин поради прекумерно внесување на шеќер. Тоа може да предизвика нарушување на хормоните, што води, на пр., до сува кожа, ранички, акни и сл.

Дебелеење

Вишокот шеќер значи - вишок калории, а во недостиг на протеини или влакна, шеќерот нема никаква хранлива вредност. Сѐ тоа, заедно со ослободувањето инсулин, ја покачува телесната тежина, но и ја зголемува опасноста од појава на дијабетес.

Кога се јаде премногу шеќер, на телото „му се кажува“ да лачи повеќе инсулин, а подоцна, тоа прекумерно лачење може да доведе до отпорност кон инсулин. Отпорноста пак, значи дека телото нема да може правилно да реагира на нормални количини инсулин и правилно да го користи шеќерот.

Премногу кариес

Кога бактериите ги разјадуваат честичките храна меѓу забите, се создава киселина што постепено предизвикува расипување на забите. Плунката сама по себе одржува здрава рамнотежа на бактерии, но шеќерот може да влијае на пе-ха вредноста и да го наруши тој природен сооднос. Неправилното размножување на бактериите, всушност, води кон расипување на забите и кариес.

Мозочна магла

Деконцентрацијата што обично се јавува после оброк е симптом на низок шеќер во крвта. Кога се јаде многу благо, пак, нивото шеќер во крвта се зголемува и опаѓа, наименично и брзо. Тоа, според стручњаците, ја зголемува расеаноста, и укажува на задолжителна контрола на внесот на шеќер.

Ништо не е така слатко како порано

Премногу шеќер предизвикува сензорите за вкус да се навикнат на слатките вкусови, па затоа човекот бара сѐ повеќе шеќер за да ја задоволи својата глад за слатко. Меѓутоа, тука се препорачува свесно намалување на благото и самоконтрола. На тој начин, по извесно време, телото повторно ќе се навикне и ќе се задоволува со малку шеќер. /МИА

Борел повтори дека Рафа не смее да биде нападнат

Го повика Израел да се вклучи во мировниот процес.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека партнерите на Израел и соседните земји имаат заеднички став дека градот Рафа на југот од Појасот Газа не смее да биде нападнат и ја повика израелската влада конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес.

Борел на Х напиша дека меѓународната заедница, исто така, едногласно бара итно ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа.

Тој истакна дека Израел не може да го уништи Хамас по цена на убиени илјадници палестински цивили и оти понатамошното раселување на повеќе од милион ранливи Палестинци би било „погубно“.

- Ја повикуваме владата на Израел да ги послуша повиците на меѓународната заедница и конструктивно да се вклучи во политичкиот мировен процес, наведе Борел. /МИА

притисни ентер