Бојковска: Со ВМРО-ДПМНЕ платите растат за 70% повеќе, а пензиите за цели 325%, значително побрзо граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност
1Бојковска: Со ВМРО-ДПМНЕ платите растат за 70% повеќе, а пензиите за цели 325%, значително побрзо граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност
ТенисМареј противник на Надал во полуфиналето на Ролан ГаросБританецот Енди Мареј ќе му биде противник на Рафаел Надал во полуфиналниот меч од тенискиот Грен слем во Париз.Во меч кој траеше повеќе од три часа Мареј синоќа во четвртфиналната фаза го победи Гаел Монфилс (Франција) со 3-2 во сетови - 6:4; 6:1; 4:6; 1:6 и 6:0. Нешто порано пласманот помеѓу четирите најдобри тенисери на Ролан Гарос го обезбеди Рафаел Надал кој во шпанската пресметка со 3-1 (4:6; 6:4; 6:0 и 6:1) го победи Давид Ферер. Од претходно се знаеше првата полуфинална двојка која ја сочинуваат Новак Ѓоковиќ (Србија) и Ернест Гулбис (Летонија). Полуфиналните мечеви во машкиот дел од турнир ќе се играат утре од 13 часот. За денеска се закажани полуфиналните дуели во женска конкуренција: 15 часот: Марија Шарапова (Русија) - Ешли Бушард (Канада) 16 часот: Симона Халеп (Романија) - Андреа Петковиќ (Германија). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБојковска: Со ВМРО-ДПМНЕ платите растат за 70% повеќе, а пензиите за цели 325%, значително побрзо граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурностДенеска сакаме да зборуваме за нешто што е најважно за секое семејство, за платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните.Економските резултати се мерат со бројки. А бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, платите и пензиите растат значително побрзо. Ајде да направиме директна споредба. Во јуни 2017 година, кога СДС дојде на власт, просечната плата изнесуваше 22.800 денари. До мај 2024 година, таа порасна на 41.250 денари. Тоа значи дека за 84 месеци, односно за седум години, просечната плата се зголемила за нешто над 18.400 денари, во просек, тоа е раст од околу 220 денари месечно. Сега да видиме што се случува со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во јули 2024 година, просечната плата изнесуваше околу 40.900 денари, а во мај 2026 година достигна над 49.500 денари. За само 23 месеци, просечната плата е зголемена за околу 8.600 денари. Тоа е просечен месечен раст од над 370 денари, односно околу 70% побрз раст, во споредба со периодот на владеење на СДС и ДУИ. Но разликата не се гледа само кај платите, таа е уште појасна и поголема кај пензиите. Во јуни 2017 година, просечната старосна пензија изнесувала помалку од 15.300 денари. Во мај 2024 година таа достигнала над 22.900 денари. Што значи, за седум години, пензијата се зголемила за скоро 7.700 денари, односно во просек растела за над 9 денари месечно. Кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2024 година, просечната старосна пензија во јули изнесувала 22.850 денари, која во мај 2026 година достигна над 29.700 денари. Тоа е зголемување од над 6.800 денари за само 23 месеци, односно просечен месечен раст од околу 300 денари, што значи дека месечниот раст на старосната пензија во периодот на оваа Влада е околу 325% поголем во споредба на периодот на претходната влада на СДС и ДУИ. Почитувани, Ова е разликата меѓу политики што носат резултати и политики што остануваат само на зборови. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е повисоки плати, повисоки пензии, повеќе инвестиции, повеќе работни места и повисок животен стандард за сите граѓани и во таа насока, уште попосветено ќе продолжи да работи. Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеникТагови: Драгана Бојковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„Apple“ најавува настан: Доаѓа преклоплив „iPhone“ - но тоа не е најголемото изненадувањеТим Кук ја напушта компанијата, но доаѓаат нови уреди кои би можеле да променат сè во екосистемот на „Apple“.„Apple“ објави во среда дека нивниот следен настан за лансирање уреди ќе се одржи на 9 септември, под слоганот „Surprise and Shine“ (Изненадување и сјај). Surprise and shine! It’s almost time for the #AppleEvent, on Wednesday, September 9! pic.twitter.com/SLkIcNmLwP — Greg Joswiak (@gregjoz) August 26, 2026 Се очекува настанот да биде значаен, бидејќи се шпекулира дека „Apple“ ќе го претстави својот долгоочекуван преклоплив „iPhone“. Ова ќе биде и првиот настан на „Apple“ со Џон Тернус како извршен директор. Тернус треба да го преземе кормилото на технолошката компанија од Тим Кук на 1 септември. Се очекува „Apple“ да ги објави новите „iPhone 18 Pro“ и „iPhone 18 Pro Max“, но се шпекулира дека двата модели се со релативно постепени подобрувања, а не драматични нови дизајни. Извештаите сугерираат дека компанијата нема да објави стандарден „iPhone 18“ до следната година. Се очекува технолошкиот гигант да ги претстави и „Apple Watch Series 12“ и „Apple Watch Ultra“, заедно со нови паметни домашни уреди. Покрај новиот хардвер, компанијата би можела да објави и датуми за лансирање на „iOS 27“, „iPadOS 27“, „macOS Golden Gate“ и други претстојни ажурирања на софтверот. Настанот ќе се одржи во кампусот „Apple Park“ во Купертино, Калифорнија. Избор: Б92Тагови: Apple Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет475 луѓе загинаа во поплавите во Непал, над 1.500 се водат за исчезнати475 луѓе загинаа во катастрофалните поплави во Непал, над 1.500 луѓе се водат како исчезнати, соопштија непалските власти.Операциите за пребарување и спасување продолжуваат, додека екипите истовремено работат на расчистување на блокираните патишта во погодените области. Непалската армија објави дека спасила 900 луѓе од најтешко погодените области, вклучувајќи ги областите расува и нувакот. Портпаролот на армијата изјави дека сите 900 спасени лица се повредени и се на болничко лекување, но не даде детали за нивната состојба. Тој додаде дека дождот и непредвидливото време сериозно ги попречуваат спасувачките напори. „Никогаш во животот не сум видел ваква катастрофа“, рече тој. Тагови: Непал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook