Мареј по петти пат на Олимписки игри

Двократниот олимписки првак, од Лондон 2012 и Рио де Женеиро 2016, британскиот тенисер Анди Мареј ќе настапи ова лето во Париз на своите петти Олимписки игри, објави попладнево британскиот олимписки Комитет.

Мареј, кој се очекува да се збогува со професионалниот тенис по Игрите во Париз, во моментов е рангиран на 97 место на АТП листата.

Во машкиот тим на Велика Британија за олимпискиот турнир се и капитенот Иан Бејтс и тенисерите Џек Дрејпер, Камерон Нори и Ден Еванс. Кејти Болтер ќе биде единствената британска тенисерка во Париз.

За Велика Британија во машки двојки ќе играат Џо Салесбери и Нил Скупски.

Олимпискиот тениски турнир на програмата е од 27 јули до 4 август.

Хегсет: Руската инвазија врз Украина е повик за будење, 2 % трошоци за одбраната не се доволни

- Затоа американскиот претседател Доналд Трамп повика на зголемување на трошоците за одбраната ширум НАТО. Европските земји треба да увидат дека ова е итна и реална закана за континентот. Оваа агресија е повик за будење, истакна Хегсет. 

Војната во Украина и руската инвазија придонесоа за ресетирање на НАТО и не натера да сфатиме дека Алијансата мора да биде цврста, силна и реална, изјави американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет пред денешната средба на министрите за одбрана на Пактот во Брисел.

- Затоа американскиот претседател Доналд Трамп повика на зголемување на трошоците за одбраната ширум НАТО. Европските земји треба да увидат дека ова е итна и реална закана за континентот. Оваа агресија е повик за будење, истакна Хегсет.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Хегсет нагласи дека САД се активен дел од НАТО и ќе продолжат да бидат тоа, но дека кога станува збор за трошоците за одбрана два проценти од БДП повеќе не се доволни.

- Три, четири или дури пет проценти како што рече претседателот Трамп се круцијални за справување со заканите во иднина, додаде Хегст.

Според него, постои руска воена машинерија која се обидува да освои се повеќе и повеќе територија во Украина и за да се спречи тоа потребен е посилен европски одговор.

- Мојата улога како претставник на САД е да зборувам реално за текот на тој конфликт. Видовте вчера како претседателот Трамп, кој е најдобар преговарач на светот, ги доведе двете страни заедно да најдат реален мир, што на крајот сите и го сакаме, рече американскиот секретар за одбрана.

Хегсет потенцира дека целта на Трамп со вчерашните разговори со претседателите на Русија и на Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски била да се овозможи постигнување одржлив и траен мир на континентот и да запре убивањето, што е во интерес на Европа и на САД

Тој потенцира дека на денешната средба очекува искрен разговор за тоа „до каде сме и како да се постигне мир континентот“, како и да се обезбеди дека Европа ќе направи чекор напред кон зајакнување на НАТО и ставање крај на конфликтот.

Според него, светот и Европа се побезбедни тогаш кога НАТО е силен и затоа мора да се инвестира во остварување на таа цел. - Само силен НАТО ќе го одбрани слободниот свет и САД ќе ја задржат водечката улога во тоа, додаде Хегсет.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте од своја страна порача дека членките на Алијансата мора да ги зголемат одбранбените трошоци, бидејќи знаат дека не ќе може да се заштитат себе си за пет до шест години доколку не издвојуваат повеќе за одбраната.

- САД оправдано бараат од европската и канадската страна на НАТО да направи повеќе, рече Руте. Тој најави дека на средбата ќе се разговара и за зголемување на индустриското производство, затоа што, како што рече, не произведуваме доволно.

- Потребен ни е поголемо производство на нашата индустриска база, за да можеме да го држиме чекорот со Русија, Кина и останатите, додаде Руте.

Во однос на Украина, тој порача дека е потребно да се постигне мир во земјата, да се зајакне украинската позиција и да не се дозволи повторување на состојбата со договорите од Минск со кои се постигнаа неодржлив мир.

Хегсет: Европа има одговорност да ја запре „руската воена машина“

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска изјави дека одговорност на Европа е да ја запре, како што рече, „руската воена машина“.

Пред денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, Хегсет повтори дека земјите-членки на Алијансата треба да ги зголемат буџетите за одбрана на пет отсто од БДП.

Сегашната цел за одбранбените трошоци за членките на НАТО е два отсто од БДП.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на крајот на јануари изјави дека на самитот на НАТО во јуни ќе биде донесена одлука дали трошоците ќе бидат зголемени на три или пет отсто од БДП.

Утре без струја делови од општините Карпош и Гази Баба

Утре без снабдување со електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Гази Баба, информираат од РЦУК.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Будимпештанска“ и „Љубица Георгиева“ во општина Карпош.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 9:00 до 11:00 часот ќе имаат дел од корисниците од село Стајковци, место викано Попово Маало во општина Гази Баба.

Кевин Спејси повторно обвинет за сексуален напад

Американскиот глумец Кевин Спејси се соочува со уште една тужба за сексуален напад.

Имено, во Велика Британија, денеска против него е поднесена граѓанска тужба пред Високиот суд во Лондон, нешто повеќе од 18 месеци откако беше ослободен од сите обвиненија во претходното кривично судење.

Според судските документи, предмет се води и против лондонскиот театар „Олд Вик“, каде што Спејси работи како уметнички директор од 2003 година, но подобности за тужбата не се достапни.

Обвинителската адвокатска канцеларија потврди дека тужбата е поднесена.

притисни ентер