Мареј го пропушта Австралија опен

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе го пропушти првиот годинашен Грен слем турнир, Австралија опен, бидејќи не ја санира повредата на колкот.

Поранешниот прв светски играч е надвор од терените повеќе од пола година.

Иако имаше најави дека Мареј ќе се врати на официјалните мечеви токму во Мелбурн, сепак утринава стиган вест дека 30-годишниот Шкотланѓанец не е целосно закрепнат.

Тој требаше да игра и на турнирот во Бризбејн кој е во тек, но се откажа во последен момент со објаснување дека сака да биде целосно спремен за АО.
- За жал, нема да играм во Мелбурн оваа година. Уште не сум подготвен да се натпреварувам. Наскоро си заминувам дома, за да направам проценка на сите можности. Им посакувам среќа на останатите. Ќе ми недостигате, објави Енди Мареј на специјална прес-конференција.

Отвореното првенство на Австралија започнува на 15 јануари во Мелбурн.

Најмалку 10 загинати или повредени во напад во болница во Кина

Неколку лица се убиени или повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА, повикувајќи се на кинеската агенција Ксинхуа.

ДПА пренесе дека во нападот имало најмалку 10 жртви, но првично не било јасно колку се повредени, а колку загинале.

Во првичните извештаи од настанот немало информации за осомничениот сторител.

Според Ксинхуа, нападот се случил во раните попладневни часови во болница лоцирана во провинцијата Џенксионг во јужната кинеска провинција Сечуан.

На кинеската социјална мрежа Веибо, слична на X, корисниците споделуваа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

Најстудено утрово во Лазарополе

 Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе од 3 степени Целзиусови.

Следат Берово и Попова Шапка со 5 степени, 6 во Претор, 7 во Крива Паланка и Охрид, 8 Тетово, Маврови Анови, Битола, Демир Капија, 9 Скопје-Петровец, Прилеп, Гевгелија, Велес, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, Крушево, Дојран, Кавадарци и 11 степени во Виница.

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА

 Центарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама е прогласен за најдобар дебитант на годината во НБА, објавено е на официјалната веб-страница на лигата.

Дваесетгодишниот Французин во гласањето освои 495 поени. Второто место му припадна на кошаркарот на Оклахома, Чет Холмгрен со 295 поени, додека трет е членот на Шарлот, Брендон Милер со 86 поени.

Вембањама беше избран од Сан Антонио како прв пик на драфтот на НБА во 2023 година.

Во сезоната 2023/24, кошаркарот учествуваше на 71 натпревар од регуларниот дел од сезоната, со просек од 21,4 поени, 10,6 скока и 3,9 асистенции по натпревар.

Сан Антонио заврши на 14. место во Западната конференција и не успеа да се квалификува за плејофот.

притисни ентер